И уште една победа против Феникс, убедлива победа, а низ минатото и тоа како ни правеле проблеми....
Точно дека е крената формата после полусезоната, нека продолжат така, Брендон не е уходан уште, нема даено солидна партија, а треба да е топ засилување, се разигра и Брејси, на искуство знај да решава многу тој, има кариера и утакмици зад него, останатите исто добри Стајиќ со Малеш.
Проблем точно е 5ка, центарската позиција, но тука сме лимитирани со бројот на странци, едино решение е странец, домашни играчи слободни центри нема! Во последен момент пропадна трансферот на Симиќ, но не е за прва опција тој, странците на центар некако не ги годевме, освен Кесар и од домашните Маслинко, таков центар сме немале, Едвардс лани дрво кај нас, сега во новиот клуб топ бројки, Галовеј исто не се покажа, останва да комбинираме.....
Мене ме нервира со техничките грешки особено на Борче и од клупата, премногу ја полниме касата на кфм со техничките без потреба од Борче, мора малку да олади со глата, за судиите јасно ни е како ден на сите како ќе судат, со ова форма плус Чкембари ќе падни Куманово, но другиот ден играме со ТФТ кој има 7-8 часа плус одмор од нас, но се бива и таа утакмица, зошто да не и по ново финале.....