Цените на рам меморија и иднината на гејмингот

  • Креатор на темата Креатор на темата Notepad2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 мај 2015
Мислења
127
Поени од реакции
192
Возраст
48
Како што знаеме, во последниве неколку месеци цената на рам меморијата скокна за тродупло, Истиот рам 2х16 ддр4 што го купив во Анхоч во Април за 3700, сега е 11400 денарс. Што мислите до кога ќе трае овај "ai bubble". Дали мислите дека 2026 ќе биде сува година ?
Постои ли можност барем во наредни 10тина години компјутерскиот хардвер, и сево ова опфатено со гејминг да биде заменето со облак пример како Geforce Now?
 
Да, сите хардверски делови кои на некој начин имаат на себе меморија (RAM, SSD, графички карти...), се поскапени до небо...

Оправдувања има како и секогаш: вака било, онака било...

Последното оправдување на кое наидов, вели: иднината била во AI, па затоа бројот од фирми кои произведуваат мемории се намалил, па затоа цената од мемориите се зголемувала, па ти реков-ми рече...

Не верувам дека цената од мемориите ќе падне, оти причини за тоа (ќе) има, а ако ги нема, ќе бидат измислени.
 
Последно уредено:
А добро што ќе правиме ние што компјутерите по дома ги користиме и за работа, а не само за гејминг? Овие цени се луди, не ми се верува дека ќе останат вака долго време.
 
Делува на многу голем меур ова со оглед на инвестициите, а за што е способно за сега.

Тие инвеститорите или знаат ние нешто што не знаеме или уште се под хајпот. У моменталнава состојба АИ не е никаква револуција што може да ги поврати тие 1.5 трилиони вложени.
 
Што е AI Bubble?
Bubble е кога цената на некој продукт или услуга е поголема од реалната економска вредност.

Балонот се дуе кога цените растат затоа што луѓето очекуваат уште поголем раст а пука кога доаѓа реалноста за врендоста на продуктот.
 
А добро што ќе правиме ние што компјутерите по дома ги користиме и за работа, а не само за гејминг? Овие цени се луди, не ми се верува дека ќе останат вака долго време.

Цените од мемориите ќе останат високи доволно долго време, онолку долго колку на ИТ индустријата ќе и‘ биде потребно за да намлати ектра профити.

Само да се потсетиме што се случува со цените од графичките карти, откако се наметна „рударењето„. Цените не само што не паднаа, туку растат до бесвест...иако „рударењето„ веќе е „провалено„.
 
Не пратев многу тоа време, но колку што памтам во крипто бумот беа опфатени само графичките?
Сега се е. Повеќето м.2 дискови се за 50% поскапи. Сакав да сменав платформа процесор и матична, и тоа гледам по 2-4 илјади накачено.
 
Цените на графичките сега се поради ВИ исто, не толку поради крипто.
 
Според тоа што го нудат тие се цените. Модерните графички не се ко тие пред крипто каде што очркувавме 30-60 фпс на фул хд. Новите даваат перформанси да играш со стотици фрејма на 2к или 4к. Тоа доаѓа по цена.
 
Во најновите графички со помош на ВИ се генерираат фрејмовите и скејлинг, не од хардверот на графичката.
 
тоа е frame generation. Интересно е да тераш високи фрејмови, но квалитетот на слика не е ист ко native. Поготово не е ок за брзи фпс игрици. За терање приказни може е океј. Иначе битен е хардверот колку ќе извадиш фрејмови и со frame generation и native.
 
Цените на графичките сега се поради ВИ исто, не толку поради крипто.

#2
Автоматски споено мислење:

Не пратев многу тоа време, но колку што памтам во крипто бумот беа опфатени само графичките?
Сега се е. Повеќето м.2 дискови се за 50% поскапи. Сакав да сменав платформа процесор и матична, и тоа гледам по 2-4 илјади накачено.

Точно; кога „рударењето„ беше актуелно а псевдо/крипто-валутите растеа, графичките беа „на цена„ и нивните цени „летаа„. Иако „рударењето„ не е актуелно, цените пак им се превисоки.

Тековно, секој хардверски дел кој на себе има било каква меморија, е поскапен. Гледам дека цените од SSD дисковите се покачени 2 пати за 2 недели...
 
Za nekoja godina koga ke pukne AI bubble-ot se ke se vrati vo normala, lugjeto ednostavno nema da nadograduvaat i toa e toa.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom