- Член од
- 19 ноември 2025
- Мислења
- 24
- Поени од реакции
- 13
Да, точно, тоа е моја лична одлука и нема врска со тоа дали двете страни се ситуирани или не. Едноставно не гледам потреба да земам дел од куќата, затоа што веќе одам да живеам на друго место и не ми е ни логично ни фер да се мешам во домот каде што ќе продолжи да живее брат ми.Муабетот е ако двете страни не се ситуирани.Тоа е веќе твоја одлука. Нема никаква врска со муабетов.Истото ќе го направеше и ако имаше сестра ,така?
Во случај да сум јас и сестра ми, ако остане да живее со моите исто би постапила. А ако ни едната ни другата не остане, тогаш нормално е да се направи договор или родителите да одлучат што кому му припаѓа, или ние двете да се договориме меѓусебно.
Но, и да сме две сестри и еден брат, од моја лична перспектива јас не би земала дел од куќата. Веќе одам да живеам на друго место и не гледам смисла да земам дел од имот каде што не планирам да живеам. Се пронајдов во муабетот на тие жени што не земаат имот, затоа и дадов свое мислење зошто.