Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Јас после секоја утакмица се прашувам истото, после последната пауза непрепознатлив е.
 
Нормално, уште кога промашија 10 зицери се знаеше што следува. Среќа па вака рано изедначија.
 
Ако ние не им обезбедиме опстанок на Вулвс незнам која друга добра душа би го направила тоа за нив. На терен никаква дисциплина, рогање топки напред, фаули, глупо загубени топки, промашени зицери итн.
 
Пак иста приказна како со Вест Хем, место 3-0, примаме гол за изедначување при првиот посериозен притисок од противникот. Пички на терен сите до еден.
 
Доминираш, имаш целосна контрола, имаш шанси, даваш гол и после тоа целосно се расшаѓаш, губиш компас, губиш секаква контрола на средина, трчаш насекаде ко мува без глава, Вулфс те доминира и на крај ти дава и гол. Ова нема везе со тренер, ова има везе само со умислени играчи, уфилмани дека се ѕвезди, што ти знам какви играчишта. Не може онака професионален тим да се распадне после доминација, целосна контрола на средина и гол. Само си се исклучија, готово они ја завршија утакмицата. Страшно.
 
Што кур се случува со Мбеумо, зошто е вака лев
Се е дел од мастер планот бајо мој. До толку лошо игра, што кога ке отиде на АФКОН, нема ни да се забележи неговото отсуство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom