Размислувам и не можам да се одлучам што клима да купам. Имам неколку модели на памет па ми треба малку помош.
Искрено најмногу и фрлив око на Gree AIRY PRO White GWH12AVCXD-K6DNA1A , убав дизајн, добра е на -10 со 3kw, а и добив добра цена 37500.
Единствено што ме закочи за неа е дека прочитав многу коментари од корисници за внатрешната единица дека баш 12ката е бучна, 18ката го немала овој проблем. Климата ми треба за детска соба 15м2 па сакам да е потивка зошто треба да работи и навечер.
Го разгледував и Vivax ACP-12CH35AEHI+ , исто супер дизајн, потивка многу за разлика од Gree Airy, ама со само 2.1кв на -7, колку што можев да најдам на EPREL. Па се сомневам да не биди малку.
Во предвид доаѓаат и Gree CLIVIA GWH12AUCXB-K6DNA1A i Gree FAIRY PREMIUM GWH12ACC-K6DNA1F. Тука се некаде и со цена и со греење 2.7-2.8Кв на -10. За Fairy прочитав и добри и лоши коментари од корисници. Е сега oд Gree моделиве сите се декларирани околу 60db. Па не знам на silent за навечер дали се потивки или не. Ако има некој што има таква да сподели искуство доколку сака.
Haier не гледам зошто веќе имам две во канцеларија 12ка и 18ка. За ладење и греење се добри ама маана имаат што немаат греач на тацната и имаат само една дупка на тацната за испуст на водата. Па замрзнуваат и мака мачам со врела вода ги одмрзнувам. Што не е случај со Даикинот што го имам дома, и тој нема грејач ама има повеќе дупки на тацната, водата брзо истекува и никогаш не замрзнал како другиве две.
Знам дека е малце болна тема кога се зборува на форумов за Gree

Порано немаа Еуровент, па можи беше до некаде оправдано. Ама сега кога некои од моделите имаат се зборува лошо понекогаш и од инает

. И продавачиве од Gree ја претеруваат ПОСЕБНО кога ќе се споредуваат со Даикин или Митсу, како што прочитав пред некоја страна, ама што е тоа е (медицина је ту немочна)

.
Кој можи нека поможи