Криза во Венецуела

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Прво Венецуелците сигурно ќе живеат подобро како дел од САД него под некој корумпиран диктатор.Значи да имаш нафтено богатство и да живееш во сиромаштија само заради егото и алчноста на диктаторот стварно е трагедија!
 
Не ми е јасно , нафта имаат а руски танкер им носи ?...уште не почнале да експлоатираат ?
Имаат тешка нафта која е добра за бродови и сл, лесната си ја купуваат од страна ваљда.
саудиска купуваше руски дизел, а нивната ја продаваше на ЕУ,
уствари русите имаат една од најквалитетните, најпобаруваните и најефтино што се произведува нафта и затоа ни милион санкции не можат да ја спречат да се продава насекаде во светот.
 
Прво Венецуелците сигурно ќе живеат подобро како дел од САД него под некој корумпиран диктатор.Значи да имаш нафтено богатство и да живееш во сиромаштија само заради егото и алчноста на диктаторот стварно е трагедија!

Несомнено бидејќи САД се познати како извозник на рајски политики од кои целиот свет блеска по шавовите.
 
Слично е како со Куба, само што Венецуеладо се до доаѓањето на Мадуро беше исто како и другите јужноамерикански банана државички...еве интересни податоци, пеачот Том Џонс имаше настап на ТВ Венецуела уште 1966, но поинтересна е сторијата од 1974....
 
Несомнено бидејќи САД се познати како извозник на рајски политики од кои целиот свет блеска по шавовите.
Абе САД не се извозник на рајски политики ама и овај венецуелскиов диктатор не е за машала.За држава со големи нафтени резерви срамота е народот живее во сиромаштија и беда.А Мадуро сигурно серит во златна шоља.Па кој е тој да не ги наследил нафтените полиња од дедо му?
 
Последно уредено:

Истото прашање важи и за американците:

Кој им дал на нив право да "ослободуваат" странски нации ?

Повели именувај 1 (ЕДНА) држава богата со резерви на нафта и/или гас која била "ослободена" од страна на САД, а во која денес населението живее подобро во споредба со состојбата на државата пред "ослободувањето".

Социјализмот во Венецуела од поодамна е докажано пропаднат систем кој има мутирано во плутократски режим и како таков е осуден на пропаст.

Но Венецуелците се тие кои треба да им пресудат на венецуелските социјалисти, а не американците и нивните вазали.
 
Последно уредено:
Истото прашање важи и за американците:

Кој им дал на нив право да "ослободуваат" странски нации ?

Повели именувај 1 (ЕДНА) држава богата со резерви на нафта и/или гас која била "ослободена" од страна на САД, а во која денес населението живее во споредба со состојбата на државата пред "ослободувањето".

Социјализмот во Венецуела од поодамна е докажано пропаднат систем кој има мутирано во плутократски режим и како таков е осуден на пропаст.

Но Венецуелците се тие кои треба да им пресудат на венецуелските социјалисти, а не американците и нивните вазали.
Венецуелците никогаш нема да му пресудат на Мадуро.Ниту Украинците на Зеленски .Факт.Американците го користат незадоволството на народот како и секогаш.
 
Последно уредено:
Венецуелците никогаш нема да му пресудат на Мадуро.Ниту Украинците на Зеленски .Факт.Американците го користат незадоволството на народот како и секогаш.

Затоа и американците треба да си ја свиткаат опашката и да си се вратат дома.

Немаат што да бараат на крајбрежјето на Венецуела, а уште помалку па на венецуелското копно.

А дали и колку Венецуелците се незадоволни од венецуелската социјалистичка влада на чело со Николас Мадуро ќе покаже времето.

Една работа која го одделува Николас Мадуро од останатите таканаречени диктатори, е фактот дека на венецуелското цивилно население му дава огнено оружје и обука за користење на истото.

Диктаторите вообичаено не сакаат цивилното население да им располага со огнено оружје бидејќи огнената моќност може на одредени цивилни индивидуалци да им даде идеи за општественото уредување во кое живеат и/или во кое сакаат да живеат. Париската Комуна има произлезено токму од такви цивили кои одбиле да бидат разоружани после поразот кој Французите го претрпеле во француско-пруската војна во 1871 година.
 
Нема цивилното население оружје. Го има само војската и локални банди и картели кои се под негова контрола.

Цивилното население го прати на обука со оружје, и ако се случи копнена инвазија ќе биде пратено на фронт како резервисти. Најверојатно во први борбени редови како во Украина.

Нема таму многу простор за револуција. Секој обид беше крваво задушен, а кој ќе каже било што против Мадуро го јаде помрачина.

Е сега, не дека на Трамп му е гајле за населението таму, го интересираат ресурсите.
Најбогата земја со нафта, со злато, со ретки метали.
Работата е кој ќе ги контролира, дали Мадуро или САД.
Обичното население и овака, и онака ниту се прашува, ниту ќе добие нешто. Само може уште повеќе да изгуби.

Чудно само што кинезите се многу тивки и на некој начин се оградија и го оставија сам Мадуро, а имаат многу инвестирано, и дел од богатствата ги ископуваат нивни компании.
 
За разлика од Америте, Кинезите претпочитаат повеќе да работат а помалку да кењаат... Во превод, којзнае дали (и што) прават позади кулисите... Вчера/завчера Америте со специјалци застанале товарен брод од Кина за Иран и го конфискувале украле товарот. Којзнае што превезувале ама нема многу бунење, но реакцијата кога ќе ја има нема да биде само вербална.
 
Абе САД не се извозник на рајски политики ама и овај венецуелскиов диктатор не е за машала.За држава со големи нафтени резерви срамота е народот живее во сиромаштија и беда.А Мадуро сигурно серит во златна шоља.Па кој е тој да не ги наследил нафтените полиња од дедо му?

venecuela bese edna od najbogatite drzavi vo 70tite... od karakas se idelo na vikendi u majami zosto im bila smesno eftina amerika. ima maala tamu so vili so sekakvi cuda. sad defakto rakovodel so venecuela i togas 2% ziveele dobro a 98% bile siromasni. sega site se siromasni radi sankciite inace bez sankcii ke imaa ok sredna klasa i dobar zivot, ima koj sa investira i da gi sredi ne e samo sad. zatoa i stravot kaj sad, kina ja racuna venecuela za strateski sojuznik od prva kategorija. ako gi ostavat bez pritisok za 5 godini ovie ke ja sredat venecuela na nivo na sredno/siromasna eu zemja.
 
Од латиноамерички и балкански политичар не барај добро средена држава.Едноставно менталитетот е таков.Ево Норвешка на пример е богата со нафта и добро средена држава. Нит Американци им се криви ниту никој.Така и кај нас Балканересте стално ни е некој друг крив.И во Македонија во 90тите политичари,директори,стечајни управници,извршители,повеќето беа Македонци.Тие ја спроведоа најголемата кражба во Македонија и ја нарекоја транзиција.Од своите најмногу си патме и ние на Балканот и Латиносите.После Трамп бил крив,евреите ни биле криви ,а наши политичари од нашето племе 35 години ни ја цицаат крвта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom