Ако лицемериве се толку загрижени за здравјето на пушачите и на непушачите оти бе не ги забранат цигарите, оти место вакви срања од закони не донесат закон дека во Македонија цигарите се забранети, не смее да се продаваат ниту купуваат ниту употребуваат? Како што е забранета марихуаната нека го забранат и тутунот, те фатија ли со тутун - ќорка! Ама нее, слатка им е акцизата и данокот, ако забранат ке нема што да крадат. Па од секоја кутија цигари државата има по две евра парички, а ако засметаш дека дневно се продаваат по еден милион кутии излегува дека државата од пушачите дневно инкасира по два милиони евра или годишно преку 700 милиони евра, нека се и половина пак се многу пари. Оти лицемериве не речат сите пари од цигарите ке ги вложиме во здравството па да го кренеме на едно високо ниво?
И не, не е спорно тоа дека треба да има еден ред каде може а каде не смее да се пуши. Никој овде не се противи на тоа дека не треба да се пуши по болници, органи, установи, школи итн, но, кој курац се збранува да се пуши надвор пред болница, општина, автобуска, аеродром..., кој курац се забранува пушење во сите кафани и ресторани редум? Зошто на крајот од денот не биде законот да секој сопственик си реши и регистрира дали во кафаната ке се пуши или ке биде забрането? Па секој нека си избере во која кафана ке оди. Еве јас сум пушач и секако ке одам во кафана каде се пуши, но познавам многу луѓе кои не пушат и не би стапнале во кафана каде се пуши, и јас како пушач ако излегувам со децата ке отидам во непушачки места, па секој угостител нека си игра на негова карта и математика. Еве некој непушач нека одговори што би му сметало да има место (кафана, кафетерија, ресторан...) каде се собираат пушачи?