Проблемот е во тоа што бидејќи сме мала држава и по територија и по број на жители, на македонските ѓубриња од луѓе наречени политичари секој пат им успеваат повиците за помош од надвор кога треба да се евакуираат луѓе од кризни подрачја или да се гасат пожари низ Македонија во лето.
Токму бидејќи секогаш им успеваат повиците, им станува навика да бараат помош од надвор наместо да набават нови авиони и нови возила за Брза помош и за гасење пожари.
Што е поевтино и уште поважно - политички поисплатливо: набавување на нови лимузини за ѓубрињата од луѓе наречени политичари кои ќе бидат возени од страна на лојални партиски паразити, или набавување на нови возила за Брза помош, за гасење на пожари, кои вообичаено ги возат луѓе кои треба да бидат подготвени за возење во кризни подрачја доколку станува збор за пожарникарско возило или да возат брзо и внимателно доколку станува збор за возило за Брза помош ?
Меѓу партиските паразити многу ретко - ако воопшто некогаш - се наоѓа по некој со здрав ум и разум кој се вработил со партиска книшка, а сака да си ја заработи платата. Речиси никој од нив не би прифатил да ризикува сопствен живот со пожарникарско возило во опожарено место, или да превезува личност на која итно и` треба лекарска помош, а може во меѓувреме да почине во возилото, не секој е подготвен за такво искуство.
А тек па авиони за гасење на пожари или за евакуирање на цивилно население од кризни подрачја ?
Пилот може да стане партиски паразит, но партиски паразит не може да се стекне пилотска дозвола само бидејќи е партиски паразит. Може да лажира испит, како што откривме деновиве за пилот на хеликотер на МВР, но кога ќе му/и` се случат еден, два, три инциденти или било какви сопки со кои нема да знае како да се соочи и како да изреагира на истите, никој нема да го/ја вработи како пилот, бидејќи лесно се откриваат лицата кои се пилоти само на хартија, но не и во пракса.
Затоа во оваа кризна ситуација на блискиот исток, исто како и во други слични ситуации во минатото, други ќе ги спасуваат и евакуираат македонските државјани од кризни подрачја, и за жал исто како и порано, ѓубрињата од луѓе наречени политичари нема да сносат никаква одговорност бидејќи ја имаат доведено македонската држава до ова дереџе.