Сејф Сити (Safe City)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
А фирмите како ќе функционираат?
Па не е океј камионите у најголемиот шпиц да возат човече. На запад за тоа постојат периферни патишта и обиколници, а низ град возат комбиња или некои помали камиончиња.
 
Океј, ама и тоа се решава со држење растојание, а не со летање за да го претекнеш. Секогаш ќе има некаков изговор за да возиме каубојски. Казната е единствениот начин нашите возачи да се научат на ред за жал.
Тоа автоматски значи успорување и гужви
Инаку еве и јас сум од тие што кочи кога ке почне да трепка семафорот иако знам дека можам да поминам некогаш ама страв лозје чува
 
Па не е океј камионите у најголемиот шпиц да возат човече. На запад за тоа постојат периферни патишта и обиколници, а низ град возат комбиња или некои помали камиончиња.
Камионите се движат низ Скопје, кој каква работа и да има. Не може економијата да си ја уништиме за да нема гужви низ град...мора позитивни мерки да се носат. Не вака, селективно на кој како му одговара.
 
Можеби моделот „Безбеден град„ да се покажал како правилно одбран, ама во градови во кои сите видови сообраќај се правилно уредени и сообраќајните прописи се почитуваат и без казни, ама денот да ми помине во стресови затоа што некоја камера ќе ме „фати„ и ќе „попијам„ казна за ненамерен или изнуден прекршок...немам такви нерви, иако не возам.

За мене е доволно што на секој семафор во Центар треба да чекам по 3 пати па ми страда нервниот систем од безвезно денгубење во чекање во градските автобуси...
 
абе добро е што успорија 99% од возачите. Посигурно е дефинитивно само што се троши повеќе гориво, се троши.
Ок е ама ако важи за секого во што не сум убеден. Има коли паркираат кај сакаат. Има коли и мотори сеуште летаат ко Фанџо. Ретки се ама ги има.
Или можеби GTA, Need for speed и сл. меѓу другото и Скопје е два пати поголем од тогаш и се доселија и качаци од кај не....и да не заборавиме, со слушалки на уши и поглед у телефон се поминува улица. Све кога ќе собереш резултатот е овој, ќе мора да страдаат сите заради нашата неписменост.
Податоците се за цела Македонија.
 
Последно уредено:
Податоците се за цела Македонија.
Од цела Македонија Скопје е 80% претпоставувам така да може да заокружиме дека е Скопје.
 
Села е најголем гласноговорник во однос на камерите во Чаир, да сум власт, по секоја негова јавна реакција против овој проект, во Чаир ќе беше поставена уште една камера. Ако не се научат на прописност и сообраќајна култура, а нема, ќе го полнат буџетот.
 
Ова е многу добро за сообраќајот и сообраќајната некултура, пред две недели бев во мк и возев и во Скопје разликата од порано е огромна, значи лекот бил само казни затоа што се нема никаква сообраќајна култура трпение и општествената одговорност, низ цела Европа сум возел и никаде освен на Балканот а особено во Македонија нема полоши поарогантни и глупи возачи.
 
Kako so trgna, na tamu odi rabotata :cautious:
Ete ke trgnam od mene :D
Абе остај они се скопјани ти не знаеш како е секој ден да се возело кола.
Ете на некој таму нервниот систем му страдал.
:kafence:
 
Абе ја секој ден сум по гужви, ти кажувам од искуство како е. Еднаш кажав, ОК е, ако се намалат убиствата ќе прежалиме некако. Само мотивот од све ова не е безбедност туку контрола.
Ќе се намалат убиствата жими миле малиот. Целта на ова е да се полни буџетот од обичниот народ кој некогаш ќе нагази 10 плус да промени лента, или да фатиш семафор и слично. Убиствата се случуваат од надрогирани и пијани будали, а таквите не се способни да мислат ни на сејф сити, ни курци, ни палци, таквите пак ќе пролетаат со 100 на саат и на црвено.
 
Абе остај они се скопјани ти не знаеш како е секој ден да се возело кола.
Ете на некој таму нервниот систем му страдал.
:kafence:
Bilo kako bilo, vo dogledno vreme Skopje, Tetovo i kaj imase uste kameri mi se out of range :toe: .
 
Mora da se najde lek za pesacite, ako nemat dovolno policija neka rabitaat honorarno Lovci na Nagradi, koj ke dobivaat % od kazna... I ne samo soobrakajni prestapi na peshaci, tuku frlanje opushoci, po novo i postrogiot zakon za pushenje i drugo. Na vremwto, pred 65+ godini vo Sofija Todor Zivjov gi pritegna, za 3+ kazni imashe Proteruvanje od Sofija vo selska oblast koha beshe slabo naselena...
 
Safe City - паметна инвестиција.

Супер е да се гради култура на одговорност во сообраќај: јас возам по договорени правила не само за да сум безбеден сам, него и на другите околу мене да им го направам животот побезбеден. Како друштво да се чуваме едни со други, да играме по правила што ги договараме, пошто ни е во интерес.

Сме виделе дека оваа култура кај нас е во рана фаза на развој. Има возачи што летаат на црвено, возат по зони маркирани за пешаци, се возат коли што го иништуваат воздухот, фамилии идат по погреби, се ради друштвена неписменост и немање сенс за одговорност кон друштвото. Возиш нерегистрирано возило, без возачка и 120 во зона за 60? Кога те стопира патрола, вртиш телефони за кинење казни? Под мач бато, не си друштвено подобен.

Во интерес ни е Safe City пошто уредува проблематичен сообраќај, директно штити здравје и животи, ја прави полицијата поспремна да реагира и на разно-разни девијации кои немаат врска со возење, а ни се во интерес.

Дали е ова контрола? Е, али која е во интерес на дружтвото и е подобра варијанта од не-контрола (што сме го имале до сега). Природно е промената да е некомфорна, али е во наш интерес на долги стази (и државата ако има лидери, иако во јавност има негодување, ќе се држи до програмата).

Подоле е снимка од САД, 1980та кога се воведува забрана за пиење алкохол и возење, и задолжително носење појас (работи кои од денешна гледна точка се норма секаде каде што има педа памет). Еден од коментарите е "не ни даваат да пиеме кога сакаме, не тераат појас да носиме, кај и да е ке станеме комунистичка земја". Тоа е тој менталитет: битно мене да ми е како што треба, другите не постојат.

Многу добро кажано, но сега ќе се релативизира, тие што возат со 100 пак ќе возат итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom