Зошто момците не ги сакаат добрите девојки!

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
its probably because their standards are too high they want the 9s and 10s but those guys don't want them because frankly they have a huge selection of women who wants them and they have been with this type of women and are looking for something new so unless they don't get realistic with their choices they are going to stay single
 
Што значи не ги сакаат, затоа што ако некоја е тепана со габор лопата ама е памук душа, зашто да не ја сакам, ама ко пријателка. Има нели паралелна тема и за обратното и таму го кажав и тука ќе го кажам, ако нема физичка привлечност, не може да има врска, а камоли нешто посериозно ко брак, кредит (глеам дека ова е голем фактор без зезанции), деца. Ако ја фатам затоа што ми е пријатна и си кажам дека ќе се приморам да ми е секси и да ја сакам и гледам на таков начин, а не се случи тоа, нема да си ја вршам брачната должност, може дури и ќе шврљам и тоа е уште понефер кон таква девојка отколку да ми остане во животот како пријателка.
 
Физичката привлечност било проблем да земеш со некој кредит? Насекаде си со муабетиве.
Mногу високи критериуми бе за сексипил, како за некој што се опиша како Буда.
Имам тело ко бог...ко Буда, ама сепак ко бог.
 
Физичката привлечност било проблем да земеш со некој кредит? Насекаде си со муабетиве.
Mногу високи критериуми бе за сексипил, како за некој што се опиша како Буда.
Па не би рекол дека сум насекаде, ако дојде до феил, ако сте само ти и цурата, кул, ама ако има кредити, станови, деца, работите стануваат многу покомплицирани.
А и не знам што цитираш шала, дали ти тоа сериозно хахаха.
Како и да е, он топик, демек грозен, дебел или каков и да е човек треба да нема критериуми. Или го осеќаш ко секси или не, или демек дај шта даш треба да е работата? Ете ти како гледаш на работите, фатиш цура која не ти праи меракот, викаш ќе ја засакам, зимате кредит праите деца, но не е тоа тоа. Како продолжува приказната?
 
Не знам за другите но не е точно дека не ги сакам(е) добрите девојки. Според мене барем од тоа што сум сретнал и што ги знам дека се добри културни итн. најчесто не враќаат кога ќе им пишеш, воопшто не можиш да стапиш во контакт со нив или ќе излезат со некој кој е "лош" (опишано со еден збор) па потоа ќе кажува дека сите машки и се исти..
 
најчесто не враќаат кога ќе им пишеш
Тоа е манипулирање и ич не е добро кај „добрите девојки"
Автоматски споено мислење:

ќе излезат со некој кој е "лош" (опишано со еден збор) па потоа ќе кажува дека сите машки и се исти..
Ќе излезат со некој што подобро манипулира од нив и затоа е лош.
 
Тоа е манипулирање и ич не е добро кај „добрите девојки"
Манипулирањето е од страна на оние "возвишени и многу јаки" девојки што не враќаат на порака и се прави како да е некоја позната личност.
 
најчесто не враќаат кога ќе им пишеш, воопшто не можиш да стапиш во контакт
...од колку пати? прв пат, еднаш два пати и толку? не си помислил дека токму тоа ги краси скромните срамежливи девојки како добри девојки?
 
Манипулирањето е од страна на оние "возвишени и многу јаки" девојки што не враќаат на порака и се прави како да е некоја позната личност.
Манипулирање постои кај сите помалку или повеќе кој е повешт или помалку вешт кај сите постои. Скромноста може да се изглуми.
 
Прво треба да дефинираме што значи „добра девојка“ ... Обично тоа се девојки кои се внимателни, емпатични, отворени, сакаат да се грижат за другите, се послушни и „недраматични“.
Добрите девојки често се „предвидливи“. Секогаш се пријателски, секогаш достапни, што може несвесно да се перципира како помалку стимулирачки како предизвик.
Момчињата кои се привлечени кон интензивни емоции или динамика можат несвесно да бараат „возбудливост“ која ја нема во конзистентната добрина.
Добрите девојки обично се искрени и директни, што е одлично за долгорочни врски, но психолошки, краткорочно, момчињата можат да бидат привлечени кон нешто мистериозно или недостижно.
Класичниот психолошки феномен е:„What is hard to get feels more valuable“
Некои момчиња можат да ја перципираат добрината како слабост или како недостаток на самодоверба.
Психолошки, кога некој секогаш се согласува и никогаш не предизвикува, мозокот може да го интерпретира тоа како недостаток на статус или сила.
Момчињата кои се навикнати на драматични или непредвидливи односи може несвесно да се оддалечат од девојка која е емоционално стабилна и „добра“.
Ова не значи дека девојката е „погрешна“, туку дека мозокот на некои луѓе се стимулира со интензитетот на емоциите, а не со смиреноста.
Некои мажи несвесно ги проектираат своите несигурности и се чувствуваат некомфорни пред стабилна добрина, бидејќи тие не се навикнати на здрави граници и искрена грижа.
Добрата девојка може да биде „слика на идеал“ која го прави момчето свесно за сопствените недостатоци, па затоа избегнува блискост.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom