- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.578
- Поени од реакции
- 13.560
А кај виде да реков да аплаудираме? М? Јас кажувам за гејмчејнџери...
Тука во комшии има бегалка од Украина. Украинка, татко Украинец, мајка Русинка....Русите им ја разрушија куќата со бомба, татко и остана без една нога, а мајка и почина. Тука има тетка и во моментов кај неа седат. И сега таа треба да им се клања на Русите?
Значи веќе кога сте толку загрижени за Палестинци, Иранци, зошто не сте и за Украинците? Тоа не ли се двојни аршини?
Среќа во несреќа е тоа што Украинката и нејзиното семејство успеале да најдат засолниште, за разлика од Палестинците кои се жртви на геноцид и Иранците кои се жртви на бомбардирање со цел сведување на Иран на марионетска држава на САД и Израел во корист на ширење на политичкото и военото влијание на Израел и САД низ Персискиот Залив.
Русија не планираше војна во Украина, туку единствено бараше неутрална Украина и почитување на договорите од Минск. И беше подготвен нацрт договор за украинска неутралност во Истанбул во април 2022, но Велика Британија и САД експресно го саботираа договорот и одлучија дека во нивна корист - секако не во корист на Украина - е да има крвопролевање.
Од друга страна Иран во 2015 година потпиша меѓународен договор со посредништво на САД со кој прифати безбројни инспекции на неговите нуклеарни постојки и секакви правила и регулативи од страна на Меѓународната Агенција за атомска енергија - МААЕ, во замена за укинување на санкциите против Иран и стабилизирање на односите на Иран со САД.
Договорот беше ратификуван и изгласан во американскиот Конгрес, но доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД во јануари 2017 со себеси донесе еднострано повлекување на САД од постигнатиот меѓународен договор.
Проблемот не е ниту во Палестинците, ниту во Украинците, ниту во Иранците, туку во тие кои активно работат на геноцид на првите, и на внатрешни поделби и експлоатација на вторите и третите.
Ако некој применува двојни аршини тоа се европејците кои активно ја поддржуваат нео-нацистичката хунта во Киев, а истовремено ја поддржуваат американската воена агресија против Иран и се разбира геноцидот кој Израел го извршува врз Палестинците.
Не им смета киднапирање на туѓ претседател, не им сметаат заканите за понатамошни киднапирања на туѓи претседатели и најави за идни државни удари низ Латинска Америка и Карибите, не им смета геноцид на блискиот исток и воена агресија врз држава која не претставува никаква воена или безбедносна закана ниту за Европа, ниту за северна Америка, единствено им смета кога трампавиот дибек отворено и јавно изјавува дека планира да го завземе Гренланд бидејќи морал да биде територија под контрола и сопственост на САД поради безбедносни причини.




