- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 25.284
- Поени од реакции
- 43.145
Клековски: Започнуваме процес за децентрализација и регионализација на здравствените услуги - МКД.МК
Во изјава за медиумите, Клековски појасни дека се работи за сесија за започнување на разговорите, преговорите за основен надомест на здравствените установи. Тоа е, рече, еден процес во кој се одредува буџетот на здравствените установи за 2026 година, што се состои во аплицирање со соодветни...
... проблемот на централизација и навала на пациенти во терцијално здравство над 70 % во клиниките на ,,Мајка Тереза" е поради немање на апаратура во болниците во регионот, а ако ја има пак нема знаење за нејзина примена и читање на резултатите.
... вие не можете матичните гинеколози да ги спречите буквално јавно ,,да крадат" наплатувајќи на пациентки прегледни услуги кои се бесплатни, па ќе го стабилизирате примарното здравство, пази да не!
...изведувањето на оперативни услуги во терцијално здравство најчесто се изведува со главен хирург доведен од скопските клиники или од болниците од соседните држави и дебело им се исплаќа, а вработените тамошни регионални хирурзи само гледаат евентуално асисираат, но никако самостално да оперираат, а во јавноста и во самата болница се води како тие да ја извршиле сами операцијата, а тие еден скалпер не можат да држат во рака, а не ќе оперираат сами, затоа е навалата во скопските клиники и како тоа ќе го децентрализираат кога кадарот способноста и титулата ја имаат само на хартија, ама на дело немаат ни знаење, па со тоа ни храброст сами да оперираат. ( да не ја спомнам струшката трудница што при пороѓај и ги извадиле и бубрегот и други органи, тоа е све од непознавање на човечка анатомија, ни знаење за постапка при хеморагија)
Министерот Алиу: Приоритет е децентрализација на онколошките здравствени услуги
Приоритет на Министерството за здравство е децентрализација на онколошките услуги во државата, започнавме со клиниките и здравствените институции...
... причам ти причу, од секој министер за здравство, па сега и од овој, децентрализација на онколошките здравствени услуги не може да се изведе, затоа што гужвата во скопската клиника за онкологија е поради радиотерапија, а не поради добивање онколошки лекови.
.....клиничките болници веќе 4 години амбулантски ги издаваат таблетарно или им даваат интравенозна онколошка терапија на пациентите регионално, освен од овој месец лекот anastrazol таблети за болни од канцер на дојка, кој се издава на рецепт по аптеките,

Додека го активираат акцелераторот во Битола сите ќе изумреме, реагираат пациенти битолчани - Слободен печат
Откако неодамна изби скандалот со „лекувањето“ на болните од малигни заболувања на Клиниката за онкологија во Скопје и во Битола болните од карцином повторно го кренаа својот глас за нивните маки и патешествија во лекувањето на нивните малигни болести. Болни од карцином, членови на Здружението...
www.slobodenpecat.mk
... зрачењето т.е. радиотерапијта се изведува во скопската Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија поради немање функционални апарати, акцелератори, ни кој да работа со нив,

...ниту заштитена просторија (бункер)од зрачење каде би се сместил, дали тоа министерот Алиу го знае или онака како ќе му кажат зашто не е медицинско лице,

... па изгледа не разликува лекување со онколошки лекови и лекување со зрачење за различни фази на здравствени услуги на пациенти со канцер.
Нераспакуваниот акцелератор во штипската болница оди во отпад - ЛокалАктив
Акцелераторот кој за онколошка терапија на болните од карцином веќе 11 години стои нераспакуван во просторија во Клиничката болница – Штип, за кој е платено 2 милиони евра, ќе биде однесен на отпад. Во 2014 година беше ставен камен темелник на бункерот каде требаше да биде поставен уредот, но...
lokalaktiv.mk
Sport365.mk – Спортски Вести, Рецензии на Казина и Топ Понуди во Македонија
Откријте ги најдобрите онлајн казина со нашите експертски прегледи и оценки. Играјте паметно со најдобрите бонуси и избор на игри.
...гужвата централно е поради радиотерапија, како тоа ќе се децентрализира без овие горе наведени услови, не знаат што зборуваат, колку да се каже нешто дека се работи новитети, ни ја вреѓаат интелигенцијата!
Последно уредено:









