Нека стои тука, пред година дена најубаво видео, сега најтажно.
Малото девојче кое денес замина од нашиот свет....со нејзината мајка... Министерства, центри, полиција – вие ги убивте со вашата неработа и корупција. Додека вие земате плати, деца умираат. Срам да...
www.facebook.com
Воопшто не е лесно било каква одлука да се донесе во такви ситуации, но ако некоја жена/девојка чита што се наоѓа во таква ситуација: Одберете било што друго освен самоубиство, ако можете избегајте од државата што подалеку, ако не подобро убијте го гадот, секое решение е подобро од самоубиство, буквално СЕКОЕ.
А ние уште еднаш потфрливме како општество. Едно големо браво за сите оние полицајци кои ја игнорирале жената, за сите комшии кои слушале ова и само рекле “овој пак ја тепа“ и не превземале ништо бидејќи нели “гледај си во својот двор“. Сите тие луѓе колективно ќе глумат потресени наредните 2-3 дена на работа дека ги знаеле, дека ги гледале секој ден, ќе ги знаат сите информации и ќе не можат да доловат колку им е жал, но за се ќе е касно, бидејќи едно мало 10 годишно девојче и една мајка веќе ги нема. А знаете што е единствено потажно од ова? Фактот дека нема ова да е последен случај и дека нема ништо да се смени после ова, семејното насилство ќе продолжи, апатијата ќе продолжи, неработењето кај полицијата ќе продолжи, законите ќе продолжат да ги штитат насилниците, до некоја наредна трагедија, бидејќи само за тоа сме способни очигледно.