Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
На децата на комуњарите и црвената буржоазија не им требаат фори од типот на испраќање други доктори по села за да си го завземат местото што им следува од чукун дедовците.
Во некоја замислена ситуација, во која вакво нешто би се спровело и би било неселективно, многу нешта би се поправиле во системот, меѓу кои и наследните позиции на тие десетина фамилии што колат и бесат по здравството.

Третирање на амбулантите како буквални деловни простори и меѓусебно танте за кикирику би било многу отежнато кога добар дел од нив би биле акнати по внатрешноста од каде базенот за влечење рушвет би бил помал.
А зошто би се давало рушвет?

Се знае кои се одговорностите на медицинскиот персонал!

Прашањето е зошто правниот систем се прави на сила слеп на овие аномалии каде пациентот е принуден да дава рушвет за да го добие она што по закон му следува!
 
Простиот одговор е зашто наместо правда овде имаме cost-benefit анализи . Сложениот би бил дека како мала средина неминовно страдаме од распростанет шуробаџанизам, кој поради неможност да го сузбуеме со некакви си морал и етика, останува да го разбиваме со физички преместувања. Едноставно, преголема моќ собраа еснафските кланнови и нешто мора да се превземе. Епизодата кога ги баталија матичните партии на страна и здружно изрипаа против учинокот, требаше да е сигнал за нешто, а тој сигнал беше игнроран.
На крај краева, и пациентот од Радовиш плаќал за да се едуцираат синчињата на чаушите од Скопје, и нема што да им се објаснува зашто се на работа во амбуланта во Радовиш. Ако нејќе, ене му ја Германија, па нека работи со оценките што му ги средувал татко му да видиме.
 
Едноставно, преголема моќ собраа еснафските кланнови и нешто мора да се превземе. Епизодата кога ги баталија матичните партии на страна и здружно изрипаа против учинокот, требаше да е сигнал за нешто, а тој сигнал беше игнроран.
За да биде апсурдот поголем, чоекот дури и го сатанизираа како "министерот смрт" истите оние кои ги прават срањата во здравството.
 
Без сомнение најнеспособен министер во се што фатил, ама тоа мораше да се спроведе како во здравството, така и во образованието со екстерните тестирања и во средните и на факултетите.
Фактот што еснафските клановите заборавија и на партии и на лични препирки и здружно пркосеа и победија во борбата со таа Влада која важеше за авторитарна, и на крај се изборија да останат автономни без надзор од никого, и со тоа да ја дотепаат земјава со нивните мешетарање, кажува каков уствари дебел пермафрост е тоа.
 
Последно уредено:
Шипците у скопска болница не сакале да обратат внимание на дедо ми (кој подоцна почина) бидејќи татко ми не им даде никакво мито. Го врзале за кревет бидејќи пред тоа му спукал бокс на шипо. Би ги начекал после работа и би ги дробел, било маж било жена. Да умрат во најтешки маки.
 
:neetaka:
... не постои лиценцирана вакцина против норовирус, моментално достапна е вакцина за ротавирус која највероватно ја прими внуката,

... вака двата вируса норо и рота се слични т.е исти по симтомите што ги даваат при инфекција како причинители за гастроентеритис (стомачен грип), но не се исти и не може вакцина за ротавирус да заштитува и од норовирусот.

...вакцина за норовирусот е во клиничко испитување уште од 2014 и сеуште е неуспешно, споредбено со рота вирусот што има вакцина, зошто така?

... вакцина против ротавирус е можна и ја има зашто има само неколку соеви на рота и не мутира и како таков е стабилен може да се изолира и да се креира вакцинаа, арно ама норовирусот ич не е стабилен има повеќе соеви и брзо мутира во друг сој што не е возможно да се креира вакцина, слично како при пандемија со коронавирусот кој мутираше рапидно во многу соеви именовани по грчката азбука, се сеќаваш, затоа не можеше да се креира ниту антиковид вакцина.

... норовирус лесно генетски мутира барем до сега има над 50 соеви и нема шанса да се стабилизира и проучува во клеточни култури при што би започнале клинички искуства во создадена вакцина,

...така да сега за сега тоа е статус кво, а и нема да може зашто создаден имунитет на еден сој нема шанса да заштитува од друг мутирачки сој, а бе исто како при коронавирусот при антиковид вакцина што се префрлиле на генетски антиковид вакцина да се делува на генетскиот материјал и мутација на вирусот, а тој Оп, преку ноќ ќе го смени генетскиот материјал и постанал друг сој,

...така да засега да сме на чисто, барем јас сум на чисто со овие мутирачки вируси и неможност за создавање заштита и превенција преку вакцина, па колку треба да си специјализиран имунолог за да се разбере ова?

... и сега, проверка на училишните кујни, дали е по пропис...итн, све додека не се создаде навика да се мијат рацете со сапун, а вирусот најчесто се пренесува преку нечисти раце и внес во уста, овие ,,стомачни вируси" ќе шетаат без разлика колку да е чиста и суредена училишната кујна, ако тој што работа во кујна со раце истовремено ги чепка парите, мобилен, веце, па храната без да ги мие рацете, патот на стомачните вируси е отворен, а децата ако немаат домашна навика да ги мијат рацете ширењето на вирусот вртоглаво е обезбеден, ете накратко за ситуацијава во училиштето ,,Димо Хаџи Димов" и за ,,стомачните вируси" рота и норо вирусот.

ете побрза бев и од званичните информации околу ,,стомачниот вирус“ :)

ама не се сложувам со исказот на Директорката Институт за јавно здравје (Марија Андоновска), (сега ја слушнав на ТВ Вести), дека симптомите на стафилокок (позитивен назален брис на некоја вработена во училиштето) се исти како симптомите на „стомачен вирус- норовирусот“ што ги пројавиле учениците, така да нема врска брисот на таа вработена во училиштето со дадената ситуација на учениците!

... симптоми предизвикани од различни патогени (бактерии - стафилокок наспроти вируси- норо и рота) влијаат на различни телесни системи, назална стафилококна инфекција во носот е локализирана бактериска инфекција и симптомите најчето се локализирани во носната област и кожата и не ги вклучуваат гастроинтестиналните проблеми карактеристични за норовирусот, јест да е Доктор на науки во областа на стоматологија, ама некако не барата со тематиката на вирусологијата, а Директор на Јавно здравје не би требало да прави јавно такви грешки, ама ете, наместо да биде директор на Стоматолошка клиника или било што околу стоматологијата, ајде сега во Јавно здравје исто како што Министер за здравство информатичар, све тоа ќе биде оправдано барем да имале поголемо познавање од медицината конкретно на работното место каде треба да биде прв човек на институцијата!
 
Последно уредено:
На децата на комуњарите и црвената буржоазија не им требаат фори од типот на испраќање други доктори по села за да си го завземат местото што им следува од чукун дедовците.
Во некоја замислена ситуација, во која вакво нешто би се спровело и би било неселективно, многу нешта би се поправиле во системот, меѓу кои и наследните позиции на тие десетина фамилии што колат и бесат по здравството.

Третирање на амбулантите како буквални деловни простори и меѓусебно танте за кикирику би било многу отежнато кога добар дел од нив би биле акнати по внатрешноста од каде базенот за влечење рушвет би бил помал.
Не реков дека ги испраќаа по село за да ги вработат децата, туку за да им замачкаат очи. Инаку во врска со еснафските фамилии што коментираш, отвори само лекарска комора веј сајтот, ќе ги видиш истите фаци од пред 30 години како одлучуваат за иднината. Геријатрија galore. Кога полагав усен испит за лиценца од лекарска комора, тој 80 и кусур годишниот што беше во комисија, не знам дали воопшто знаеше каде се наоѓа. Како оние конгресмените во САД.
 
:neetaka:
... не постои лиценцирана вакцина против норовирус, моментално достапна е вакцина за ротавирус која највероватно ја прими внуката,

... вака двата вируса норо и рота се слични т.е исти по симтомите што ги даваат при инфекција како причинители за гастроентеритис (стомачен грип), но не се исти и не може вакцина за ротавирус да заштитува и од норовирусот.

...вакцина за норовирусот е во клиничко испитување уште од 2014 и сеуште е неуспешно, споредбено со рота вирусот што има вакцина, зошто така?

... вакцина против ротавирус е можна и ја има зашто има само неколку соеви на рота и не мутира и како таков е стабилен може да се изолира и да се креира вакцинаа, арно ама норовирусот ич не е стабилен има повеќе соеви и брзо мутира во друг сој што не е возможно да се креира вакцина, слично како при пандемија со коронавирусот кој мутираше рапидно во многу соеви именовани по грчката азбука, се сеќаваш, затоа не можеше да се креира ниту антиковид вакцина.

... норовирус лесно генетски мутира барем до сега има над 50 соеви и нема шанса да се стабилизира и проучува во клеточни култури при што би започнале клинички искуства во создадена вакцина,

...така да сега за сега тоа е статус кво, а и нема да може зашто создаден имунитет на еден сој нема шанса да заштитува од друг мутирачки сој, а бе исто како при коронавирусот при антиковид вакцина што се префрлиле на генетски антиковид вакцина да се делува на генетскиот материјал и мутација на вирусот, а тој Оп, преку ноќ ќе го смени генетскиот материјал и постанал друг сој,

...така да засега да сме на чисто, барем јас сум на чисто со овие мутирачки вируси и неможност за создавање заштита и превенција преку вакцина, па колку треба да си специјализиран имунолог за да се разбере ова?

... и сега, проверка на училишните кујни, дали е по пропис...итн, све додека не се создаде навика да се мијат рацете со сапун, а вирусот најчесто се пренесува преку нечисти раце и внес во уста, овие ,,стомачни вируси" ќе шетаат без разлика колку да е чиста и суредена училишната кујна, ако тој што работа во кујна со раце истовремено ги чепка парите, мобилен, веце, па храната без да ги мие рацете, патот на стомачните вируси е отворен, а децата ако немаат домашна навика да ги мијат рацете ширењето на вирусот вртоглаво е обезбеден, ете накратко за ситуацијава во училиштето ,,Димо Хаџи Димов" и за ,,стомачните вируси" рота и норо вирусот.
Ne sum doktor, ama kerkata kaza deka i ona i zetot imale stomachen virus ama bebushot ne prefatil, t. e. vakcinata za rotovirus e jaka rabota, no verojatno e teshka za vozrasni, t. e. nejzina prijatelka koja prefatila od vakciniranoto bebe kazuvala deka bolkite vo stomak se nepodnoslivi...
 
Многу внимавање треба кога му се менуваат пелени на бебе кое примило вакцина за рота вирус, бидејќи лесно се пренесува. Едно 10 дена, апла внимавање при бришењето и миење раце детално.
 
... малку е 10 дена, над 25 дена после првата примена доза на бебето ротавирусот од вакцината може да се пренесе преку контакт со изметот на заразено бебе на родителот или околината така да хигиената е многу важна и околу пелените и самите површини каде се менуваат пелените!
 
481179665_934530335546299_2148566063670218902_n.jpg

Отворен цитат на Проф д-р Вело Марковски
-----------------------------------------------------

Факултетот за медицински науки при УГД Штип е основан од страна на Парламентот на Република Македонија во 2007 година, а следната 2008-2009 година е започнато со студиите по општа медицина.

За кратко време благодарение на бројни професори експерти и признаени како врвни во својата област, како Живко Попов, Андреја Арсовски, Глигор Димитров, Вело Марковски, Васо Талески, Зоран Ханџиски, Нојков, Зафировски, успеавме да создадеме факултет кој вадеше лекари спремни за да се вклучат во здравствениот систем на Македонија.

Голем дел од тие лекари денес се успешни матични доктори, специјалисти, доктори на науки.

Но паралелно со растењето на факултетот му се додаваа „проблеми“, од типот ајде сега ова е наш професор, па да му дадеме некој предмет на општа медицина.

Се додаваа предмети и се стигна до над 80 предмети.

Деканот во последните 4-5 години со оправдување дека прави катедри, на некои предмети прими или избра по 15-20 професори. Во исто време почнаа да се запишуваат само на општа медицина по 450 студенти (иако квотата од државата никогаш не била поголема од 80 плус 80 студенти).

Најголемиот амфитеатар собира 200 студенти. Проблемот се реши лесно, ќе предаваме он-лајн. Професорите кои укажуваа дека е нерално и не постои болница во светот која може неделно да прими 450 студенти на вежби (50-60 студнти дневно) и дека предавања он-лајн половина студенти не ги слушаат, дека давање на предмети на професори кои не се со соодветна специјалност ќе влијае на квалитетот, веднаш беа ставани на немилост. Им беа земани предмети, нивните канцеларии одеднаш беа испонети со отпад (стар намештај), беа иземани од комисии за одбрани, нивните кандидати за докторски студии не поминуваа.

Личните, партиските релации станаа главните критериуми за прием на факултетот и давање на предмети.

Големиот број на студенти, големиот број на предмети, големиот број на предмети додадени за да му се исполни желбата да предава на општа медицина на некој од професорите од другите студиски програми (пред сѐ од фармација, речиси на сите професори од фармација им се дадоа по еден или неколку предмети на општа медицина), високиот процент на професори без соодветна специјалност, го намалуваа квалитетот на наставата и создаваа криза на факултетот.

Од друга страна трката по профит, огромниот број на примени странски студенти станаа терет кој неминовно го намалуваше критериумот на испитите. Критерумот не можеше да се задржи и поради големиот број на студенти и дадените по 2-3 дена за испит, односно 2-3 дена моравме да испитаме по 150-160 пријавени студенти во сесија.

Кризата излезе на виделина со неуспешен избор за декан, поради фамозни дури 7 неважечки ливчиња.

Ете, толку како мало објаснување за проблемот кој настана со предметот инфективни болести.

Јас, Вело Марковски на поседните 2-3 седници на Наставо научниот совет на Факултетот за медицински науки на УГД Штип, укажував дека предметот е еден од основните предмети во медицината, дека еден вработен професор со крајни напори предава и испитува по над 800 студенти во годината, дека јас иако законски треба да одам во пензија, спремен сум да продолжам да го држам предметот до наоѓање на соодветно решение. Укажував дека професор кој си има други работни обврски како лекар во некоја болница никако технички не може да ја изврши работата (не со минималниот квалитет).
Деканот во заминување, видно нервозен посочи дека ќе најде профсор ако треба од Ниш. Се обидов да разговарам и со управата на универзитетот, таму наидов на видна нервоза, зошто сега ти… не може пензионери… ќе научат… ќе имаат предавања.

Во ред, отидов во пензија, но предавања по предметот инфективни болести нема, односно во 2 месеци (од 3 колку што трае семестарот) само едно воведно предавање.

Се прашувам колку треба да бидеш неодговорен, колку треба некого да мразиш, па да оставиш над 600 студенти без предавања.
Се прашувам, кој реши и според какви критериуми, со какви претпоставки дека студентите ќе разбираат српски, па ангажирал (молел) професор од Ниш.
Дали в.д. деканот проф. Зденка Стојановска или ректорот Дејан Мираковски (го споменувам затоа што при немање на декан, целата одговорност е на ректорот кој по свој избор става вршител на должност декан) се водеа од сопствено искуство и разбирање на српскиот јазик. Дали е законски да се предава на странски јазик.

А зошто српски, зошто не некој друг професор кој ќе предава на друг странски јазик, пример бугарски, турски, грчки… Како ќе се одвиваат колоквиумите, на српски, или? А испитот на кој јазик ќе биде, или не мора да има испит?

Прашање до министерката за образование проф. д-р Весна Јаневска, дозволивте ли да се предава на српски јазик на државен универзитет, особено што некои од порталите во Македонија укажаа дека е најавено да предаваат професори од Ниш. Знаете ли министерке по колку студенти се запишуваат по државните универзитети? Знаете ли дека 20-30 % од предметите ги држат професори без соодветна специјалност, неопходна гаранција за квалитетот на медицинските факултети?

Ќе одговара ли некој за загубата на стотици години во образованието (кумулативно) на над 280 студенти на општа медицина само од македонската програма, плус англиска програма, плус дентална медицина, медицински лаборанти.

Времето на први колоквиуми заврши, како ќе бидат внесени поени од предавања и од прв колоквиум, без овие два неопходни услови ситемот не дозволува да се полага предметот, односно автоматски значи презапишување на предметот на цела генерација. Или ќе го решиме проблемот по „нашки“ ќе им внесеме поени на сите да не губат година, ќе им внесеме технички оценки на сите и така и волкот сит и овците на број.

Но ручекот на крај некој мора да го плати, ќе го плати некој пациент после 2-3 години, ќе се чудиме како е можно да се вадат здрави органи, да имаме најголема смртност на новороденчиња во Европа.

Дотогаш ќе ги учиме студентите српски, ќе ги учиме за храна и диета.

Мене не ми е сеедно што се случува со предметот кој со исклучителна посветеност го предавав, не смее да им биде сеедно на стотина лекари кои завршиле на УГД, не смее да им биде сеедно на ректорот, деканот, Сенатот на УГД, не смее да им биде се едно на институциите, а особено не смее да му биде сеедно на министерот за образование и наука.

На крај, се прашувам, ако нашите професори (ако некој толку го мрази Вело Марковски покрај него има уште неколку професори инфектолози во пензија) „не чинат“, па молиме професори од Ниш, зошто пак не замолиме и декан да ни пратат од Ниш или околина, а зошто да не и ректор или министер?

Како во старите добри времиња, како што ќе каже поголемиот брат. Се надевам дека пак името на професорот Александар Ранковиќ е само совпаѓања поради честото презиме кај нашите соседи, и нема некое лошо предзначење или најава на некои нови процеси.“
--------------------------------------------------------------
Затворен цитат на Проф д-р Вело Марковски!
 
Последно уредено:
Многу внимавање треба кога му се менуваат пелени на бебе кое примило вакцина за рота вирус, бидејќи лесно се пренесува. Едно 10 дена, апла внимавање при бришењето и миење раце детално.
kerksta koristeshe rakavici ednokratni 10 dena, kako shto i kazaa vo Jane Sandanski, kade bebeto primi vakcina i nemashe problem... Patem eve izleze na FB, 6 deca od shkoloto imale norovirus
https://www.facebook.com/1000648764...vsjH5ZGJb8LGZvq8BNnmdvWQvJ6jjbk7Fql/?sfnsn=mo
 
Последно уредено:
...колку им требаше, па јас веднаш дадов таква претпостапка во претходниот пост дека највероватно е од норовирусот и дека требаше веднаш карантин и неколку дена да биде затворено училиштето, џабе дезинфекција сега ако вирусот е навлезен, учениците кои ќе си го пренесуваат сега еден од друг со нечисти раце.
 
Прегледај го приврзокот 462184

Отворен цитат на Проф д-р Вело Марковски
-----------------------------------------------------

Факултетот за медицински науки при УГД Штип е основан од страна на Парламентот на Република Македонија во 2007 година, а следната 2008-2009 година е започнато со студиите по општа медицина.

За кратко време благодарение на бројни професори експерти и признаени како врвни во својата област, како Живко Попов, Андреја Арсовски, Глигор Димитров, Вело Марковски, Васо Талески, Зоран Ханџиски, Нојков, Зафировски, успеавме да создадеме факултет кој вадеше лекари спремни за да се вклучат во здравствениот систем на Македонија.

Голем дел од тие лекари денес се успешни матични доктори, специјалисти, доктори на науки.

Но паралелно со растењето на факултетот му се додаваа „проблеми“, од типот ајде сега ова е наш професор, па да му дадеме некој предмет на општа медицина.

Се додаваа предмети и се стигна до над 80 предмети.

Деканот во последните 4-5 години со оправдување дека прави катедри, на некои предмети прими или избра по 15-20 професори. Во исто време почнаа да се запишуваат само на општа медицина по 450 студенти (иако квотата од државата никогаш не била поголема од 80 плус 80 студенти).

Најголемиот амфитеатар собира 200 студенти. Проблемот се реши лесно, ќе предаваме он-лајн. Професорите кои укажуваа дека е нерално и не постои болница во светот која може неделно да прими 450 студенти на вежби (50-60 студнти дневно) и дека предавања он-лајн половина студенти не ги слушаат, дека давање на предмети на професори кои не се со соодветна специјалност ќе влијае на квалитетот, веднаш беа ставани на немилост. Им беа земани предмети, нивните канцеларии одеднаш беа испонети со отпад (стар намештај), беа иземани од комисии за одбрани, нивните кандидати за докторски студии не поминуваа.

Личните, партиските релации станаа главните критериуми за прием на факултетот и давање на предмети.

Големиот број на студенти, големиот број на предмети, големиот број на предмети додадени за да му се исполни желбата да предава на општа медицина на некој од професорите од другите студиски програми (пред сѐ од фармација, речиси на сите професори од фармација им се дадоа по еден или неколку предмети на општа медицина), високиот процент на професори без соодветна специјалност, го намалуваа квалитетот на наставата и создаваа криза на факултетот.

Од друга страна трката по профит, огромниот број на примени странски студенти станаа терет кој неминовно го намалуваше критериумот на испитите. Критерумот не можеше да се задржи и поради големиот број на студенти и дадените по 2-3 дена за испит, односно 2-3 дена моравме да испитаме по 150-160 пријавени студенти во сесија.

Кризата излезе на виделина со неуспешен избор за декан, поради фамозни дури 7 неважечки ливчиња.

Ете, толку како мало објаснување за проблемот кој настана со предметот инфективни болести.

Јас, Вело Марковски на поседните 2-3 седници на Наставо научниот совет на Факултетот за медицински науки на УГД Штип, укажував дека предметот е еден од основните предмети во медицината, дека еден вработен професор со крајни напори предава и испитува по над 800 студенти во годината, дека јас иако законски треба да одам во пензија, спремен сум да продолжам да го држам предметот до наоѓање на соодветно решение. Укажував дека професор кој си има други работни обврски како лекар во некоја болница никако технички не може да ја изврши работата (не со минималниот квалитет).
Деканот во заминување, видно нервозен посочи дека ќе најде профсор ако треба од Ниш. Се обидов да разговарам и со управата на универзитетот, таму наидов на видна нервоза, зошто сега ти… не може пензионери… ќе научат… ќе имаат предавања.

Во ред, отидов во пензија, но предавања по предметот инфективни болести нема, односно во 2 месеци (од 3 колку што трае семестарот) само едно воведно предавање.

Се прашувам колку треба да бидеш неодговорен, колку треба некого да мразиш, па да оставиш над 600 студенти без предавања.
Се прашувам, кој реши и според какви критериуми, со какви претпоставки дека студентите ќе разбираат српски, па ангажирал (молел) професор од Ниш.
Дали в.д. деканот проф. Зденка Стојановска или ректорот Дејан Мираковски (го споменувам затоа што при немање на декан, целата одговорност е на ректорот кој по свој избор става вршител на должност декан) се водеа од сопствено искуство и разбирање на српскиот јазик. Дали е законски да се предава на странски јазик.

А зошто српски, зошто не некој друг професор кој ќе предава на друг странски јазик, пример бугарски, турски, грчки… Како ќе се одвиваат колоквиумите, на српски, или? А испитот на кој јазик ќе биде, или не мора да има испит?

Прашање до министерката за образование проф. д-р Весна Јаневска, дозволивте ли да се предава на српски јазик на државен универзитет, особено што некои од порталите во Македонија укажаа дека е најавено да предаваат професори од Ниш. Знаете ли министерке по колку студенти се запишуваат по државните универзитети? Знаете ли дека 20-30 % од предметите ги држат професори без соодветна специјалност, неопходна гаранција за квалитетот на медицинските факултети?

Ќе одговара ли некој за загубата на стотици години во образованието (кумулативно) на над 280 студенти на општа медицина само од македонската програма, плус англиска програма, плус дентална медицина, медицински лаборанти.

Времето на први колоквиуми заврши, како ќе бидат внесени поени од предавања и од прв колоквиум, без овие два неопходни услови ситемот не дозволува да се полага предметот, односно автоматски значи презапишување на предметот на цела генерација. Или ќе го решиме проблемот по „нашки“ ќе им внесеме поени на сите да не губат година, ќе им внесеме технички оценки на сите и така и волкот сит и овците на број.

Но ручекот на крај некој мора да го плати, ќе го плати некој пациент после 2-3 години, ќе се чудиме како е можно да се вадат здрави органи, да имаме најголема смртност на новороденчиња во Европа.

Дотогаш ќе ги учиме студентите српски, ќе ги учиме за храна и диета.

Мене не ми е сеедно што се случува со предметот кој со исклучителна посветеност го предавав, не смее да им биде сеедно на стотина лекари кои завршиле на УГД, не смее да им биде сеедно на ректорот, деканот, Сенатот на УГД, не смее да им биде се едно на институциите, а особено не смее да му биде сеедно на министерот за образование и наука.

На крај, се прашувам, ако нашите професори (ако некој толку го мрази Вело Марковски покрај него има уште неколку професори инфектолози во пензија) „не чинат“, па молиме професори од Ниш, зошто пак не замолиме и декан да ни пратат од Ниш или околина, а зошто да не и ректор или министер?

Како во старите добри времиња, како што ќе каже поголемиот брат. Се надевам дека пак името на професорот Александар Ранковиќ е само совпаѓања поради честото презиме кај нашите соседи, и нема некое лошо предзначење или најава на некои нови процеси.“
--------------------------------------------------------------
Затворен цитат на Проф д-р Вело Марковски!
Вело Марковски наеднаш откако отиде во пензија, магично преку вечер заклучи дека немало квалитет на штипски и се правела хиперпродукција на неквалитетни лекари.
Автоматски споено мислење:

The empire strikes back. :D
Еве го она за што пишуваше некој пред некое време на темата дека. Се спомена прераспределување на вишок кадар од клинички на места каде што е попотребен, обид за намалување на роднински и партиски вработувања и еснафските фамилии на клинички веднаш го активираа синдикатот.
 
Со бијонс дебатиравме дека државата нема правен механизам за препраспредевуање на кадар од ПЗЗ и дека планираат да го прават ова со СЗЗ/ТЗЗ. Јас сум скептичен дека ќе биде нешто но доколку им успее реформава тогаш ќе биде многу интересно за гледање кој се ќе биде присилен да работи надвор од клиника. А може и да стане алатка за казнување како што џандарите ги прекомандуваат од едната страна на државата во друга.

Од друга страна мора да се направи ова, не може (на пример) во терциерно да има по 30 невролози а на секундарно ниво 5, после зошто директ од примарно на терциерно се праќало, епа јебига никој не остана во секундарно.
 
Back
На врв Bottom