Не е толку важно дали ќе се освои титулата или не.. ( како стојат работите, шансите за одбрана на титулата се минимални).
Најважно е да се напрај база и костур за натаму, резултатите ќе си дојдат, не е спорно ова.
Досегашната пракса на Балканот, па и низ нашата историја покажа дека јак клуб на долг рок не можиш да прајш врз странски костур на играчи.
Концептот на Металург беше најубав, јака домашна база и неколку екстра странци ко Станиќ, Атман, Вугринец, Ракчевич, ете сега истиот принцип го применва и Алкалоид, само шо нема такви капиталци како во времето на Лино, друго беше со Мојсо, Жути, Јоноски и Велко во одбрана итн...
Требаше овие 7 години да се напрај една солидна база на македонски играчи и да се надополни со неколку квалитетни странци, ама квалитетни, шо ќе напрат разлика, на пример ко Новокмет, Зарков итн на времето, еве во последни години на Богдан.
Не можи бе со 11 странци да прајме екипа ( вчера пишав 10 биле, го заборајв Абутовиќ )

, то е страшно голем број на странци со високи плати за ваква слаба лига, уште пострашно е шо од сите тие 11 странци не видовме ќар оваа сезона, пак се беше на товар на Фитило,Манасков, Жаре...
Странец ко странец, не се замара, ако има пари ќе игра, а и да има пари не се замара и не го боли колку шо ќе се замара некој битолчанец ко Фитило или Никучо, имавме такви примери низ годините.
Странец да, ама да е далеку подобар од овие шо ги имаме тука.
Даваме сигурно по 70-80 К минимум за платите на тие 11 странци ( башка трошоци за сертификати, смештај и слично), а со тие пари земи 3 ца јаки играчи ( бекој ) со по 25 К плата, барем вложваш во квалитет, а не да се трупат играчи ко Кајо Цикатиќ, Мијушковиќ, Печурица и еден куп такви шо се донесоја низ годините.
Да ги собери некој парите шо се фрлени овие 6 години за играчи шо не ни изиграја ниту еден важен меч за првиот тим глата ќе не фати, поубо да не ги прајме тие мубаети.

Ај шо земаме премногу странци, поголем проблем е шо се менват ко чорапи секоја сезона, максимум 2 сезони ако издржат, Богдан и Тајник се исклучок.
Не можи и да сакаш да очекуваш за договор од 1 сезона некој странец да изигра топ, му треба време на адаптација.
Многу јаки домашни играчи се испуштени последните години, можеа лесно да го донесат Лазаревски пред 4 години, ко беше во Тримо, можеше некој од тие бекови ( Ѓорѓиев, Митев) шо се сега во Алкалоид да се детектираат пред 5 години, пред да се напрај тој проект на Мукаетов.
Која екипа ќе ја имавме ако на место на Тајник беше да речиме Ѓорѓиев, таков бек ( пробивен) ни фали очајно, за да го дај Фитило то шо треба.
Можеше и требаше да се препознај талентот на Галевски, Карасманакис и тие деца да се задржат овде,можеше и требаше да се напрај обид да се земи Томовски и да му се дај салам понуда.
Требаше да е задржи Кизиќ на подолг рок, детето играше со срце со клубот.
Тука е проблемот на клубот, шо нема салам скаутинг стратегија, шо нема спортски директор шо ќе намириса талент, шо ќе преговара со родителите, шо ќе ги убеди да дојдат тука.
И да најдиме некое дете надежно, ко ќе преговараш со родителите/менаџерот ( ако го има), ко ќе видат дека имаме цела сурија странци шо се форсират по секоја цена, одма сумљиво му станва и размислуват за други опции, оти никој нема кариера за фрлање ако треба да кисни на клупа за да игра некој странец со статистика 2/6 и 5 технички грешки.
Не се прат играчи со Пролет, Бутел и Куманово.