Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ме интересирало од секогаш, вртење полукружно на Партизанска пример дали е казниво или не.
Постои знак во сообраќајот забрането полукружно вртење кој не е поставен никаде.
И сеа еве под претпоставка и за тоа да казнуваат камерите, се движам низ Влае а треба да се вратам кон Центар, морам ли до првиот ебен кружен кај Ѓорче да возам?
 
Не.
Смееш кај Сити Мол, ама полека треба знае да е зелено и за пешаци. Смееш кај Антико и во Влае.
Смееш и пример од Карпош кон Центар кај Рузвелтова.
Кај Соборна мислам не смее. Ама мислам. Не ме фаќај за збор.
 
Битно е да се почне, макар со посериозни сообраќајки.

Верувам дека евентуално ќе се набават некој drug test kit па ако покаже позитивно те праќаат/носат у амбуланта.

Таман еден традиционален тендер некој да лапне.

Прегледај го приврзокот 463939
... ги има сите урин тестови и кај нас со што може да се детектира во дадената урина - канабис марихуана, екстази, кокаин, морфин, бензодиазепини, метадон, а еден тест не повеќе од 20 денари, дури сксот(мастика за џвакање) е поскапa, каков тендер на 20 денари еден тест ќе се лапало тендер...
 
Mислиш кој е крив?
Криви се властите, што дозволуваат да се паркира вака.

Или мислиш кој е „во право“ од овие двајцата?
Ако претпоставиме дека не е едносмерна улицата, тогаш тој со плавиот автомобил не е во право: Затоа што неговата лента е блокираната лента. Теоретски можеше да се бутне да направи место да поминат од спротивниот смер. Ова е чисто теоретски муабет пошто имаше други аута и од двете страни. Сјeбaни се сите што мора почесто да поминуваат од овде. И вакви примери со буквално блокирани улички има многу.

Што треба да се направи?
- Да се забрани паркирање на улици, посебно на вакви улички.

Што веројатно ќе се направи (ако се упорни некои да пишуваат поплаки)?
- Ќе воведат едносмерен сообраќај.
 
... што мислите кој е тука во право?
по правила на возење Ванлок е у право. Првенство има оној кому не е блокирана лентата. Ама по наши правила е оној кој е побудала.
 
улицата не е приоритетна,споредна небитна улица каде сообраќајот се одвива со шоферска солидарност ради разно разни препреки како примеров со паркирани возила
 
Што треба да се направи?
- Да се забрани паркирање на улици, посебно на вакви улички.
... некој им пресуди на непрописно паркирани возила! :D
сега кој ќе е крив?

Последно уредено:

Го разбирам човекот. Преку к. ни иде на многумина и... Некад ќе пукне филмот. Па сеедно што не е во ред така. Пошто луѓето сите идат по линија на помал отпор. Или прво некој искористил коруптивни методи да добие дозвола да гради зграда на место каде се предвидени куќи - и на уличката наместо 7 има 47 аута. И паркираат каде стигнат. Не можеш детето да го прошеташ со количка, ма нема една кола каде да помине а не две коли да се разминат.

Едностано не е нормално онаму онака да се паркираат. Ама некој што е гласан и избран за да ги решава проблемите: Не си ја работи работата. Се толерираат секакви срања и ретардации. И после на некој му пукнал филмот. Епа ќе му пукне... Ама џабе, пошто ќе стават камери и ќе го фатат, и после пак по старо.

Треба како во некои посредени држави што се работите: Сакаш да поседуваш кола? Значи не да возиш, туку да поседуваш кола? ОК, ама покрај возачка дозвола ти треба и доказ за поседување на паркинг место. Крај на приказната.

Не може бре во фамилија да има 2-4 аутомобили, и сите паркирани на улица. Па уште и хаварисани аута се толерираат, со децении стојат паркирани.
 
Сериозно ова?

Прегледај го приврзокот 464143

Значи моеш да се направиш тиква, да се преиздрогираш и да возиш, да возиш у спротивна, сите три гоолеми шанси да утепаш некој, и казна од 3 месеци до 3 ГОДИНИ?
Па браво бе.
Камерите ви се значи стаени за пунење џебови. Со вакви глупи закони, не средувате сообраќај.
Глупаци
Имаше сабајле за тој од Радовиш без таблици а со 2.1 промил, ама куцнав Радовиш 2.1 други излегоа, овој уште не е у Гуглето..инако во Уса има ПРЕСПИВАЊЕ во станица ако си возел над 30% над спеед лимит, на пример ако е 40 миљи а ти си возел 55 миљи...ама за 3 месеци затвор неаме Капацитет затворски...А ако и уведат, ќебиде глупаво, како за кого, Кривосудна Фела не верувам ни Камери дека ќе изгласа...абе тие човек да згазат мува не ги лазе...

имало на 13.12. измерено 2.35 промили
Автоматски споено мислење:

... некој им пресуди на непрописно паркирани возила! :D
сега кој ќе е крив?

Ова разбирам, амо почнале да издишуват гуми на возила што не биле од нивна зграда, и тоа регистрирани а Јавен паркинг... А од зградата има Нерегистрирани со ГОДИНИ, ама мува не ги лазе, а МВР има Закон ама не им ги одзема таблиците....те избори те други глупости...
Автоматски споено мислење:

по правила на возење Ванлок е у право. Првенство има оној кому не е блокирана лентата. Ама по наши правила е оној кој е побудала.
Кај нас е спротивно, ако застане некој у лента, тие зад него мислат дека имаат право да го претицаат и тоа не една кола туку сите зад него , а тие од другата страна требало да ги чекаат...и во спротивна насока се силат, ај да видам МВР. дали ќе почне да казнува...патем Блокирачи не се казнуваат, се блокират раскрсници, влез обележен за пожа4на и итна помош и тоа со саати и сите молчат, а треба да се викне пајак...
 
Последно уредено:
Го разбирам човекот. Преку к. ни иде на многумина и... Некад ќе пукне филмот. Па сеедно што не е во ред така. Пошто луѓето сите идат по линија на помал отпор. Или прво некој искористил коруптивни методи да добие дозвола да гради зграда на место каде се предвидени куќи - и на уличката наместо 7 има 47 аута. И паркираат каде стигнат. Не можеш детето да го прошеташ со количка, ма нема една кола каде да помине а не две коли да се разминат.

Едностано не е нормално онаму онака да се паркираат. Ама некој што е гласан и избран за да ги решава проблемите: Не си ја работи работата. Се толерираат секакви срања и ретардации. И после на некој му пукнал филмот. Епа ќе му пукне... Ама џабе, пошто ќе стават камери и ќе го фатат, и после пак по старо.

Треба како во некои посредени држави што се работите: Сакаш да поседуваш кола? Значи не да возиш, туку да поседуваш кола? ОК, ама покрај возачка дозвола ти треба и доказ за поседување на паркинг место. Крај на приказната.

Не може бре во фамилија да има 2-4 аутомобили, и сите паркирани на улица. Па уште и хаварисани аута се толерираат, со децении стојат паркирани.
... не знам зошто не го решат проблемот, а и финасиски после исплатливо со градење на објекти= неколку катни гаражи! :toe:

- ем колите заштитени и наместени под покрив цакум пакум,
- ем улиците и тротоарите испразнети од паркираните,
- ем општината финасиски ќе има бенефит од годишна ќирија од тие катни гаражи! :toe:
 
А ти мислиш Драган со Опел Корсата од 1997ма ќе плати годишна ќирија во катна гаража која горе доле е еднаква со вредноста на неговата кола?
Пак ќе ја остаи на улица макар 100 катни имало.
 
Како би било со странците и со safe city ме интересира? Како би добиле они порака?
 
Сејфсити изгледа не фаќа паркирани возила, стотици и стотици со неисправни штопови или задни светла, стотици кои застануваат сред раскрсница кога е гужва итн итн.
За сигурен град, посебно важи за булеварите (па и за другите улици), не се паркинзи. Не може бе сервисна улица близу градинка да изиграва паркинг од двете страни само затоа што градоначалниците давале и давале кај стигнат места за згради. Или ограничување на 30 има 20 метри после градинка, наместо пред градинка. Земја будалија.
За сигурен град, не само зелен бран туку комплетна сигнализација треба да се смени. Добар дел од пешачките семафори или зебрите немаат никаква функција. Во рок од 50м три или 4 +1 пешачки има пред ГТЦ. Копчињата на семафорите не работат. Пешачкиот пред рекорд може исто да се избрише, има 2 раскрсници на 100-200 метри од него.
Ако се вклучи зелено на семафор кај црвен крст за од рампа налево кон рекорд, мора тој кај градска за икс секунди исто да се отвори зелено. Инаку вакви застои постојано ќе гледаме (и осеќаме на наш грб). Има многу што да се преправа од ова кое е останато од екс Ју сообраќајот.
На страна осветленоста на улиците е ко да си у Мариово. Прашање е сакаме сејф или фејк сејф.
 
Abe preselise vo Prilep ce imas 5 semafori da gi vozis. Vo najcest slucaj so 2 semafori vo denot ce vrvis. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom