Корупција и Злоупотреба на Моќ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Harry the dog
  • Време на започнување Време на започнување
Интересен случај од минатата година против Татјана Димитровска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција. Овој случај е илустрација за тоа како политички моќници, квази-бизнисмени и луѓе во судството, се во иста шема за крадење на државни пари. Едните имаат улога да го искористат своето почитичко влијание да стават свои луѓе на клучни позиции во големи јавни претпријатија. Овие вториве имаат улога да местат тендери и испумпаат пари на свои сметки и сметки на луѓе блиски до овие кои ги наместиле. Има и трета група, која работи во судски и извршни органи (а е продолжена рака на партиите) која има улога да ги покрие првите две во случај на истрага (со тоа што ќе кочат истраги, дојавуваат опасност, местат предмети и тн). Од ИРЛ:

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција осомничи нови три лица во случајот „Адитив“ за набавката на хемиски препарати против згура и троска (кога службеничка од пошта доби бизнис вреден 7 милиони евра) за термоелектраните РЕК Битола и ТЕЦ Осломој. Обвинителите, информациите дека и други луѓе се поврзани со овој случај надвор од оние кои досега се обвинети ги добиле по вештачењето на мобилните телефони. Податоците покажале дека поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ комуницирал со претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Нивната комуникација открила дека Татјана Димитровска со него споделувала сензитивни информации кои не смеела да ги сподели.

„Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот Адитив и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈО ГОКК“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Татјана Димитровска во период од осум месеци од мај до декември 2024 година во два наврати го известила Стојановиќ за постапки во комисијата поврзани со него. Осомничена е за „Оддавање службена тајна“ заедно со поранешна финансиска директорка во ТЕЦ Неготино.

Тоа е периодот кога МВР и Јавното обвинителство, а по објавените стории на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), веќе почнаа да истражуваат злоупотреби и сомнежи за перење на пари во кои беше инволвиран Небојша Стојановиќ и други високи функционери кои биле на позиции во Државните електрани.

Линк: https://irl.mk/pretsedatelkata-na-dksk-shpion-na-kriminalnata-grupa-za-slucha-ot-aditiv/
 
Не е контраинтуитивно да се каже дека корупцијата (правење пари на штета на друштвото) и злоупотребата на власт се рак рана на Македонија последниве 35 години. Гроздан Цветковски има напишано една брилијантна книга Македонскиот Октопод. Теоријата е дека за една демократија да функционира, мора да има функционална поделба на власт (законодавна, извршна и судска). За разлика од демократски земји, во пост-транзициска Македонија, децата на поранешниот полу-аавторитарен систем ја ставија законодавната, извршната и судската власт под капа на ист центар. На нив им додадоа уште две власти, медиуми (четврта власт) и криминална (петта). Сите се водени од еден центар, затоа и фразата "Македонскиот Октопод" - еден центар, многу пипци.

Како финкционира? Државниот апарат се користи за правење пари на мал број на луѓе кои се на врвот на пирамидата, пресметување со политички опоненти, следење на новинари кои вршат истраги непријатни за луѓе во позиција на моќ (економска или политичка), за лично збогатување (тендери, бизниси), и креирање на систем каде ситни партиски послушници се дел од играта во замена за месечно примање или позиција во јавна администрација. Ова е наместо решавање на проблеми од друштвено значење, градење на здрав економски систем и праведна држава.

Криминалниот сегмент се користи за лично збогатување, понекогаш и пресметување со опоненти, вршење притисок. Медиумите се користат за перење на репутација, елиминирање на кредибилитет на политички опоненти, промовирање наративи што му даваат легитимитет на "нашето дете" и го штитат или му ја штитат позицијата во системот. Во случаи на криза на легитимитет, се користат за замајување на народот или одвлекување внимание од теми кои се политички непријатни за адресирање. Сите се дел од истата игра.

Мое мислење: ова е причината зошто Македонија не профункционира како држава. Ниту еден екстерен фактор, ниту една светска струја не влијаела на државата толку како хендикеп како нашите квази-олигархски или квази-политички номенклатури. Последиците се: слаба економија со високо ниво на невработеност (никој не сака да превземе бизнис ризик каде играта е наместена уште пред да почне), масовно иселување (луѓето едноставно не се гледаат како слуги или потенцијални жртви на систем кој ја користи нивната пот за лично збогатување), нестабилност, дисфункционалност во многу општествени сегменти, уназаденост во друштво со огромен потенцијал за раст.

Мислам дека корупција и злоупотреба на власт (како се владее) е број еден проблем за Македонија да движи напред. Нашите државници не го капираат до ден денес концептот држава и кои одговорности си ги носи истата со себе, и чесот ја гледаат како механизам за "обезбедување на се за моите луѓе, додека за непријателите законот". За Македонија да просперира, ова е број еден проблем кој мора државата да го адресира или друштвото. Почнува од судството и полицијата (како органи кои имаат законска должност да спречат корупција, а се под капа на истите луѓе кои треба да ги гонат) а потоа се друго (образование, законодавен дом, медиуми, култура). Мора да се менуваме на подобро, и ова е појдовна точка.

Темава е со цел да се посочува на корупицја во системот - од нас самите, до партиски ботови, па на крај и квази-феудалци на власт. Оваа тема не е за ВМРО, СДСМ, ДУИ, или било која друга партија. Ова е за клучните луѓе во сите нив, и оние кои се во државата што го делат колачот заедно (некои ги викаат длабока држава). За почеток, би постирал видео од ИРЛ за тоа како се местат судски предмети со цел луѓе влијателни (од политичка, бизнис, медиумска зфера) да не одговараат за своите дела. Оваа мини-емисија открива како системот функционира од внатре. На кратко емисијата покрива како точно висок криминал се покрива или не се гони од Јавното Обвинителство. Шемата е: се местат предмети кај свои луѓе, што потоа млитаво водат предмети наместо професионално, со цел да ослободат некој моќник од одговорност. Кога некој се противи од оние кои чесно си ја вршат работата во рамки на институциите или посочуваат корупција, ќе погледнете и со каков тип на притисоци се соочуваат (од медиумски оцрнувања, до лични закани по живот, навреди и професионални дискредитации).

За да идеме во подобра насока како држава, оваа самоуништувачка култура на корупција и властољубие мора да ја замениме со здрави механизми на државно управување. Само така можеме да движиме напред како друштво, али за тоа треба воља, посветеност и над се: муда.

Од каде потекнува оваа состојба? Како да се смени? Има ли добри примери што може да се искористат во нашиот контекст за државата да почне да се лечи од паразити и пијавици што работат на штета на друштвото?

Ovoj prviot link e unavailable. Kako e nazivot da go najdeme na YouTube?
 
Ovoj prviot link e unavailable. Kako e nazivot da go najdeme na YouTube?
Епизодата се вика: Цената на правдата на ИРЛ каналот. Од кога ја објавија (од пред некој ден) до денес, тоа видео на каналот им е мета на напади и лажни пријавувања со цел таа епизода да не се прикаже (YouTube ја трга). Изгледа на некого многу му смета оваа епизода. Во исто време, добиваат и лични закани во ИРЛ бидејќи епизодава открива точно како и кој мести предмети и штити влијателни луѓе и од политика, бизнис, квази-криминални води од сите партии. Ова е нивниот канал: https://www.youtube.com/@IRLMacedonia/videos

На кратко, темата беше за ова:

Две клучни фигури во обвинителството местат се, според објавеното: Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски. Во епизодата објаснуваат со документи, примери, сведоци, како се манипулира со селекција на предмети во обвинителството, како заплашуваат сведоци, врши притисок преку пропагандна машинерија. Изнесоа имиња, презимиња, дати.

За мене ова ИРЛ што го прави е прав патриотизам. Има доста медиумски ликови со ток шоуа што се насмеана партиска бљувотина, перална на имиџ, али момциве и девојкиве од ИРЛ покажаа доста муда и работат баш тоа што на државата и треба. Да имавме вакви луѓе и во обвинителство, во судство и во полиција, државата ќе ни изгледаше сосема различно.

Трејлерот за епизодата:

Screenshot 2026-03-15 at 16.03.37.png
 
Колку има криминал за кој ништо не се пишува ниту знае во јавност, миљарда пати повеќе од она што се знае.
Пример, агенција за администрација манипулира со огласите за работа во јавна и државна служба, заедно со одредени институции за кои тие огласи се однесуваат. Спротивно на Закон.
 
Се слагам. Интересно ми е како некој внатре од партија гледа на ова. На пример, некој што не е на функција и е симпатизер, има членска. Овде мислам на членовите на ВМРО, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН, ЛДП или кој и да бил на власт последниве 30 години.

Мислам дека многу од нив ја гледаат на партијата како завод за вработување, место каде што ќе може да се обезбедат себе и фамилијата преку работа во јавна администрација. Со други зборови, се претвараат во папагали на своето лидерство, рецитираат што им се каже, со цел да движат нагоре во партиската и административната хиерархија. Лојалност кон партијата им носи напредок во кариера, на штета на државата. Ниту национален, ниту социјал-демократски, ниту било каков државен интерес не ги интересира. Играат како што им свират, немаат свое јас, со надеж дека еден ден ќе ќарат нешто. На времето, вмровците викаа може Груевски крадеше, али градеше. Во СДС тоа го викаа може Заев краде, али не е диктатор. Во ДУИ ништо не викаат, пошто не смеат. Со други зборови, прифаќаат дека се дел од нешто што не работи во интерес на државата и општеството, али поттикнати од лична корист, прифаќаат да го градат истиот.

Уште поинтересно: како реагираат кога некој повисок функционер од нивната партија е фатен како краде нивни пари (од буџетот)? Мислам дека или се плашат и ќутат од страв, да не изгубат позиција во партиската хиерархија. Или си викаат, како не го знаев човеков од порано, ќе се обезбедев финансиски до сега. Или најјако: камо јас еден ден да можам исто мои луѓе да местам по лотарии, јавни претпријатија, државни функции.

Членството на партиите е почетната точка за да се менуваат работите. Се додека се млитави и виткаат кичма, лојални се на парите, јавните средства кои што завршуваат во буџетот ќе се конвертираат во имот во странство, сметки во Швајцарија и Кипар, вили на име на тетки, стрини, балдзи, и јавни функционери со 1000 евра плата ќе станат милионери и успешни бизнисмени после неколку години работа на јавна функција.
 
Се слагам. Интересно ми е како некој внатре од партија гледа на ова. На пример, некој што не е на функција и е симпатизер, има членска. Овде мислам на членовите на ВМРО, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН, ЛДП или кој и да бил на власт последниве 30 години.

Мислам дека многу од нив ја гледаат на партијата како завод за вработување, место каде што ќе може да се обезбедат себе и фамилијата преку работа во јавна администрација. Со други зборови, се претвараат во папагали на своето лидерство, рецитираат што им се каже, со цел да движат нагоре во партиската и административната хиерархија. Лојалност кон партијата им носи напредок во кариера, на штета на државата. Ниту национален, ниту социјал-демократски, ниту било каков државен интерес не ги интересира.
Зависи на кој мислиш точно :) али можам да ти кажам од моето анонимно форумашко искуство што дефинитивно не е поткрепено со ништо валидно :P

Од тие едно 50% најмалце ти се луѓе in the range од тотални ретарди што појма немаат што се дешава (значи слепи партиски послушници) до луѓе во незавидна економска состојба што за едно "вработување у администрација со 400 евра плата" ќе проголтаат све и свашта (значи од достоинство до принципи до кур ... буквално). И тие јебига се борат за гол живот така да и не се нешто многу за осудување :) али ја влечат работата кон пропаст. И нормално огромното мнозинство од овие не смеат да писнат.

После имаш едно 20-30% ситни до средни риби што лапаат од медот со правење на комбинации, дали до повисоко работно место (шеф, директор, раководител ... сеедно) или лапање ситни до средни наместени тендерчиња у било каков вид (имам фирма за молерисување па преку партија ќе ми го наместат тендерот за фарбање на општинската зграда ... you get the point :)). И овие у принцип се мешана екипа од die hard пациенти лојалисти до ликови што после втора ракија отворено ти кажуваат дека е уствари се ова шоу.

И го имаш остатокот 10тина % мање више што се озбилни ама оооозбилни играчи таму ... а под озбилни играчи мислам на озбилни криминалци :) е тука е више ситуацијата кристално јасна дека целиот тој "патриотизам, мафтање со знамиња, цркви, крстови, вергини ... курчеви карики" е само една обична фарса и циркус али овој слој е толку многу влезен у длабокото :) if you know what i mean што нема враќање назад и мора глумење да не падне завесата да не се види ќенефот позади неа. И тоа значи дека секој збор против погрешниот човек може да има сериозни последици.
 
Последно уредено:
Епизодата се вика: Цената на правдата на ИРЛ каналот. Од кога ја објавија (од пред некој ден) до денес, тоа видео на каналот им е мета на напади и лажни пријавувања со цел таа епизода да не се прикаже (YouTube ја трга). Изгледа на некого многу му смета оваа епизода. Во исто време, добиваат и лични закани во ИРЛ бидејќи епизодава открива точно како и кој мести предмети и штити влијателни луѓе и од политика, бизнис, квази-криминални води од сите партии. Ова е нивниот канал: https://www.youtube.com/@IRLMacedonia/videos

На кратко, темата беше за ова:

Две клучни фигури во обвинителството местат се, според објавеното: Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски. Во епизодата објаснуваат со документи, примери, сведоци, како се манипулира со селекција на предмети во обвинителството, како заплашуваат сведоци, врши притисок преку пропагандна машинерија. Изнесоа имиња, презимиња, дати.

За мене ова ИРЛ што го прави е прав патриотизам. Има доста медиумски ликови со ток шоуа што се насмеана партиска бљувотина, перална на имиџ, али момциве и девојкиве од ИРЛ покажаа доста муда и работат баш тоа што на државата и треба. Да имавме вакви луѓе и во обвинителство, во судство и во полиција, државата ќе ни изгледаше сосема различно.

Трејлерот за епизодата:

Прегледај го приврзокот 472230

убаво што им работиш реклама на ИРЛ, дури и цела тема отвори, за на крај да дојдеш до откровението дека се прави патриоти, ама сепак да причекаме било каква сторија од нив за браќа Заеви, Шекеринска или било кој комуњар .
Нема да дочекаме.
 
Овие му отворија случајот на Жан Митрев за комуњарите му ја купат болницата за ефтини пари :kafence:
 
убаво што им работиш реклама на ИРЛ, дури и цела тема отвори, за на крај да дојдеш до откровението дека се прави патриоти, ама сепак да причекаме било каква сторија од нив за браќа Заеви, Шекеринска или било кој комуњар .
Нема да дочекаме.
А и оваа епизода која му е пример за прав патриотизам на дотичниот е чисто обработување за СЈО кланот во обвинителството на сметка на нападнатиот во емисијата. Нималку спорно не им е на пример што ќерката на Коцевски си изнесувала доверливи документи од суд за да ги дава на новинари. Кој го следи судењето за емисијата со Жан Митрев знае каков дебакл им се дешава и на соочувањето со аргументи на ИРЛ-овците. На пример сите луѓе кои во емисијата излегоа со став маж ми, татко ми, син ми починаа ради болницата си ги повлекоа изјавите со став дека им била искористена болката за да ги наведат на тоа што го зборат во емисијата.
 
Кој е тој СЈО клан ?
 
убаво што им работиш реклама на ИРЛ, дури и цела тема отвори, за на крај да дојдеш до откровението дека се прави патриоти, ама сепак да причекаме било каква сторија од нив за браќа Заеви, Шекеринска или било кој комуњар .
Нема да дочекаме.
Нема ништо лошо во тоа да се направи реклама на ИРЛ, за разлика од партииве, како новинари вршат доста корисна работа. Темава е општо за корупција и злоупотреба на моќ, ИРЛ во моментов се најактивни на тоа поле - немаат многу содржини снимено (ретко постираат) така да за брзо ќе објавувам и други статии, не е фрка. Тука исто можеш и да постираш други извори, не е проблем - темата е Корупција и Злоупотреба на Моќ (кај сите партии).

На коментарот дека ИРЛ не покриваат комуњари, тоа не е точно:

1. Ковачевски крши Закон за антикорупција, Изборен законик и Кодекс на Влада кои забрануваат политичко рекламирање надвор од пропишани законски норми.

2. Убиство во Тетово (Модуларна Болница) - Улогата на Венко Филипче и Кочо Анѓушев

3. Дивоградби на Серава - Кој ги гради и зошто никој не ги руши?

Има и други. Исто така имаат интервјуа и со членови на двете партии (Муцунски, Шекеринска, УМС, СДММ) не е дека ги сатанизираат сите во партииве, но тоа не значи дека не им ги чешлаат редовите (што им е новинарска должност). За разлика од некои партиски ботови и мегафони, они сепак се едни од ретките (во овој момент) што се занимаваат со ваков тип на истражувачко новинарство.

Еве @kukuzel и @курајбер - за вас кој е добар извор новинарски за корупција во ВМРО и СДСМ? Исто така, ако сте внатре во партиите, како вие реагирате во корупција во повисоките редови?
 
Друже, нели гледаш се собрале проста маса, си нашол со кој ќе се објаснуваш :)

Иначе, СЈО е формирано со согласност и потпис на Никола Груевски (меѓу другото). Така да ДПМНЕ се коосновачи на "Кланот СЈО". Али тоа да се сфати е тежок степен за совладување.
 
Последно уредено:
Еве @kukuzel и @курајбер - за вас кој е добар извор новинарски за корупција во ВМРО и СДСМ? Исто така, ако сте внатре во партиите, како вие реагирате во корупција во повисоките редови?
Подеднакво да ги напаѓаат двете партии? Нема такви. Според мене сите си имаат свој табор и квалитетот на нивните "истражувања" е во зависност од тоа со кој ешалон на џандари се знаат, од каде што најчесто ги добиваат информациите. Или ете како во последнава сторија на ИРЛ каде Фатиме и Ленче им припремиле се што овие треба да зборат во емисијата.
 
Ѕвони му тогаш на Груевски да му се пожалиш дека со негов амин се формираше СЈО кланот.
 
... во секое државно средно медицинско училиште низ МКД, други со завршено било кое средно образование, можеа да ги доположат стручните испити и за неполна година како вонредно завршен медицински среден кадар од областа на гинекологија, лабораторија, физиотерапија, фармација и стоматологија како техничари, сестри (среден кадар) си добиваа право да си работат во здравствени установи како здравствен работник, тоа важеше до 2020 година, па се прекина со можност за вонредно средно медицинско образование.

... тоа само онака на збор, но реалноста е поинаква, се уште си „работи“ давање дипломи за завршено медицинско средно образование (вонредно), со последниот датум и година, (слично како што се правело со дивоградби за легализација со запазување на датум дури важел законот) наместени и фалс дипломи и тоа само на деца(роднини) од политичари, ВИП личности или било кој со добар финасиски поткуп, дали вооошто некој направил контрола низ училишните документи, ма јок и тоа што е трагично не матуранти кои сакаат да имаат дополнително друга професија, па ете вонредно ќе запишеле на медицинско, туку како вонредно завршуваат медицинско средно образование особи кои имаат возраст до 40 и некоја година, е токму тие се некои и вработени како хигиеничари или како болничари или администрација,, за една година ќе биднат медицински сестри, па ќе доидат воредно уште две години за виша медицинска сестра и оди во болница како пациент да ти дадат терапија во вена!

... тоа е најопасно мито и најлоша корупција, опасно по здравје, која функционира за ВИП личности до денес во позадина задржувајќи ги датумот и годината на последната година кога била вонредна можноста за полагање и добивање диплома за медицинска сестра!
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom