Патем, овој пак зине лаже. А триплира цени у фонд.
Клексанот кој двапати го ветуваше на позитивна листа, сеуште мора да се зима приватно.
Лековите против згрутчување на крвта „еноксапарин“ и „надропарин“, популарно познати како „клексан“, од крајот на ноември ќе бидат на позитивната […]
sdk.mk
... тоа се два лека - клексан (Clexane - enoxaparin) и фраксипарин (Fraxiparinе - nadroparin), па и обичен хепарин се антикоангулантни лекови ( со коагулацијата нема шала - нож со две оштрици) кои исклучиво се аплицираат под мониторинг во болнички здравствени установи по извршени лабораториски анализи и скриниг на хемостаза, а не напамет дозирани неколку дена, недели кога се пушта пациентот дома.
... кои ќе гарантира дека пуштениот пациент дома ќе подигне на рецепт антикоагулантен лек како клексане и ќе се предозира, односно ете нема потреба од лекот трет, четврти ден од испишување од болница и има можност да настане внатрешно крварење, ќе знае да се справи, ако преживее воопшто зависи каде е крварењето ?
... дали пуштениот пациент дома ќе знае дека има потреба од антикоагулантен лек без лаб.анализи и хемостаза и дали ќе му се даде и антидот на рецепт кој ќе треба да го прими ако дојде до предозирање т.е крварење или ќе трча тогаш во болница што крварењето е животно загрозувачки?
...па има болници кои не знаат за антидот за предозирање на овие хепарински лекови, а не пак да имаат Protamin amp за вакви интни ситуации кога достапноста со земање на рецепт ќе ги прима дома без анализи и мониторинг, исто и трудниците ќе си боцкаат сами земајќи го лекот многу полесно на рецепт, па кога ќе дојде време за пораѓај не ќе можат да и' го прекинат крварењето, малку млади новоротки искрвареле фатално, а тоа никој не го спомнува, нема лекарска грешка и толку!
... така според мое мислење, лекови кои треба да се примаат во болнички услови и се опасни при предозирање без лабораториски анализи и хемостаза, не треба да се издаваат слободно на рецепт во аптеките каде се издаваат орални лекови, па тогаш во иднина ќе се издаваат ампуларна терапија на рецепт?
... се знае што е терапија за примарно здравство на позитивна листа која е оделено од терапија за болничко лекување на позитивна листа токму поради мониторинг и опасности за нивна примена вон болница.
... ФЗОМ не триплира цени, цените се референтни (многу пониски) низ болниците за лекови кои се на позитивна, а по аптеките се со ,,вистински цени,, од дистрибутерот, а рефундација на ФЗОМ т.е. ти враќаат пари од купен приватен лек 70% од референтната цена, а не од цената што ја дава аптеката при купување на лекот приватно.
... болниците мора да ги снабдат овие лекови, а не буџетот да го пренаменат за немедицински работи како градежни инвестиции, намештај, клими, телевизори за приватни болнички апартмани во државни институции или си приватна болница или државна, а не вака државна, а внатре све кон приватно, е тоа треба ФЗОМ да среди, а не кон ваков правец на решавање за добивање болнички лек!