ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Од 52мил патници во 2015 до 22мил патници во 2025.
Нови автобуси нема да го решат проблемот очигледно. А ни нови линии, и редовност.
Народот се научи на кола, потребни се други мерки да ги тргнеш од улиците и да ги пикнеш во автобус.

Кај младите си приметува тоа, за нив срамота е да се возиш во автобус. Што ќе кажат другите, види го во автобус се вози.
Наполни ли 18 му даваат кола и почнува со кола да иде во школо.
Да знаеш дека е така за младите.
Дур немавме возачки се крцавме у бус. Сеа доеднаш стана срамота. А вози и ќоро и сакато. Не се ни точак да им даеш.
Ама битно у бус било срамота.
А зашо им е? Пошо се искршени, прљави? Од нас си е тоа. А да не зборам шо не ги чистат и сервисираат.
У Европа и Америка, кола и пари за одржавање имаат господа. Пошо не секој може да вози по саат време у правец и да го издржи тоа финансиски. Сите си користат јавен превоз. Чист све.
У Германија иам спиено во воз, и Италија имам спиено на клупа буквално.
У Венеција на земја јадевме пошо нема клупа за лек.
Пречисто е сегде. Само ние имаме сѐ изнгасено, и после им е гнасно.
Автоматски споено мислење:

Па уште за авион немаш дозвола според ова.
Браво искрено.
 
Од 52мил патници во 2015 до 22мил патници во 2025.
Нови автобуси нема да го решат проблемот очигледно. А ни нови линии, и редовност.
Народот се научи на кола, потребни се други мерки да ги тргнеш од улиците и да ги пикнеш во автобус.

Кај младите си приметува тоа, за нив срамота е да се возиш во автобус. Што ќе кажат другите, види го во автобус се вози.
Наполни ли 18 му даваат кола и почнува со кола да иде во школо.
Дефинитивно нови автобуси нема ништо да сменат,со оглед на тоа што пак ќе бидат некое турско/српско/кинеско срање ќе се расипат за година две и пак ќе се вратиме во ваква ситуација,а морониве се залетани да го реализираат брт срањето на шилегов :facepalm:

Луѓето сакаат прогрес,посебно со секое менување на владеачки гарнитури,не може ти 30 години јавен превоз да ти биде само автобус,баш пред 2 недели група средношколци појдоа покрај мене и правеа муабет за некое метро,колку било јако внатре колку било филм,тоа сакаат младите да се во чекор со светот,нека се изгради метро во Скопје ќе видиш дали нема да се возат
 
Јасно ми е мене и треба да се почне од нови автобуси, линии. Ама се сметам дека мора уште нешто. Нема да се тргне народот од својата кола. Попрво ќе врти пола саат со кола за да најде место за паркинг него ли да се качи во авгобус.
Тоа уште нешто е главното.....
На пример, автобусот е машина а не биолошки организам кој старее и умира, така да со правилно и навремено чистење, одржување и сервисирање животниот век може да му е мноооогу долг, единствено ограничување е финансирањето. Од тоа што го гледаме на улиците очигледно е дека во јавното претпријатие владее башибузлуг и јавашлук кон работата, сите зинале само за плати а за работење... јок. Значи староста и не е најбитен проблем.
Друг проблем е редовноста и точноста кои тешко се постигнуваат со огледа на закрчените улици и сообраќајната култура, во моментов во Скопје се вози како што порано викавме во Истанбул или возиш ко турчин.

Летно време смрдело и не се дишело внатре во автобусите, нормално, поише се потиме па по некој случај и климите да работат во автобусите однадвор влегуеме жива вода испотени а потта во комбинација со енормно нанесени дезодоранси и парфеми дава хорор амбиент. Имам летно време влезено во јавен превоз и во Солун и Софија.... иста прилика и слика ко кај нас само што кај јужните бзди, корне и се препорачува гвоена гас маска да се употребува.

Тоа со воведување на дневни карти со неограничен број возења е добра идеја и добра стимулација за употреба на јавен превоз ... но кај нас не се исплатува ни месечен билет да купиш. Ејјјј 250 денари бараат за сликање небаре лична карта вадиш...нек идат упм.
Автоматски споено мислење:

Њу Јорк

Москва

Пјонјанг... Северна Кореја

Последно уредено:
Кој број на автобус оди до Кањон Матка од Транспортен центар Скопје и во кое време тргнува и се враќа?
 
Дефинитивно нови автобуси нема ништо да сменат,со оглед на тоа што пак ќе бидат некое турско/српско/кинеско срање ќе се расипат за година две и пак ќе се вратиме во ваква ситуација,а морониве се залетани да го реализираат брт срањето на шилегов :facepalm:

Луѓето сакаат прогрес,посебно со секое менување на владеачки гарнитури,не може ти 30 години јавен превоз да ти биде само автобус,баш пред 2 недели група средношколци појдоа покрај мене и правеа муабет за некое метро,колку било јако внатре колку било филм,тоа сакаат младите да се во чекор со светот,нека се изгради метро во Скопје ќе видиш дали нема да се возат
Неможе во Скопје да се изгради метро на времето кога градоначалник беше Трифун Костовски имаше изработено елаборат и каде е утврдено дека има премногу подземни води
Кинеските автобуси Јутонг тој што се разбира во тоа таа е втора по големина и квалитет на изработка на автобуси ,но поради тоа што тие беа купени во времето на Груевски систематски беа намерно уништени не се купуваа резервни делови инаку треба малку повеќе да се одржуваат тоа и не е толку тешко и да се зачистат но ете јавно претпијатие и никој не води грижа за тоа
Инаку не треба да се сликаш за да имаш месечен билет со симнување на апликацијата на ЈСП можеш да си купиш месечен билет и да си се возиш без никаков проблем апликацијата е бесплатна единствено треба твојот телефон да има опција за NFC ,секако и билет за 10 возења и сл.
 
...

Кога банкарскиот мудрец беше градоначалник на Скопје од 2005 до 2009 беше направена студија за изградба на трамвај, а не на подземна железница, односно метро.

Но дури и ако геолошкиот состав на тлото оневозможува изградба на метро, сепак може да се изгради надземна издигната железница за јавен градски транспорт.

Ама тоа би требало да биде во интерес на жителите, а интересите на жителите ако не никогаш тогаш речиси никогаш не се совпаѓаат со интересите на ѓубрињата од луѓе наречени политичари.
 
Пред некоја недела а можеби и месец самиот тој кажа дека вршел испитувања за метро,доколку има место за шини за транвај тогаш ке има место и за уште две ленти каде би се движел само ЈСП автобуси но реално нема во најголемиот дел од градот а и реално Скопје и не е толку голем град за да има мрежа за метро еве Партизанска да ја земеме на секои 300 до 400 метри има автобуска постројка само што тргнало метрот треба да застане
 
Неможе во Скопје да се изгради метро на времето кога градоначалник беше Трифун Костовски имаше изработено елаборат и каде е утврдено дека има премногу подземни води
Кинеските автобуси Јутонг тој што се разбира во тоа таа е втора по големина и квалитет на изработка на автобуси ,но поради тоа што тие беа купени во времето на Груевски систематски беа намерно уништени не се купуваа резервни делови инаку треба малку повеќе да се одржуваат тоа и не е толку тешко и да се зачистат но ете јавно претпијатие и никој не води грижа за тоа
Инаку не треба да се сликаш за да имаш месечен билет со симнување на апликацијата на ЈСП можеш да си купиш месечен билет и да си се возиш без никаков проблем апликацијата е бесплатна единствено треба твојот телефон да има опција за NFC ,секако и билет за 10 возења и сл.
Пред некоја недела а можеби и месец самиот тој кажа дека вршел испитувања за метро,доколку има место за шини за транвај тогаш ке има место и за уште две ленти каде би се движел само ЈСП автобуси но реално нема во најголемиот дел од градот а и реално Скопје и не е толку голем град за да има мрежа за метро еве Партизанска да ја земеме на секои 300 до 400 метри има автобуска постројка само што тргнало метрот треба да застане
Ти нема врска муабетот искрено,нити биле правени истражувања за метро во Скопје нити некој се заложил за таа идеја да се изгради,еве пред локалните и орце и таа од сдс ко папагали во еден глас повторуваа "скапо било".
Метро во Солун изградија што е на море ама овде имало многу подземни води,па Скопје бил мал град немало потреба,абе ајде од тие релативизирачки приказни ми е смачено 35 години,само изговори и ништо повеќе.
 
Под Ламанш направија тунел ама ние "неспособни" и шахта да израмниме, улица да нивелираме. Швецка и Данцка мост си направија меѓу државите, овде подрумите ни се полнат со вода.
Ене патот накај Теферич, за пола година испукал, пак го праат. Пола пари ќе ги украдат па ќе испогинат луѓе.
Па не ташна, зграда со тие пари ќе купат.
 
Ти нема врска муабетот искрено,нити биле правени истражувања за метро во Скопје нити некој се заложил за таа идеја да се изгради,еве пред локалните и орце и таа од сдс ко папагали во еден глас повторуваа "скапо било".
Метро во Солун изградија што е на море ама овде имало многу подземни води,па Скопје бил мал град немало потреба,абе ајде од тие релативизирачки приказни ми е смачено 35 години,само изговори и ништо повеќе.
Ќе го пронајдам линкот и ќе го постирам,дали воопшто некогаш си се возел со Метро ? Еве просто а го зеам како пример автобуските постројки од Желеничка до Скопјанка само што тргнало метрото треба да застане или според твоето нема да застанува на сите автобуски постројки ? Метрото за Скопје е мисловна именка од аспект на финансии, тотален хаос со подземниот катастер, ниско ниво на подземните води и немањето рентабилност во однос на бројот на население. Истата започнува со жителство кое брои повеќе од 1.200.000, додека Скопје е далеку од тоа. Итноста на ситуацијата воедно не дозволува ваков мега проект кој би се изведувал во наши услови веројатно со децении. https://marh.mk/brziot-avtobuski-prevoz/
 
У Германија иам спиено во воз, и Италија имам спиено на клупа буквално.
У Венеција на земја јадевме пошо нема клупа за лек.
Пречисто е сегде. Само ние имаме сѐ изнгасено, и после им е гнасно.
Друже Тито ти ли си ?
 
Скопје е само за автобуски јавен превоз, ни тролејбус, ни трамвај не се за него, метро е SF, инвестицијата ни за 1000 години нема да се врати.
Тролејбус и трамвај... интересно како ќе ги пројдат многуте кружни текови, а и надземната кабелскаа инфраструктура за ТВ и интернет треба комплет да се дислоцира...
Така да опцијата за „смрдливи“ автобуси е неизбежна.

Можда, можда некоја друга опција само по некој евентуален нов катастрофа земјотрес и се од корен наново. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom