ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 46: 1967 - 05.01-18.01.2026)

80. होमबाउंड / Homebound - Neeraj Ghaywan (2025)

1766615964548.png

Вечераше? Имаш покрив над главата, убаво си облечен и удобно сместен на топло? Утре те чека работата во која пристојно си платен и можеш да си дозволиш низа мали удопства и за себе и за тие кои ги сакаш? Здрав си? Жив си? Доволно е! Уште да имаш некој Шуаиб или Чандан во животот, ништо друго не ти треба, верувај!

Неверојатен филм! Просто, неверојатен! Немам зборови од сите морници кои ме лазат се уште. Во некој идеален свет не би требало да има дилема без конкуренција да му се дадат сите почести на ова мало парче сурова реалност. Па и Оскарот! Но, за жал живееме во свет каде ништо не е идеално... :place:

:cuc: :cuc: :cuc:

10/10, ќе правиме муабет ко ќе се соземам!

P.S. Ова е прв индиски филм кој го гледам во животот а да ги нема тие глупави танци и песнички. А и зошто би ги имало?
 
46. 2025

4. Train Dreams


IMG_6148.jpeg

Не знам од кај да почнам. Филмот е направен според книга, не ја знам. Приказна сместена во почетокот на 20тиот век и издигнувањето на Америка. Приказна за Роберт Грајнер, човек што не си ги знае родителите, не си ги знае корените, едноставно е сам во овој свет. Живее сам, работи сезонски како дрвосечач или мајстор на пруги, монотонен живот. Додека не ја запознае Гладус, личноста што ќе му го промени животот. Набрзо сфаќаат дека се еден за друг и формираат семејство. Роберт продолжува да работи сезонски и отсуствува по неколку месеци, пропуштајќи го развојот на своето дете.
Филмот изобилува со прекрасни пејсажи, прекрасни дијалози и атмосфера. Едноставно те тера да се соживееш со прикажаното и да ги следиш животите на инволвираните. Приказна за животот, така би го опишал филмот со една реченица. Роберт дојде сам на овој свет, сам и замина. Прекрасна реченица на крајот.
Сигурно ова е филмот на годината за мене.
@Варвара те молам гледај го.

4.5/5
 
46. 2025

4. Train Dreams


Прегледај го приврзокот 464682

Не знам од кај да почнам. Филмот е направен според книга, не ја знам. Приказна сместена во почетокот на 20тиот век и издигнувањето на Америка. Приказна за Роберт Грајнер, човек што не си ги знае родителите, не си ги знае корените, едноставно е сам во овој свет. Живее сам, работи сезонски како дрвосечач или мајстор на пруги, монотонен живот. Додека не ја запознае Гладус, личноста што ќе му го промени животот. Набрзо сфаќаат дека се еден за друг и формираат семејство. Роберт продолжува да работи сезонски и отсуствува по неколку месеци, пропуштајќи го развојот на своето дете.
Филмот изобилува со прекрасни пејсажи, прекрасни дијалози и атмосфера. Едноставно те тера да се соживееш со прикажаното и да ги следиш животите на инволвираните. Приказна за животот, така би го опишал филмот со една реченица. Роберт дојде сам на овој свет, сам и замина. Прекрасна реченица на крајот.
Сигурно ова е филмот на годината за мене.
@Варвара те молам гледај го.

4.5/5
И за мене во топ 2 филмови на годината. Сега за сега Homebound е првиот, уште сум под импресии.
 
81. یک تصادف ساده / It Was Just an Accident - Jafar Panahi (2025)

1766759870787.png

Третиот филм од кратката листа со странски филмови кандидати за Оскар. Прво, морам да го почнам моето излагање со една мисла која постоеше во мојата глава од почетната до крајната сцена во филмов. Мислам дека е поразително за филмска величина како Франција, држава која ги изродила Годар, Трифо, Жене, Мал, Мелвил, Реноар, Бесон, Варда, Шаброл..., земјата на Жерар Депардје, Ален Делон, Жан Пол Белмондо, Жан Рено, Венсан Касел, Жан Дижарден, Ив Монтан, Жан Луи Тринтињан, Кетрин Денев, Одри Тоту, Брижит Бардо, Софи Марсо, Жулиет Бинош, Марион Котијард, Жули Делпи, Изабел Ипер, Ванеса Паради и многу други, ваков не-француски филм да ги претставува за Оскар. Толку на таа тема. Сега за филмот.

Од Панахи ова ми е втор филм. Го имам гледано само полу-документарниот Taxi од пред некоја година и некако очекував и тука нешто слично, но за среќа ова нема ни Д од документаристика. Станува збор за трилер-драма во која еден азербејџански авто-механичар, Вахид, многу години откако бил заробен од иранските власти, обвинет за предавство на режимот, држен во притвор со врзани очи и малтретиран и испрашуван, се уште има трауми од еден од испрашувачите, па деноноќно го слуша звукот од неговата протетичка нога. Додека еден ден, истиот тој „џелат“ не се појави во неговиот автомеханичарски дуќан. Тогаш Вахид одлучува да ја земе правдата во свои раце... По малку комичен, но длабоко во себе трагедија, It Was Just An Accident е меѓу другото и своевидна автобиографија на режисерот Јафар Панахи кој два пати е затворан од страна на режимската власт во Иран и измачуван во притвор, држен секогаш со превез на очите. Филмот е негово сеќавање како се трудел во секој најмал звук во затворот да пронајде нешто меморабилно, нешто за што ќе се фати и ќе го препознае откако ќе излезе надвор. Зашто кога очите ги нема, слухот е се.

Последната сцена во филмот е навистина добра! Можеби најдобриот крај на филм кој сум го гледал по многу, многу време. Ме потсети многу на тој филмот Phoenix, мислам дека беше предлог на @wot во Филмскиот клуб, сега веќе многу одамна. Сцена без зборови, без текст, сцена во која очите ги нема, но го има звукот, а тој, рековме, е се.

7/10
 
81. Heldin / Late Shift - Petra Volpe (2025)

1766768393617.png

Четвртиот од странските. Значи веќе поминав една четвртина од нив. Овој е претставникот на Швајцарија. Не беше нешто особено популарен во предвидувањата дека ќе влезе во кратката листа, повеќе за Силјан се збореше дека има шанси од овој, но јас го помнам како фаворитот на @Anon уште многу пред да се појави во трката за Оскар.

Обичен, малечок филм за обичниот, малечок човек кој прави големи работи. Просто - се работи за една попладневна смена на една медицинска сестра во болница во Швајцарија каде недостигот на медицински сестри е повеќе од очигледен. Сестрата се обидува да биде на две места истовремено, но ни Супермен не би можел да го издржи ова темпо. Затоа на крајот од филмот е дадена информација дека над 30% од медицинските сестри на глобално ниво се откажуваат од работата уште во првите 4 години. А како и не би.

Сум бил на онаа страна, во болничкиот кревет, и знам колку е тешко и кај нас, во оваа скапана вукојебина во која ништо не функционира. Но има луѓе како од мајка родени, па така сум бил сведок дека и кај нас има медицински сестри и болничари како Флорија. Тешка професија е ова и верувам дека само луѓе кои сакаат да помагаат и имаат големо срце можат да ја работат.

За филмот - те остава саат и пол без да трепнеш на екран. Дека е нешто посебно, не е. Ама дека носи чувства како планина - носи и поголеми!

8/10

ДО СЕГА:

1. Homebound
2. Late Shift
3. It Was Just An Accident
4. Sentimental Value
 
46. 2025

5. Nuremberg


nuremberg-header-1.jpg


После завршувањето на Втора Светска Војна на заробените Нацисти треба да им се суди. Уапсени се околу 20 влијателни луѓе, од кои еден од нив е десната рака на Хитлер - Херман Гјориг (Расел Кроу). Повикан, да прецени дали се спремни за суд, е младиот психијатар Даглас Кели (Рами Малек). Тој воспоставува врска со Херман која се продлабочува и до лично ниво. Психијатарот се обидува да ја добие довербата со цел проучување на карактерот и намерите на Херман.
Филмот инаку е по вистински случувања и по тоа што го читав за Судењета од Нуремберг, се доста добро прикажани. Расел Кроу ми се допадна во улогава, ама Рами некако не можам да го сварам со таа хрчак фаца. Карактерите не беа добро обработени и беше доста површински.

3/5

Со тоа ја завршувам 2025та, Аватар догодина на кино.
 
1. Wake up dead man (2025) (гледан на 25.12.2025) 3/5
Детективот Блан е ставен на сериозен тест, монсињорот Викс е убиен во слепа просторија непосрено по неговата миса, а прстот е вперен во младиот свештеник Џуд. За разлика од претходните делови, немаше голема драматичност и многу акција. Мистеријата се држеше до самиот крај, и секако, стандардно, клопчето постепено се отмотуваше со цел публиката да добие извесни трошки. Постатичен од претходните делови.

2. Thunderbolts* (2025) (гледан на 28.12.2025) 3/5
Уште еден продукт на златната кокошка на Марвел со касичниот рецепт за успех. Имаме индивидуи, антихерои, кои во оваа мисија добиваат херојски нагон за да го спасат денот. Не ми легна најдобро, но дефинитивно се филмови за опуштање, а не за анализирање или извлекување на одредедни поуки и заклучоци.

3. Heart Eyes (2025) (гледан на 29.12.2025) 2/5
Како за слешер, не е лош, нешто налик Scream. Имаше некоја психопатска жичка, што многу ми се допаѓа во овие филмови, сепак требаат поинвентивни и поуникатни убиства со цел да нема монотонија кај овој поджарн.

4. Now you see me: Now you don't (2025) (гледан на 01.01.2026) 3,5/5
Ми лежат овие филмчиња. Прво се лесни, второ има интересна нарација, трето знам дека ќе има големо финале. Бонус се сите трикови и сложувалки распрскани низ филмот.

5. Sinners (2025) (гледан на 02.01.2026) 4/5
Сценариски многу сличен со „Од самрак до зори“, првата половина од филмот е периодична драма, сместена во 20тите години на минатиот век во југот на САД, каде владее Џим Кроу. Втората половина е класичен хорор. Досадни станаа филмовите кои имаат скриена расистичка сенка, ама овој беше убаво скоцкан. Горчината на животот помешана со индивидуалниот дар и стeкнатиот талент...and this is the blues really began.

6. Zootopia 2 (2025) (гледан на 03.01.2025) 3,5/5
Никогаш не ми оделе рецензиите за анимираните филмови, а многу ги сакам. Си го симнав и Cars, кој сеуште не ми е гледан.

Не сакам многу да пишувам за овие фимови, сепак се (релативно) нови и најголемиот дел од членовите сеуште ги немаат гледано. На Нетфликс го излгедав и стенд-ап комедијата на Рики, Mortality (2025). Има одреден пркос кој го прави многу интересен и смешен, доста интелигентен хумор. И пак се фати со џуџињата. :ROFLMAO:
 
Дечки, дали сакате да останеме барем уште една недела во 2025 или да патуваме во друга година уште денес. Јас би останал уште малку во 2025, заради Нова година и зашто сум болен од овој глуп вирус што го покоси Скопје, очигледно, не видов речиси ништо од тоа што планирав од 2025. Неделава, еве уште немам ни еден филм гледано.

Ама како ќе кажете вие.
 
Ама како ќе кажете вие.
Сеедно. Тука сум до 11ти, што значи дека немам брз интернет и можам да гледам единствено што има на тв, она што го имам симнато и она што го има на Нетфликс.

Да искористам прилика, вчера (технички сабајле во 1) го изгледав и The rats: А witcher tale (2025) 2/5. Воопшто не сум фан на The Witcher, стигнав дури до 3тата епизода, но анимираните филмови, како привезоци, многу ми се допаднаа. Ова е филм, мислам изолирана приказна, гледлива, ама ништо повеќе. Да не беа специјалните ефекти, ќе мислев дека е аматерски филм.
 
82. Belén - Dolores Fonzi (2025)

1767536815502.png

Или аргентинскиот кандидат за Оскар, исто дел од кратката листа од 15 филма. Во Аргентина до пред некоја година абортусот е нелегален и криминален акт. Ако си трудна, макар и 11 годишно девојче да си, мора да го родиш. Филмот е вистинска приказна за жена во конзервативен северозападен регион во Аргентина која еден ден добива сериозни болки во стомакот и оди во јавна болница. Бидејќи и самата не знае дека е бремена (во рана фаза на бременост е), докторите се сомневаат дека е напад на слепо црево. Додека чека да ја прегледаат, оди во тоалет каде доживува спонтан абортус и се онесвестува. Медицинските работници „и подметнуваат“ абортиран фетус од 30 и не знам која гестациска недела кој го нашле во друг тоалет на болницата и истата е обвинета за убиство на своето дете и инстантно стрпана во притвор, а подоцна осудена на 8 години затвор за убиство на дете. Институционално битката е изгубена но една адвокатка и нејзиното семејство решаваат да помогнат...

Јужноамериканците честопати знаат да побегнат кон овој жанр на филмската уметност - драми за мали обични луѓе кои преку својата приказна ја промениле земјата, па и светот. Таков беше и минатогодишниот освојувач на Оскар, бразилскиот I'm Still Here. Но овој, иако потресна приказната, а исто така и мотивирачка, сметам дека е далеку од Оскар. Гледлива, интересна полу-процедурална драма, но правена по шаблон да се допадне на вокерската публика во Академијата во САД. Крајно феминистичка, до таа мера што речиси и да немаше машки актери во филмов, максимално беа маргинализирани. Но сепак, моментот со „вистинска приказна“ секогаш функционира кај мене и ми го прави филмот. Овој ми е некаде измеѓу 6 и 7, ама сепак 6/10 ќе му дадам зашто беше послаб од сите други во кратката листа кои ги гледав.

ДО СЕГА:

1. Homebound
2. Late Shift
3. It Was Just An Accident
4. Sentimental Value
5. Belén
 
83. Zootopia 2 - Jared Bush, Byron Howard (2025)

1767567816983.png

Првиот филм од 2025 кој не е на кратката листа за Оскар за интернационален. Го гледав заедно со децата и на нив многу им се допадна. Имаше многу моменти каде тројцата се смеевме до солзи на филмов. Мислам дека воопшто не заостанува зад првиот дел, затоа и иста оценка му дадов = 8/10. Има навистина интелигентен хумор. Од првиот дел остана meme-то со мрзливецот, а тука има друг, можеби уште посмешен сегмент со истиот мрзивец (кој btw се вика Флеш :pos: ). Баш вакво нешто барав во Филм и ТВ темата. Никој не ми го предложи ова, сам си одлучив да го пуштам, ама стварно полн погодок беше!
 
Сепак мислам дека доста беше со 2025. Ќе си ги изгледам останатите планирани филмови онака, надвор од предизвиков. Одиме во ново време:

1767568633292.png

Патување 46: 1967 - 05.01-18.01.2026

Пожарот во вселенското летало Аполо 1 уби тројца астронаути со што американската вселенска програма била прекината. Битлси го издаваат албумот Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band, еден значаен темелник на контракултурата во 1960-тите. Илјадници Американци протестираат пред Пентагон заради војната во Виетнам. Че Гевара е фатен и егзекутиран во Боливија.

1967 на филм е една од годините каде многу значајни филмови се појавуваат на филмското платно. Меѓу нив: Bonnie and Clyde, The Graduate, Guess Who's Coming to Dinner, Cool Hand Luke, The Dirty Dozen, In Cold Blood, In the Heat of the Night, The Jungle Book и You Only Live Twice.

Во 1967 се родени: Лора Дерн, Бенисио дел Торо, Кони Брајтон, Пол Џиамати, Никол Кидман, Памела Андерсон, Вил Ферел, Вин Дизел, Филип Сејмур Хофман, Мет ЛеБланк (Џои од Пријатели), Џејрон Статам, Том Холандер, Луи Си Кеј, режисерот Дени Вилнев, Лив Шрајбер, Гај Пирс, Џулиа Робертс, Ванила Ајс, Мајкл Чемберс, Џими Кимел, Марк Рафало, Ен Никол Смит, Џад Апатоу, Мо'ник, Џејми Фокс, Миранда Ото и многу, многу други.

Заминале во вечното почивалиште: големата Вивиен Ли, Џудит Евелин, писателката Дороти Паркер, Спенсер Трејси, Џејмс Дан и многу други. Слава им!

На филм за прв пат се појавиле: Ричард Драјфус, Феј Данавеј, Сем Елиот, Морган Ферчајлд, Роберт Форстер, Џејмс Гемон, Дастин Хофман, Ентони Хопкинс, Харви Китл, неодамна починатиот Роберт Реинер, Мартин Скорсезе како режисер, Раде Шербеџија, Мартин Шин, Џон Воит, Џин Вајлдер и други.

1767569923714.png

Оскарот го освојува, по мене, еден од најубавите Оскаровци, ever! In The Heat Of The Night. Ако не сте го гледале, да го гледате, обавезно!

1767570001076.png
1767570034770.png

1967 се снимени и нашите: До победата и по неа, Македонска крвава свадба, Мементо и Каде по дождот.

Листа со сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/40th-academy-awards-oscars-1968/
 
84. Guess Who’s Coming to Dinner - Stanley Kramer (1967)

1767641179637.png

Филм номиниран за Оскар за најдобар филм и уште во 9 категории таа година, и освојувач на 2 Оскари: за најдобра женска улога на Кетрин Хепберн и за најдобро оригинално сценарио. Но се памети и по последната номинација доделена постхумно на Спенсер Трејси за најдобар актер во главна улога. Спенсер Трејси бил многу болен за време на снимањето на филмот и затоа целата продукција очекувала дека може да останат без него додека трае снимањето, па снимале истовремено 2 верзии на сценариото: една со него, една без него. Трејси починал само 17 дена по завршување на снимањето. Кетрин Хепберн, пак, никогаш не го гледала готовиот филм зашто сметала дека ќе биде премногу болно за неа заради загубата на Спенсер Трејси. Дури не ни присуствувала на доделувањето на Оскарите каде и го освоила Оскарот.

Неверојатен филм! Какви само феноменални актери од прв до последен! Сидни Поатје, Спенсер Трејси, Кетрин Хепберн, Кетрин Хјутон и Беа Ричардс особено - :cuc::cuc::cuc:. Се работи за млада девојка која се враќа дома по одмор на Хаваите со својот свршеник со кој наскоро треба да стапат во брак. Но „проблемот“ е што нејзиниот свршеник е црнец, па така сите ставови и однесувања и на нејзините и на неговите родители и блиски ќе бидат преиспитани! Драма која се базира на дијалози (неверојатно сценарио, сосема заслужено зел Оскар. Особено крајниот монолог на Спенсер Трејси беше неверојатен!) и прекрасна актерска игра. Навистина позитивно бев изненаден од филмов, иако очекував дека ќе биде добар. Вкупно пет пати во цел филм го има и N-зборот, и тоа 3 пати од Кетрин Хепберн и 2 пати во говорот на Спенсер Трејси на крајот и се чини дека никому не му смета.

Филмот, инаку, најдобро може да се опише како „поема за љубовта“. Има таква некоја лиричност во него што навистина го прави да изгледа како една голема поема. Love is love, што викаат денес. :D

8/10
 
85. The Graduate - Mike Nichols (1967)

1767735853202.png

Дипломецот на Мајк Николс е еден од ретките култни филмови од историјата на филмот кој го немав гледано. Ни сам не знам зошто. Сега, кога го гледав прв пат некако ми станаа многу појасни еден куп референци насекаде во поп културата за него. Ова е меѓу другото и филмот кој мислам дека најсовршено ја објаснува кратенката MILF. :D

Добар филм, навистина добар! Иако можеби бил контроверзен во тоа време, можеби и денес некои го гледаат со исти очи, но за мене беше филм за пронаоѓањето себеси, за откривањето на сексуалноста и за тоа како некои патишта чудесно водат кон љубовта. Младиот Бен кој штотуку дипломира на колеџ, едно лето ја открива за прв пат сексуалната страст со далеку постара жена од него - г-ѓа Робинсон, пријателка на неговите родители. Навистина се (траги)комични сцените од првата половина од филмот, се изнасмеав. :D Подоцна за прв пат ја открива и љубовта, но проблемот е што тогаш е инволвирана младата ќерка на неговата дотогошна „учителка по секс“...

Сцената од постерот, некои реплики како „Oh no, Mrs. Robinson. I think, I think you're the most *attractive* of all my parents' friends. I mean that. I find you desirable.“, улогата на Дастин Хофман како младиот и наивен дипломец Бен, „Sound of Silence“ на Сајмон и Гарфанкел и „Mrs. Robinson“ на Битлси - ова не е само филм, ова е цела епопеја од култни симболи кои и ден денес, повеќе од 55 години потоа, функционираат сосема добро.

8/10
 
86. Casino Royale - Val Guest, Ken Hughes, John Huston, Joseph McGrath, Robert Parrish (1967)

1767784590828.png

Иако знаев во што се впуштам, свесно одлучив да си го упропастам божиќното утро. Филмов е КА-ТА-СТРО-ФА!

Ова не е официјална EON продукција на Џејмс Бонд филм, туку е сатира / пародија за филмовите со Џејмс Бонд, снимена од Колумбија Пикчрс. Но и како таква не функционира! Замислете, дури 5 режисери го снимале филмов, актерскиот состав е навистина ѕвезден: Дејвид Нивен како Џејмс Бонд, но и Питер Селерс, Урсула Андрес, Орсон Велс, Вуди Ален, Дебора Кер, Жан-Пол Белмондо и многу други, а сепак испаднало калакурница во која нема поврзаност помеѓу една сцена со друга. Ова е нешто во стил на Scarry Movie, многу пред него.

Некаде околу саат и дваесет минути го издржав, и после почнав да скокам, морам да признаам. Немав сили веќе да гледам бесмислици. Не сум јас голем фан на Бонд универзумот, на прсти на една рака се бројат филмовите кои ми се допаднале, па и да беше сериозна EON продукција не верувам дека ќе земеше висока оценка. Ама вака, ова вреѓа интелигенција. Милион жени ставиле во филмов за да го направат што по-сексистички можно. Актерите сите (освен Питер Селерс кој многу добро одглуми дека го глуми Џејмс Бонд) беа ужасни. Прочитав еден коментар, вика: кога помислив дека филмов не може да биде полош, се појави Вуди Ален.

Плус, го имам гледано вториот Casino Royale, првиот со Даниел Крег како Бонд, и тој е еден од тие кои ми се допаднаа, што значи не е до plot-от. Тука plot немаше.

И не знам зошто уште се објаснувам. Немој случајно да ви текнало да се заебете ко мене. 2/10, значи оценка плус само зашто ова е замислено како сатира, иако, реков, и како таква не функционираше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom