Се дур некој може да натовари бесконечен број на станови, тешко на тие што сме следни генерации за оформување фамилии (<30). Не е само цената, и понудата е тапа, а и барањето на стан ти е како втора работа покрај основната - конкретно за во Скопје.
Некој ќе каже имаш подалечни населби каде е поевтино, е да имаш ама инфраструктурата е за никаде. Сум спомнувал на истава тема за Србија јавен превоз во Белград е бесплатен и општини на 50 - 80 км (а верувам и подалеку) имаат јавен превоз кој за тие 60 км пристига за некој час и 10 - 20 мин и има доволен број на линии. Во Скопје, од Илинден до Транспортен му треба истото време за три пати пократка дистанца. Автобус од Велес побрзо ќе стигне до Транспортен.
Не ми е поентата да се жалам, тие се правилата на игра, меѓутоа факт е дека се неправедни во смисла на се прави бизнис а не решавање на потреба за домување.
Замислете просечен млад човек кој живее со своите во Скопје и млад човек кој е принуден да биде под ќирија, нека и двајцата почнуваат од 0 и исто заработуваат. Ако едниот може да заштеди 200 евра (со живеење мизерен живот, под ќирија), другиот може да заштеди 400 евра (со живеење мизерен живот, со своите, нема ќирија).
Ако се потребни 10000 евра учество за три - пет години од сега, едниот ќе ги собере за 50 месеци, вториот за 25. Вториот кога ќе го купи станот пак не се сели од своите дома и го издава, додека првиот логично ќе се пресели па ќе заштеди уплаќање ќирија.
Многу веројатно во тие 25 месеци цените уште малку да пораснат, па и ќириите. Ама ете да го игнорираме тој факт нека биде се рамно (плата, покачување, реновирање). Така, во тие 25 месеци првиот почнува од 5000 со 200 за првиот стан, а вториот од 0 со сигурни 200 (и повеќе затоа што ќе го исплаќа првиот стан долгорочно + од ќирија веќе го покрива делот за рата).
Овде се исклучени разни криминалци, за нив пак уште полесно е, примеров е за луѓе што почнале од 0, замисли луѓе што веќе купиле 4-5 станови и веќе приходот им доаѓа од таму, ти како млад човек кога ќе собереш за учество за еден, тие веќе може да земат уште 3 нови.
Пак ќе кажам, не очекувам никакви бенефиции, меѓутоа домувањето за следните генерации ќе станува се поневозможно, бидејќи системот овозможува луѓето со висок посед константно да го зголемуваат својот посед, со што драстично се намалува квалитетната понуда. Исто како купување убав интернет домен (под 7 букви), тие што биле први (генерациите пред нас), успеале да накупат се што чини како стан (од аспект на локација), и сега само ќе ја пумпат цената, бидејќи нема високи трошоци за држење посед кој не е потребен - станот се држи како инвестиција.