Не се преправаме дека е нормална работа. Јас од старт на темава пишувам дека ова апсолутно не се инстинкти на здрава личност, која живее во здрава средина. Ниту пак некаде сум рекла дека убиство на дете е “нормален понеделник”. Напротив, ова е трагедија од најголем степен и само се обидувам да замислам што се треба да му се случи на еден мајчин мозок за да се доведе до таа точка.
Мене воопшто не ме интересира делот за невереството, ниту пак ме интересира динамиката на нивниот брак. Тоа што го коментирам е дека ликот бил докажан насилник и криминалец, кој што секојдневно се изживувал врз жена му и девојчето. И факт е дека, да си завршеа работата институциите навреме, денес мајката и детето ќе беа живи. Се друго е само очаен обид да се оправда неоправдливото.
Траумата не е карактерна особина, туку дијагноза. Мислам прашањето што ми го поставуваш е еквивалент на ова: “Дали пациентит ќе преживеел ако не го пукале во гради?” Можеби ќе умрел од нешто друго по 20 години, ама куршумот што го убил сега е тој.
Не можам да гарантирам за среќен крај, но сум сигурна дека насилството е директен причинител за нејзината емотивна деструкција. И со тоа шансата за нормален живот, развод, мајчинство, лекување и е целосно одземена.
Луѓе вие не ја разбирате психологијата на некој што е жртва на некава форма на насилство. Жртвата не ја повлекува пријавата затоа што се премислува или лаже, туку заради тоа што откако ќе си замине полицијата она пак останува со насилникот, а казната за нејзиното предавство ќе биде уште пострашна. Тоа е одбранбен механизам за преживување и е основата на патологијата на насилството.
Тоа што таа негирала не ја амнестира полицијата. Напротив, тоа требало да биде црвен аларм дека жената е под екстремен притисок и страв. Полицијата потфрлила затоа што дозволила жртвата да ја носи одлуката за сопствената безбедност, наместо тие да ја преземат одговорноста што им ја дава законот. Ако има пријава од соседи, ако има историја на насилство и ако насилникот е ризичен профил како во случајов дилер и криминалец, полицијата е должна по службена должност да покрене постапка и да изрече итни мерки за заштита, без разлика дали таа вели се е во ред. Професионалец знае дека жртвата ќе негира од страв, и токму затоа законот му дава моќ на полицаецот да дејствува наместо неа.