За пелените си во тешка заблуда. Веројатно уште немаш деца штом вака зборуваш
Нема споредба со животот порано.
Порано животот бил поедноставен, се живеело во фамилијарни куќи, по 10 деца имало во куќата (браќа, сестри, братучеди) и најчесто имало неколку домаќинки кои не оделе на работа.
Во Скопје, скоро и да нема веќе куќи, градежната мафија му еба матер на градот. Дури и да сакаш да доградиш нешто, ќе ти се ебе мајката чекајќи дозвола, немаш ни достапни мајстори, нервози милион, нема да дочекаш да ти се роди дете. Купување стан автоматски ги намалува шансите дека ќе имаш помош од најблиските. Да не навлегувам каков пекол е купувањето стан по короната и колку е квалитетна понудата.
Имаш момент каде што сега се прават деца на постари години ради многу фактори, што финансиски, што како што знам да кажам ради несреќата која ја имавме нашите генерации да како млади сме немале ќор денар од дома и не насочувале дека мора прво да изградиш кариера за да можеш да преживееш (што во мојот счучај беше вистина), што ни се отвориле очите за малку повеќе уживање кога ни станале достапни патувањата, самостојниот живот итн. Нормално, неуспешни долги врски затоа што немаш финансии за главниот чекор, почнување се од ново, селење во странство на многу наши генерации итн.
И сега кога јас имам бебе, моите имаат 70+ години (и мене ме склепале уште покасно), а на жена ми се 60+. Немаш помош од никој, затоа што немаат сила да се справат со потребите кои ги има едно бебе (3/4 проблеми со кичмата, не може ни да го кренат бебето), а и секако, не живеат близу нас.
Ваква приказна имаат голем дел млади со деца. Дополнително на ова, ние не сме растеле во широки семејства каде што цело време сме имале допир со бебиња за да научиш нешто. Бебе немав видено, кога се роди, учев од како да менувам пелена, до како да го држам итн.
Да пробаш да растеш дете без помош од никого И БЕЗ ДА МУ ПУШТАШ ТВ/ЈУТЈУБ/ЦРТАНИ до две години е HELL OF A JOB. Особено кога детето ти е хиперактивно, плус плачко

Со жена ми сме 24/7 посветени на него. Сите обврски ги делиме, се што прави она, правам и јас, едино цицка што не можам да му дадам

Немам излезено самостојно од дома што се вика (дали 3 пати на пиво сум отишол, а кафаните одамна се минато

), освен за на работа. И се' ова за едвај да ги достигнеме минималните потреби на дневно ниво. Па готвиш 5 пати на ден, па не јаде, џабе си потрошил еден саат. Па саат време го заспиваш. Па сто пати го преслакаш дека се прави хаос.
И згора на ова да переш пелени? Ќе те прашам
Нема споредба на чување дете со помош од трето лице и без.
Одиме на моментот кога во градинка е болен одма штом тргне. Еве од октомври, дали 2 недели има одено во градинка. Цело време се разболува. Знаеш коллу е тешко цело време да земаш боледувања за да го чуваш? Некој работодавец ќе те толерира во овој милениум?
Среќа што некогаш можам да комбинирам со работа од дома, ама жена ми си знае за другото.
Го носиш во градинка со кола дека поча градинки ги реновираат пред избори и мора да одиш далеку, па не постои паркинг кај да застанеш, па ти свири цела колона, детето вришти позади дека нема кој да го анимира, касниш на работа.
Не сме ние циганарија па да накотиш 30 деца и сами да си растат. Кога веќе сум решил да имам, ќе го чувам со цела душа. Ама, лесно е да се прават математики од страна, тешко е кога ќе влезеш во бубањот без никаква помош, со сите проблеми на модерното живеење.
П.с. да се разбереме, вреди секоја непреспиена ноќ, секое истоштување, нема поубаво чувство од тоа да си родител