Дечки мнооогу одамна отворив мал муабет на темава за климава:
на српскиот форум велат дека модулира ниско и е тивка. Викаат дека спушта до кај 130w да модулира на топлење, со слики прикажуваат.
https://supermart.mk/tcl-tac-12chsd-xa73if-12000btu-a-a-inverter-klima-mk/
Кога го отворив муабетот на темата кај нас беше 23000 денари, а сега е 16000 денари (толку е цело време во србија), мислење за климава сериозно се мислам да ја земам за во 12 квадрати спална соба.
Ако стварно модулира толку ниско мислам дека оваа клима за цената за во спални соби е измислена клима.
Јас со дечково што зборев приватно на српскиот форум ми викаше да ја гледам како 9000btu дека е, вика не е 12000btu дефинитивно.
Мене реално ми треба за догревање, во 46 квадрати AEYIs е од другата страна али не е доволно поради тоа што цела зграда е армиран бетон и нема изолација. Во спалната ми е околу 18-22 степени без догревање, па најчесто одиме со греалка, но сабајлињата се ладни.
Реално за сумава не ни може човек да погреши, па макар и да не модулира толку ниско.
Ваше мислење?