- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 4.881
- Поени од реакции
- 13.082
Убаво е да има жар и умерени пецкања пред вечерaшното дерби, ама се отиде во претеризам и од наша страна и на дел од шурите со дијагноза. И едните и другите се расфрлаат со нереални изјави, типа ние лагано ќе победиме вечерва и не знам колку сме појаки, и од друга страна дека виорот пелистер ќе не одува и дека допрва ќе видиме што ни се спрема што нема врска ни едното ни другото. Еве вака едно реално мислење за вечер. Шурите се во предност денес, пред се најмногу заради домашниот терен и притисокO, како и искуството кое го имаат повеќе на своја страна. Ја имам две желби за вечерва, а тоа се да имаме расположен голман и крвава одбрана, и да имаме минимален број технички грешки и избрзани шутеви (пред се од Митро). Мислам дека ако ги исполниме овие два услова ќе биде добро. Мислам дека шансите за победа се 70:30 на нивна страна, што не значи дека не можеме да одиграме тоа што треба и да ги свртиме на наша страна. Гледано од неутрална страна судиите итекако може да одиграат улога на терен пред се своето незнаење и неискуство можат тотално да ги отсечат двете екипи да го дадат тоа што можат. Ќе видиме како ќе се снајдат, јас лично не сум оптимист, гледајќи го нивното судерње до сега. Треба да играме стрпливо и разноврсно во напад и да ја користиме шансата која ќе ни ја дадат. Не смееме да влеземе во избрзани и неизградени шутеви. Исто така, секоја прилика која ќе ја имаме за контра и полуконтра треба да ја користиме бидејќи они се тим кој можеме да го наттрчаме и да постигнеме лесно голови, а тоа секако ќе го направиме ако играме добро во одбрана. Полесно е да се каже него да се направи, но мора да оди Чипиќ со некоја стратегија како да го запре Кузмановски. Мора да имаме резервен план доколку биде запрен Јака, бидејќи секогаш паѓаме во играта кога ќе биде затворен и тука тимовите ни прават разлика. Не смееме да имаме такви периоди бидејќи баш тука ќе отиде возот. Ќе видиме, се ќе зависи од моментот, и каков говор на тело ќе имаме во пеколот наречен Ледената дворана ака „паркетот се крена“. И да изгубиме не е крај на светот, мора да останеме со ладна глава и да го одработиме остатокот од сезоната на најдобар можен начин,
