Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
 
Ништо ново, ги напикаа своите и им дадоа државни специјализации. Пракса која е присутна откако постои медицинскиот факултет во Скопје.
 
Титули, надтитули, плати, чуда...џабе. Хаотични се до коска од болничар до професор. не знам веќе на што личи ова, зимбабве величини. Чест на чесните од фела, ама она другото, вклучувајќи Фондот, ИТ, Министерство, гола вода.
Автоматски споено мислење:

Патем, овој пак зине лаже. А триплира цени у фонд.

Untitled.jpg
Клексанот кој двапати го ветуваше на позитивна листа, сеуште мора да се зима приватно.
 
Последно уредено:
Патем, овој пак зине лаже. А триплира цени у фонд.
Клексанот кој двапати го ветуваше на позитивна листа, сеуште мора да се зима приватно.
... тоа се два лека - клексан (Clexane - enoxaparin) и фраксипарин (Fraxiparinе - nadroparin), па и обичен хепарин се антикоангулантни лекови ( со коагулацијата нема шала - нож со две оштрици) кои исклучиво се аплицираат под мониторинг во болнички здравствени установи по извршени лабораториски анализи и скриниг на хемостаза, а не напамет дозирани неколку дена, недели кога се пушта пациентот дома.
... кои ќе гарантира дека пуштениот пациент дома ќе подигне на рецепт антикоагулантен лек како клексане и ќе се предозира, односно ете нема потреба од лекот трет, четврти ден од испишување од болница и има можност да настане внатрешно крварење, ќе знае да се справи, ако преживее воопшто зависи каде е крварењето ?

... дали пуштениот пациент дома ќе знае дека има потреба од антикоагулантен лек без лаб.анализи и хемостаза и дали ќе му се даде и антидот на рецепт кој ќе треба да го прими ако дојде до предозирање т.е крварење или ќе трча тогаш во болница што крварењето е животно загрозувачки?

...па има болници кои не знаат за антидот за предозирање на овие хепарински лекови, а не пак да имаат Protamin amp за вакви интни ситуации кога достапноста со земање на рецепт ќе ги прима дома без анализи и мониторинг, исто и трудниците ќе си боцкаат сами земајќи го лекот многу полесно на рецепт, па кога ќе дојде време за пораѓај не ќе можат да и' го прекинат крварењето, малку млади новоротки искрвареле фатално, а тоа никој не го спомнува, нема лекарска грешка и толку!

... така според мое мислење, лекови кои треба да се примаат во болнички услови и се опасни при предозирање без лабораториски анализи и хемостаза, не треба да се издаваат слободно на рецепт во аптеките каде се издаваат орални лекови, па тогаш во иднина ќе се издаваат ампуларна терапија на рецепт?

... се знае што е терапија за примарно здравство на позитивна листа која е оделено од терапија за болничко лекување на позитивна листа токму поради мониторинг и опасности за нивна примена вон болница.

... ФЗОМ не триплира цени, цените се референтни (многу пониски) низ болниците за лекови кои се на позитивна, а по аптеките се со ,,вистински цени,, од дистрибутерот, а рефундација на ФЗОМ т.е. ти враќаат пари од купен приватен лек 70% од референтната цена, а не од цената што ја дава аптеката при купување на лекот приватно.

... болниците мора да ги снабдат овие лекови, а не буџетот да го пренаменат за немедицински работи како градежни инвестиции, намештај, клими, телевизори за приватни болнички апартмани во државни институции или си приватна болница или државна, а не вака државна, а внатре све кон приватно, е тоа треба ФЗОМ да среди, а не кон ваков правец на решавање за добивање болнички лек!
 
знаеш колку ми е гајле колку лекови се? Јасно во текстот пишува, Клековски лажовот вети двапати дека клексанот ќе оди на рецепт. Не оди. Фондот што вели, покачени услуги од 40 на 60, тоа е 50%. Малце е, јунешкото треба да биде 50 евра кило, млекото 150 денари кило, оризот мин 200 денари... малце било. ЈСП 15 години не качило цени, ај лупни 100 денари билет, вода кубик 200 денари.
Од 400 на 720 денари малце било.
... тоа се два лека - клексан (Clexane - enoxaparin) и фраксипарин (Fraxiparinе - nadroparin), па и обичен хепарин се антикоангулантни лекови ( со коагулацијата нема шала - нож со две оштрици) кои исклучиво се аплицираат под мониторинг во болнички здравствени установи по извршени лабораториски анализи и скриниг на хемостаза, а не напамет дозирани неколку дена, недели кога се пушта пациентот дома.
Изгледа многу многу не знаеш за апликација на клексан. И ја можам ова да го препишам од нет. Нит знаеш како твои "колеги" го препишуваат и даваат односно како пациенти сами дома се бодат. Во болнички услови, човече не ми се верува :notworthy:
Дали ти си препишувала или си користела вакви лекарства или некои чатгпт информации е прашање.

У суштина не знам што (кого) се обидуваш со текстов да одбраниш ама ти е утнато скоро се.
Не троши време џабе, нит дигитализација функционира нит одделите се ко што треба, нит мој термин или онаа јадна картица која ја смисли војводата па ни наплати по 250 денари за бескорисна пластика (иако и за тоа реков нема да го биде, само украдени пари).
Абе еден лифт едвај асален функционира само на нефро/гастро, и за брза помош и за редовни болни, општ хаос. Едно копче по интензивните не е асално.
 
Последно уредено:
Дали ти си препишувала или си користела вакви лекарства или некои чатгпт информации е прашање.
... начинот како пишуваш не ми се допаѓа, јас сакам да помогнам, вакви информации не се наоѓаат никаде, жалосно колку пациенти испоумреа од пукање на крвни садови, онака ненајдено, без некој да ја провери што терапија се земало, јас не бранам никого,

...напротив денес Клековски на ТВ мумлаше (што не ми се допадна) кога кажуваше дека голем број лекарства произведени во Кипар и Грција се блокирани поради штрајкот и затворени граници, ќе речеме Виша сила, ама не спомнува зошто МАЛМЕД не би дале решение за регистрација на иста генерика лекови од други производители, за да не дојде нели до недостиг, но МАЛМЕД не е под Министерство за здравство туку под Влада, а што таму е директор етнички албанец знали дадено на ВЛЕН да менаџира, ете затоа во блиска иднина ќе нема ни лекови, што може ВЛЕН да изменаџира како треба?!
 
Последно уредено:
Лошо спроведен концепт во пракса е мој термин-кај нас кај што треба да се спроведе ред. Можеби го има во други земји каде добро функционира, не знам.
Иронија е пример, имаше денови на машко здравје, а немаше ниеден уролог на располагање преку мој термин. Има додуша Брод, Струмица, Делчево...
Без контрола не можат да се продолжат ни редовните терапии, камоли да се контролира сопственото здравје.
Свака част на дел од вработените директно у здравствени установи и клиники, на Брза Помош, интензивните ICU и ургентните центри ECU, со оглед на она со што располагаат како опрема.

... начинот како пишуваш не ми се допаѓа, јас сакам да помогнам, вакви информации не се наоѓаат никаде, жалосно колку пациенти испоумреа од пукање на крвни садови, онака ненајдено, без некој да ја провери што терапија се земало, јас не бранам никого,

...напротив денес Клековски на ТВ мумлаше (што не ми се допадна) кога кажуваше дека голем број лекарства произведени во Кипар и Грција се блокирани поради штрајкот и затворени граници, ќе речеме Виша сила, ама не спомнува зошто МАЛМЕД не би дале решение за регистрација на иста генерика лекови од други производители, за да не дојде нели до недостиг, но МАЛМЕД не е под Министерство за здравство туку под Влада, а што таму е директор етнички албанец знали дадено на ВЛЕН да менаџира, ете затоа во блиска иднина ќе нема ни лекови, што може ВЛЕН да изменаџира како треба?!
Јас не барав помош. Велиш клексанот се користи, применува наводно само болнички и слични информации кои не се точни или наведуваат на моја тотална неинформираност.
Подвлеков какви глупости се случуваат за само 1 недела гледање што се прави.
Потенцирав на лажговците (али ко ќе види човек од која невладина е, се треба да му е јасно) од Фондот и неспособноста на Министерството и Клиниките како целина, хаос во хаосот. Кој хаос некој намерно го одржува ради интерес, партиски и финансиски. Треба само да си стави прст на чело колкупати досега е "започнато" со нов клинички центар. Пари, многу пари и стотици миљони од Буџет на РМ.

Слушнете го на видео проф доктор Беќаровски што мисли за дел од докторската фела овде, за негови бивши студенти и се ќе ви е јасно.
 
Последно уредено:
Во право е Луртс за се што пишува, често пати сум видел извештаи каде што пациентот треба дома да прима инјекции кои се даваат исклучиво во болнички услови, за тетанус ги враќале од клиника (вклучително и од инфективно) назад кај матичен да прими вакцина која вон терциерно здравство се купува приватно и кошта 1500 денари, инфузии кои исто така може да се примаат само во болница и луѓе (најчесто пост оп) со закачени доста резистентни бактерии кои се сензитивни на мал дел антибиотици кои не можат да се набават во аптека а никој не ги прима за хоспитализација па се приморани да даваат илјадници денари во Систина и Жан.

За клексаниве не знам што е пречката да се стават на позитивна листа и онака се рефундираат колку 70-80%?, така да подобро би било да одат директно на рецепт, вака му доаѓа на рецепт али со екстра непотребни чекори и замарање на сите.
 
дали крводарители плаќаат преглед кај специјалист кој работи како пзу а се оди со упут од матичен лекар.

се надевам објаснив убаво што сакав да прашам :vrtioci:
 
дали крводарители плаќаат преглед кај специјалист кој работи како пзу а се оди со упут од матичен лекар.

се надевам објаснив убаво што сакав да прашам :vrtioci:
По правило да со тоа што зависи од установата и прегледите кои ги вршат. Пример може да е ослободен од прегледот кај интернистот ама ако побара ехо на стомак или срце може да му побараат да плати приватно но колку е правилно тоа не знам, одговорот им е дека тоа се услуги кои не ги покрива фондот и затоа е така.
 
Во право е Луртс за се што пишува, често пати сум видел извештаи каде што пациентот треба дома да прима инјекции кои се даваат исклучиво во болнички услови,
... тоа јас го напишав, не Лурц,
за тетанус ги враќале од клиника (вклучително и од инфективно) назад кај матичен да прими вакцина која вон терциерно здравство се купува приватно и кошта 1500 денари,
... вакцината против тетанус (Tetatox-Tetanus toxoid ) не е на позитивна листа, а цената е околу 80.00 денари, за разлика од серумот Тетагам кој е на позитивна и цената е околу 900.00 денари, а секоја здравствена установа е должна да обезбеди од својот буџет за болнички пациенти и двете (вакцина и серум против тетанус) се ставаат истовремено во спротивни екстремитети и серум и вакцина против тетанус, секое праќање на матичен да се аплицира треба да се пријави во Министерство за здравство кое има дадено писмо до сите болници за задолжително снабдување со сите серуми и вакцини за болнички пациенти, па и за инфективно!

... клексане и фраксипарин како антикоагуланси, треба да се аплицира во болнички услови, а не да се издава на рецепт, а секоја болница е задолжена да го има тој лек за болнички пациенти, а не да се купи приватно и да се рефундира, со што порано болницата со се директорот добиваат пријави со опомена за праќање на пациенти да купуваат приватно тоа што треба да се прими во болнички услови.
 
Ти напиша теорија, јас ти кажав како е у пракса. Изгледа цела докторска фела греши.
Никој нема да те држи у болница само за антикоагуланти. Никој не го тепаше по уста да каже дека ќе може да се зема и со рецепт на поз листа.
Инаку успеа да го пренасочиш муабетот од лоповлукот, јавашлукот и хаосот кон еден клексан, што не е во ред.
 
... здравствената институција сакаш болници, сакаш клиники, пациентите имаат можност за добивање на здравствена услуга на три места и начини:

- болничко лекување, каде пациентот треба да одлежи во одделот во болнички кревет извесен период два, пет дена, доколку му се направат анализи и други дијагностички испитувања со примање во меѓувремено доделената терапија.

- дневна болница, дневно лекување ( каде може да се аплицира субкутана, интрамускулна и инравенска терапија со инфузиони раствори, антибиотици, витамини и аналгетици како модерен начин на лекување на пациенти кои имаат потреба од опсервација и апликација на одреден тип на терапија, во наведениот случај како што се клексане и фраксипарин без да бидат хоспитализирани.

- амбулантско лечење, нега
( најчесто после болничко лекување или пак разни специјалистички консултации преглед на лабораториски анализи, кратки интервенции).
Инаку успеа да го пренасочиш муабетот од лоповлукот, јавашлукот и хаосот кон еден клексан, што не е во ред.
... не знам како го заклучи тоа, се трудам да објаснам како е правилно, а тоа што не е правилно во реалноста треба да се пријави!

... инаку лоповлукот не е кај клексане, туку кај инсулини, остеосинтетски материјали, стентови, онколошки и биолошки лекови, лабораториски апарати и други дијагностички апарати скриени по болнички подруми, разните донации незаведени и непрописно донирани каде има поврат на ддв, додека градежни работи како катни гаражи со паркинзи и други катни градежни работи како нов клинички центар кој треба Министерот за транспорт и врски да се занимава, а не Министерот за здравство!

Изгледа цела докторска фела греши.
... не сите, ама грото, дали греши или намерно греши има разлика, да не се навраќаме на пандемија со коронавирусот, да не се навраќаме на непотребни кардиолошки операции поради финасиски бенефит или лечење на онколошки пациенти со физиолошки раствор,
 
Последно уредено:
Оф леле, пак све погрешно разбра :facepalm:
нит знае што збори, не вреди. Прашај го чатгпт дали е лимитирано инјектирање само од медицинско лице и зашто иде на рецепт и има упатство за самоинјектирање. Посебно ако лицето не може да мрдне од дома не па до амбуланта ќе оди. Ова стои во збирен извештај
Во случај на самоапликација пациентот треба да ги следи инструкциите во упатството
Ако знаеш повеќе и од 99% од докторите и од фармацевтите, па и од меѓународни упатства, ја јадеш и Диела на Еди Рама.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom