Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Не ја гледав утакмицата со Данска, ако можи некој детали да поднапиши за нашите играчи од Пелистер како и колку изиграа, сепак и ваквите тешки натпревари не некој начин и се добредојдени за билдање на форма за текот на првенството.
П.С вчера ги гледав Србите против Шпанците, играч како Кукич ни е дефинитивно тоа шо фали после заминувањето на Перич, топ играч за кај нас би бил!
 
Селекторот Лазаров без Пешевски и Митревски против Данска, се сомневам на повреди(Дај Боже да не се работи за тоа)!
Изјави дека имале полесни повреди, ама мислам дека е трик, Пешевски и онака не можиш да го играш против Данска, оти ќе не уништена во транзиција, а шанса беше на Галевски да му дадат некоја минута оти секако ќе изгубеа кој и да играше...

Мистериозно ќе бидат спремни за со Португалија.
 
Арно "бавна" транзиција има Португалија :D Уште по улај се тие, вчера ако гледаше шо рече спикерот акции ала Барса во фудбал имаја, ненормален напредок има Португалија, допирна точка немаме со нивниот ракомет, ниту со данците, дефинитивно таков стил на игра нас не ни одговара, тро мрднавме за 20-30% со стилот на игра со Митев, Симба и Кузмановски ако се залета, иначе претходно.....
Ок беше составот вчера да не претерваме и ние, Митревски е залез на кариера веќе, Пеше го одмараше и ќе го замени со Самоил утре, шансата сите знајме со кој ни е, мечот во Вторник и од Среда сите да се нацртат во ледената:masa: да не глумат шерифи :misticen:
 
Куртони врие на форумот и по социјални мрежи го хејтат дечкото без потреба.
Можат да му го испушат поквалитетно.
Се покажа уште еднаш дека е убедливо најдобар играч на ова генерација и лидер.
 
Од 29 гола на Македонија, 22 ги дадоа играчи на Пелистер, тоа е 75%.
Толку за ракометот во Македонија.
А кога игра Вардар во лига на шампиони придонесот во репрезентацијата е еден к.. подебел.
Али тоа не ми беше поентата пошто ова е форум на Пелистер.
Лазаров вечерва покажа како ресурсите на Пелистер можат правилно да се употребат.
Митревски бранеше, Томовски влезе во прав момент.
Кузмановски влезе одморен во клучните моменти.
Павле Атанасиевиќ ги затвори сите дупки во одбраната и нападот.
Пешевски не играше 60 минути туку одлично се комбинираше со Стојковиќ.
И на крај вечерва имавме тренер кој има авторитет во Европа.
Се надевам дека еден ден ќе го води Пелистер во лига на шампиони на македонски погон.
 
Еве уште еднаш му се докажа дека на Фитиљот му фали среден бек во Пелистер па макар и Ѓоргиев да го имавме.
Ама ние 3 години со Тајник се заебаваме.
Многу малку фалеше за многу појак тим ама тоа е сега , среден само и пикер во два правци и друга приказна ќе беше ама тоа е.
 
Еве уште еднаш му се докажа дека на Фитиљот му фали среден бек во Пелистер па макар и Ѓоргиев да го имавме.
Ама ние 3 години со Тајник се заебаваме.
Многу малку фалеше за многу појак тим ама тоа е сега , среден само и пикер во два правци и друга приказна ќе беше ама тоа е.
Уште пред некое време имав пишано истото, макар и Ѓорѓиев би ни завршил огромна работа,штета шо не се напрај екстра ефорт од клубот да се донеси соодветен среден, да го искорисстиме максимално прајмот на фитиљот, капитениште во секоја смисла на зборот битолскиот Тоти.
 
Уште пред некое време имав пишано истото, макар и Ѓорѓиев би ни завршил огромна работа,штета шо не се напрај екстра ефорт од клубот да се донеси соодветен среден, да го искорисстиме максимално прајмот на фитиљот, капитениште во секоја смисла на зборот битолскиот Тоти.
Кај баш со Тоти го спореди…
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom