Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Ај интернист е полесно да најдеш. Ама уролог никако. А постојат хронични состојби за кои само тој може да препише лекови. Уште полошо со она што го воведоа за продолжување/менување терапија во рок од 1 година или њама лекови. Полошо без подготвен систем. Најчесто, во 90% од времето е вака
Прегледај го приврзокот 464173

Денови на машко здравје уште го промовираат
... затоа што дозволиле да работаат истите и во приватно здравство, да бидат и професори, па не можат да бидат присутни истовремено на три страни, каде највише имаат интерес таму се поприсутни токму каде не е Мој термин!

еве на пример,
ЈЗУ Универзитетска клиника за Урологија,

Screenshot 12-20-2025 16.34.36.pngScreenshot 12-20-2025 16.34.53.png
Screenshot 12-20-2025 16.35.40.pngScreenshot 12-20-2025 16.35.28.pngScreenshot 12-20-2025 16.35.14.png

Screenshot 12-20-2025 16.40.28.pngScreenshot 12-20-2025 17.04.34.pngScreenshot 12-20-2025 17.05.38.pngScreenshot 12-20-2025 17.06.24.png
Screenshot 12-20-2025 17.07.52.pngScreenshot 12-20-2025 17.09.02.pngScreenshot 12-20-2025 17.09.45.png
...научен соработник по хиругија Виктор Станков нема ниеден ден Мој термин, тато му е раководител на Катедра по хирургија...итн, итн функции, непотизам и овде? синот кај тато научен соработник? :facepalm:

... скоро сите овие уролози -14 горе доле имаат во два месеци т.е. во 56 дена без викенд 17 дена, вкупно 39 дена работни само 3 дена до 6 дена работа во амбуланта на Мој термин, ако 14 уролози имаат просек да речеме во 39 работни денови без викенд за два месеци просек 3 до 6 дена Мој Термин 14 х 3 дена или 14 х 6 дена = 42 дена или 84 дена што ги покриваат секојдневно на клиника на урологија да бидат присутни по 20 минути преглед за 8 ч да речеме секој ден по 24 пациенти преглед и толку е капацитетот за еден, (ако се додадат и ноќните дежурства и нивно остуство следните два дена има друга математика),
... ако во тек на еден ден се 3,4 уролози со Мој термин значи 100 пациенти дневно, би била фрекфенција, но ако се додадат приоритетните прегледи и тие на ВИП пациенти, би дошло до поголем бројка, но не доволно да се покрие целото население на главниот град и провицијата за уролошки проблеми, а и нивното присуство во амбуланта на Мој термин е многу редуцирана што им е основна работа, премногу се отсутни во овој дел поради други причини!

... евентуално ако се уролошки хирурзи можеби на термин за оперирање, све другите денови им се тамте вамте, слободни од ноќно дежурство, по факултети, по приватни ординации, е па ако тоа им се некако укине и да имаат сите уролози секојдневно Мој термин и само ноќно дежурство, тогаш ќе биде друга песна, вака не може еден уролог да седи на три столици наеднаш и на факултет и во амбуланта и во операциона сала и во приватната ординација... премногу избор лежерен им се даде со што само Мој термин трпи нема ниту квалитет, набрзина преглед зашто тука нема финасиски интерес урологот од пациентот, боли вистината, ама тоа е тоа :toe:

...како може да им се дозволи да за работно време на клиника, да им се дозволи присуство на факултет, значи плата и од клиника и од факултетот, а присутни на двете места истовремено- утре сабајле, паметни бе!
 
Последно уредено:
Ај интернист е полесно да најдеш. Ама уролог никако. А постојат хронични состојби за кои само тој може да препише лекови. Уште полошо со она што го воведоа за продолжување/менување терапија во рок од 1 година или њама лекови. Полошо без подготвен систем. Најчесто, во 90% од времето е вака
Прегледај го приврзокот 464173

Денови на машко здравје уште го промовираат
Има специјалисти ама кога сакаат одат на работа кога не сакаат не одат и никој ништо не им може. Патем ова за хронична терапија е огромна глупост која троши време на буквално сите арно ама МЗ/ФЗО никако да ги подноват правилниците, уште има во употреба правилници од рани 2000 години.

Мене најсмешно ми е кога на пациент (на пример) со отворена рана не може да му се препише амоксиклав бидејќи може да се напише само на одбрани дијагнози па така мора да пишеш дека пациентот има бронхит со цел да може да го земе лекот. :LOL:

Или пак на пример донепезил кој оди само на G30 па неврологот дали заборавил дали толку е писмен и нема да ја напише па ајде назад да се враќа дедото до клиника да го бара за да му го корегира извештајот.
 
... а капки за очи, само тобрамицин како антибиотик, на повторена инфекција мора пак кај офталмолог?:(
... статини само кај интернист, како да липидниот статус со една доза ќе се среди!:(
 
И со ticagrelor имаше таков некој проблем. Со I21 оди преку фонд, а специјалистите не ги користат соодветните дијагнози. Па оди објасни се.
Автоматски споено мислење:

... а капки за очи, само тобрамицин како антибиотик, на повторена инфекција мора пак кај офталмолог?:(
... статини само кај интернист, како да липидниот статус со една доза ќе се среди!:(
Статини може да препишува и матичен лекар.
 
... а капки за очи, само тобрамицин како антибиотик, на повторена инфекција мора пак кај офталмолог?:(
... статини само кај интернист, како да липидниот статус со една доза ќе се среди!:(
Тобрамацин е приватен додека тобрамацин со дексаметазон паѓа под товар на фонд и е малку сива зона, од една страна се дава антибиотик само за краток период нели но од друга страна може да се повтори инфекција зошто една година е долг период па практиката е да се препише пак бидејќи реално има потреба пациентот од лекот a трошење на време и ресурси е да се праќа до офталмолог само за тоа.

Фала Богу го средија проблемот со статините пред 2-3 години, сега може и матичен да препише но прво треба да процени ризик фактор со холестерол и HDL. Инаку ако некој ја видел SCOR-2 табелата ќе примети дека и со нормални резултати сите над 60 години имаат ризик да развијат КВЗ.

И со ticagrelor имаше таков некој проблем. Со I21 оди преку фонд, а специјалистите не ги користат соодветните дијагнози. Па оди објасни се.
Моментално најголем проблем со грешење на dg е со клопидогрелот а втор е донепезилот. Македонските кардиолози обожаваат да го препишат клопидогрелот иако често се употребува од неколку дена до неколку месеци, максимум 1 година но не знам зошто дали ради реда што работат дали некоја друга причина сум видел како го даваат со години откако пациентот е стентиран.

Тамсулозинот ретко но се случува да биде препишан на жена а може да се издаде само на N40 дијагноза или бенигна простата па малку е глупо да се стави оваа дијагноза па си ги купуваат приватно.
 
Последно уредено:
Фала Богу го средија проблемот со статините пред 2-3 години, сега може и матичен да препише но прво треба да процени ризик фактор со холестерол и HDL. Инаку ако некој ја видел SCOR-2 табелата ќе примети дека и со нормални резултати сите над 60 години имаат ризик да развијат КВЗ.
Па и логично е лицата над 60 години да имаат зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања дури и со нормални резултати на холестерол и HDL. Стареењето само по себе ја намалува еластичноста на крвните садови и го оптоварува срцето, а и многу други фактори се акумулираат со тек на години. Не е само холестерол и HDL, туку и дијабетес и други коморбидитети. Едно мерење на лабораториски вредности покажува само моментална состојба, додека кардиоваскуларните болести се развиваат со години. Така што возраста и те како е фактор што не треба да се занемарува.
 
Па тоа го кажувам, сите знаеме за ова но требаше колку време да помине за да се сменат правилниците за препишување на статини? Тоа беше огромна главоболка порано па и тогаш можеа да се издаваат само на E78, па ајде заебал работа интернистот/кардиологот/ватевер па барај описна дијагноза па ако нема тогаш назад да го бара да му го среди извештајот.

Уште постои проблемот што го отвори Луртз со тоа што за статините и АРБ нема потреба да се праќа човек до специјалист за препис но за се останато си е исто.

Познавам една колешка која пред едно 5-6 години и дојде пациент со извештај поради повреда на око, имаше запишано дека треба амоксиклав да се издаде, она го издала со S некоја дијагноза и за тоа и дојде контрола од фонд...
 
Истото е и за w54 и w57. :D
 
Моментално најголем проблем со грешење на dg е со клопидогрелот а втор е донепезилот. Македонските кардиолози обожаваат да го препишат клопидогрелот иако често се употребува од неколку дена до неколку месеци, максимум 1 година но не знам зошто дали ради реда што работат дали некоја друга причина сум видел како го даваат со години откако пациентот е стентиран.
Yes yes, clopidogrel, prasugrel, ticagrelor….тоа кога ќе видев на извештај ми беше најтешко да се објаснам што треба да се направи за да се реши проблемот. Иако и на фонд не се баш ефтини лекови, ама на некого му значат тие пари.

Тамсулозинот ретко но се случува да биде препишан на жена а може да се издаде само на N40 дијагноза или бенигна простата па малку е глупо да се стави оваа дијагноза па си ги купуваат приватно.
Ова е вреѓање на интелигенцијата, ама да :D

Али гледај на тоа дека специјалистот прв си ја вреѓа интелигенцијата, ти само си препишуваш хаха.
 
Тобрамацин е приватен додека тобрамацин со дексаметазон паѓа под товар на фонд и е малку сива зона,
... мислев дека си матичен, па знаеш дека и за ,,приватните" лекови треба да биде препишан на рецепт (розев) посебно за антибиотик!
 
Прегледај го приврзокот 464160Прегледај го приврзокот 464161

... како што скоро кај сите софистицирани апарати излегуваат резултати на дијагностиката со текст и опис на направеното, посебно ЕКГ апарат со сите параметри и со дијагноза кардиологот само ќе го препише, ама и тоа некои не се способни да го направат ако немаат основа, затоа што во денешно време дипломата не значи дека е образуван или дообразуван, штом се учи онлајн, а не физички на лице место, а и тие физички присутни на лице место само се муваат таму ваму да научат нешто од гледање, а ниеден ветеран професор нема да го пренесе неговото долгогогодишно искуство на некој специјализант без дебела платена услуга, така да тури му пепел на сите специјализации, ако тој нема посебен третман платено дебело!

Прегледај го приврзокот 464166Прегледај го приврзокот 464167Прегледај го приврзокот 464164
Прегледај го приврзокот 464168

... за да се биде добар специјалист треба да биде добар општ лекар да има познавање од секоја гранка на медицината, а ќе специјализира односно ќе стане експерт за еден орган, кај нас најчесто специјалистите се експери само на својата специјализација и толку, немат појма за ништо друго, ако е кардиолог нема појма за уролошки, ортопедски проблеми, буквално не може да поврзе ниеден друг здравствен проблем од друг орган освен срцето, а и таму некако денес потфрлува!

...интересно како и зошто се преќутува веќе примените со решенија специјализанти во ОБ 8ми цептември, барем не видов не слушнав на ниеден јавен медиум или сум го пропуштила тоа? :toe:
Ова што го напиша за ЕКГто и апаратот кој ги толкува резултатите, само кажува дека воопшто не работиш со кардиолошки пациенти и нивни ЕКГа.

Далеку се софтверите назад кога станува збор за интерпретација освен кога станува збор за нормално ЕКГ.

Ignorance is a bliss
 
Тоа е идиот. Ништо не погодува. Зборам за екг апаратот, да е појасно.
 
Ова што го напиша за ЕКГто и апаратот кој ги толкува резултатите, само кажува дека воопшто не работиш со кардиолошки пациенти и нивни ЕКГа.
Далеку се софтверите назад кога станува збор за интерпретација освен кога станува збор за нормално ЕКГ.
Ignorance is a bliss
... како можеш да знаеш искуството мое од овде, кога ти си таму во ЕУ, видовид да не си?
... ги дава измерените параметри на ЕКГ хартијата и со текст дали се во нормала, ако не се- ја дава можната ситуација на абнормалност!
 
Back
На врв Bottom