Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 30: @Aceso - Вистински маж не смее да дозволи жена да плати на прв состанок.)

Вистински маж не смее да дозволи жена да плати на прв состанок


  • Вкупно гласачи
    45
Дедо ми почина од рак на бели дробови како последица на цигарите. Еден период пушеше една, потоа премина на две кутии. Навечер се будеше да запали цигара. На 58 легна, на 59 умре. Во тој меѓупериод, од нешто помалку од година, не запали цигара. И мајка ми е истата, цепа две на ден. Татко ми, пак, сам си ги витка, никогаш не бил страстен пушач, повеќе е за цигара колку за друштво. Во семејниот круг, само они се пушачи.

Никогаш не сум гледал на ова од аспект на здрав живот, затоа што моите животни навики и рутини не можат да влезат во оваа дефиниција, не се ни во делокругот на ова поимење. Не правам крвни слики да внимавам на параметрите, нит правам безбезе испитувања, јадам брза што значи и сува храна, чипсови, хемикалии, внесувам се. Ова не ми е столбот на исхраната, но внесувам. Ниту пак од аспект на финансиски тег, затоа што и за тоа многу не се замарам. Едноставно ми е грда навика, отсекогаш ми било одбивно. Големиот проблем е тоа што многу тинејџери, што мислат дека се фраери и кул, стануваат зависници од никотин. Друштвото кое ми беше во средно, единствено јас не бев пушач, другите сите почнаа во 2ра/3та. А нели, нема продажба на цигари на лица под 18 години!

Да бидам искрен, колку и да ја поддржувам оваа мерка, односно предлог-закон, не ја разбирам од аспект на политичката имплементација. На власта не и е грижа за нашето здравје, започни од болничките услови, кадарот кој никогаш за ништо нема да одговара, воздух, пестициди во храна, ниски санитарни стандарди при обработка и производство на храна, сомнителни критериуми за увоз на храна, кои се под ингеренции на незаинтересираната АХВ... Ова не е ни гол популизам, затоа што мерката ќе има контраефект по нивниот политички рејтинг, ќе постои одредено незадоволство, ќе има помалку гости во угостителските објекти, а законот нема да важи во средините каде што очите на државата не допираат (така беше и за време на Ковид пандемијата, слободно седевме во кафичи и ресторани без сертификати), што секогаш доведува до фрустрации. Види ги, пример, Влатко и Ска, беа едни од најчил луѓе на форумов, последниве два дена тука креваат востание! Овој пак Ска, од нервоза, влезе во Грујо фазон при пресметка на опортунитетниот трошок (363+208=700)!

На крајот на денот, многу врева за ништо, како и се досега, ова ќе биде на сила месец-дена, после никаде нема да се применува. :)

Воздржан за предлогот на ИО, За за законот. Не го перцепирам анкетното прашање затоа што не кореспондира во целост со предлогот на ИО (прошири и на паркови, стадиони и плажи). Така гласот е даден во однос на предлогот, што беше востановено на зачетокот на оваа тема.
Да, се согласувам, луѓето на високи позициии не ги интересира здравјето и/или животот на обичниот народ, затоа ние не треба да правиме паралели. Ако сме фатиле панел за пушење, на живо или форум, не треба да сме во летаргија дека едното е крш ај и другото. Едни ќе оправат (со надеж нели) пушење, други усје, трети алкохол, четврти корупција, малку по малку ќе не биде, не треба да генерализираме иначе се демотивираме, клучот е сегментирање на проблеми и департизирање, т.е. да умре менталитетот вмро/сдсм и магаре да стави, за магаре ќе гласаме.
 
Парковите и плажите се опфатени со законот, но само во делот - продажба на цигари. Не е тоа само на Ио. Еве, член 7, став 2:

Малопродажбата на тутун, и други производи што содржат тутун и/или никотин и уреди за консумирање на тутун и никотин е забранета на пазари и саеми, во објекти и простории на угостителски објекти за сместување и угостителски објекти за исхрана, на подрачјата на плажи и рекреативни паркови, како и на секој отворен простор за време на културни, спортски и други јавни настани.
Точно, ама тоа е за малопродажба т.е. продажба, не за пушење. Предлогот на ИО е забрана за пушење и на плажи и во паркови:

Пушењето треба да биде забрането не само во ресторани и кафулиња, туку во секакви затворени јавни објекти, плус отворени места како плажи, паркови и стадиони.“

Немам проблем некој да пуши на плажа или во парк, само сметот да си го собере зад себе. Тука е моето Воздржано. :)
 
Со наркомани не може да се разберете, они ќе си ја бранат дрогата. :) Имам другар и ако немаше место во пушачки дел не сакаше да седне. Еднаш така седнавме он дома си отиде и се налути. Болест е пушењето. Сега со дете е и не му смета да седне во непушачки и да излезе на цигара.
 
Со наркомани не може да се разберете, они ќе си ја бранат дрогата. :) Имам другар и ако немаше место во пушачки дел не сакаше да седне. Еднаш така седнавме он дома си отиде и се налути. Болест е пушењето. Сега со дете е и не му смета да седне во непушачки и да излезе на цигара.
Ти да видиш...значи можело ама не се сакало. Т.е. не дека не му смета, туку сака да си го заштити неговиот наследник од секундарен чад. Доста лицемерно.
 
@Гостин случајно или намерно даде добра под-тема, сите пушачи, утре/веќе сте родители, дали сте ок децата да ви се во зачадени простории, небитно дали е дома, кафич, кафана?
@мкд владе @Ska Maniac @Macka12345 @OMG!!
 
Ете ги тагнав ама ваљда подтемава не им праи мерак на големите пушачи?
Да не мислат дека ќе пројде без одговор, давам збор дека ќе ги тагнувам секој ден додека не одговорат.
 
Ви реков дека нема да одговарам.
Не одговарам. Стварно нема да се изјаснувам сто пати.
И да не прашувате повеќе од што треба.
Ја бар за разлика од вас пишувам искрено за себе. Ама нема да дозволувам да се фаќате за тоа.
 
Ви реков дека нема да одговарам.
Не одговарам. Стварно нема да се изјаснувам сто пати.
И да не прашувате повеќе од што треба.
Ја бар за разлика од вас пишувам искрено за себе. Ама нема да дозволувам да се фаќате за тоа.
Добро де, не се изјаснувај за тебе веќе. Изјасни се дали ќе донесеш дете/бебе у пушилница.
 
Знаете што размислив, изедов сега 100 грама чоколадо. Може попаметно ќе ми беше една цигара да испушам.
Ја сто грама чоколадо јадам секој ден за доручек, па после низ денот, ќе видиме.
 
Добро де, не се изјаснувај за тебе веќе. Изјасни се дали ќе донесеш дете/бебе у пушилница.
Исто ти е. Пак е за мене.
За деца и ја прашав. Ама не читате.
Ако не ме читате значи немате респект или неќете. Нема да си трошам време чоек. Надвор бев. Ја неам нерви ко вас да верглам толку. Се повлеков и за педерите, и за Бугарите. Зборам кога ми се збори.
 
Па кој рече на страна, јас ги претворив во сметки. Платата ти е лимитиран месечен ресурс а double digit процент на просечна фамилија оди во воздух, наместо во други помали life improvements. Ама ме опушта, смалува стрес. Знаеш што друго смалува стрес, платена струја на време. Ај сега кажи ми како умираат бебиња во војна или дека сонцето некогаш ќе имплодира додека ние збориме за глупости.


Инаку иронично е што се фалиш за слободна волја додека си роб на никотинска завист. Ќе викал на блиски луѓе еве ти ја вратата, губи се ако го замолиле да изгаси цигара. Еквивалент на да седиш на сред тросед и човек што му значиш да те праша помести се лево десно да седнам, он со неговата волја ќе му рекол не, губи ми се од вид европска курво. Слободна волја не е да се препушташ на секое најдолно задоволство, слободна волја на пример е да нешто сакаш, но да привремено ја жртвуваш таа најпроста и долна форма задоволство за да некој друг, како твоите и на владе “пријатели” за кои се начитавме да им е попријатно, само поради тоа што можеш. Тоа е слободна волја, а не да мислите дека со тоа избегнувате brainwashing или со кој и да геополитички феномен сте опседнати во моментот. Да не запалите оти имс дечиња околу вас, во соба, ресторан, на кафе. Не знаете ни слободната волја да ја користите поради умртвена сива маса од пушење. Вакви изливи на незрелост, my way or the highway, имам приметено најмногу кај деца кои пораснсле без брат или сестра, сами. Или сега не зборат веќе со нив, сеедно.

Еве @OMG!! е гласен како тебе за пушењето како што читам, слободна волја, не правел компромиси, јада јада, па нека одговори дали ако вечер не му се спие, во 2-3 часот ќе запали во спална, во кревет до неговата женска која спие? Бидејќи не постои нешто полошо да пушиш кога некој спие, макар и да е самиот пушач. Ако да, сакам да му честитам на огромниот алат, ама ако не запали и отиде на балкон, во друга соба или се воздржи, со тоа мало куре да не се курчи на темава и по ресторани. Најискрено се надевам ќе одговори нема да запали, па таа е емпатијата што се бара да привремено ја приуштите некому понекогаш. Ја имате или бар некои од пушачите ја имаат, но поради џанки менталити кога седнале на кафе и имало деца, кој ги ебе децата, овој кејф од 3 минути е многу побитен од некој што си е со детето. Во кафана кој ќе ти каже нешто и ако ти каже дали си вистински во кафана или само на форум?

Сега ги видов резултатите од анкетата. :D
Многу бука од малцинствово…
Не, нема да запалам во спална, ама озбилно споредуваш спална и кафана? Идете у некои глупи сценарија само да испаднете у право. А ако си толку заинтересиран за големина на полови органи имаш други членови тука што би требало да ги контактираш.
 
Не, нема да запалам во спална, ама озбилно споредуваш спална и кафана? Идете у некои глупи сценарија само да испаднете у право. А ако си толку заинтересиран за големина на полови органи имаш други членови тука што би требало да ги контактираш.
Тоа си е со вот, дај со мене, ќе донесеш ли дете (особено бебе) у кафана или што и да е, кај што се пуши?
 
Ја сто грама чоколадо јадам секој ден за доручек, па после низ денот, ќе видиме.
Гарантирам дека ти си слаб, а јас у наредните две недели ќе бидам на јаболче за десерт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom