Ужасно лош пристап кон играта вчера.
Како да беше некоја пријателска утакмица и да очекуваа дека противникот сам ќе се предај.
Премногу ноншалантност во напад, лоши шутој, посебно на Петар, дечкото е во страшен пад.
Слаба одбрана, посебно во централен блок.
Малку фалеше утакмицата да замини во друг правец и немаше да биди незаслужено.
Ако не грешеше Прилеп во последните 5 минути ќе се решаваше се во еден напад.
Ги истрошија првите бекој да играт до 60 та минута, а требаше да е лесен меч.
Ти да дозволиш на домашен терен Прилеп до 55 минута да ти се држи во егал, со бековска постава Божидар Илиески

( крило шо играше во Алкалоид и шо го набркаа) и Рајатоски, нема шо да прајме појќе муабет.

Ист ваков лош менталитет имавме на двете утакмици со Алкалоид и со Охрид на гости и не треба да не чуди шо се изгубија 6 од можни 8 бода во утакмиците кај шо кикснавме.
Со ваков пристап нема шо шо да бараме во продолжение на сезона.
Некој ќе речи чуваја сили, ама не мислам така, а доказ за то е дека до крај на мечот играше првата постава бекој и се користеше истата тактика, играј до пасивен, да се отвори некој дупка и чекај пенал да свирнат.
Ова е класично потценвање на противникот и ете шо можи да се случи од та самоувереност.
Со гла гарантирам дека ако имаа салам пристап играчите во тие утакмици кај шо се киксна, ќе се освоеа најмалку 6 од можни 8 бода,а не само 2 од можни 8 бода, ама вака најлесно е тренерот смени го и демек "решен е проблемот", за жал не е така и то се гледа на терен, требаше доста од играчите да се истегнат за уши и да се дисциплинират.
Ако не се смени нешто драстично во психата за плејоф лошо ни се пиши, за жал.
