... проблемoт ќе биде поголем ако треба време да се најде „вистинска“ терапија, туку треба на време да се открие дисбалансот на хормоните, на невротрансмитерите, како и историјата на родителите како наследен фактор во кодот за појава на шизофренија, која се манифестира најсилно во преодната возраст (адолесценција), а многу е пожелно родителот да ги согледа првите симптоми малку неспецифични, но доволно со несвојствени емотивни реакции, заблуди, кои најчесто започнуваат со мешавина на анксиозност, депресија, суицидни мисли, но поради околината или поради сопствено убедување дека такви моменти на однесување не е ништо и пролазно поради пубертески и биолошки промени или воопшто не ја знае маката на своето „дете“, најчесто кај машките, ќе речат -пубертет ќе помине!
... ако на време не се откријат овие симптоми како еден вид недефенирна шизофренија веќе во прелаз од адолесцентна возраст во „возрасни“ нагло се влошува со слушање (халуцинирање) на гласови, помисла за самоубиство што може сосема несвесно да го стори тоа и затоа многу е важна улогата на родителот да нема предрасуди и да го однесе кај соодветен специјалист за ментална проблематика и најчесто се почнува со најбезбедни лекови во смисол на помалку споредни ефекти како би бил лекот - Clozapine.
... не се зборува, но во последните 4 месеци, шок за сите, најмалку двајца дигнале рака на себе, успешни студенти на медицина, чии родители се посветени здравствени работници (специјалисти) на кои им се случила таква трагедија, суицидниот нагон настапува наеднаш, несвесно, токму поради тој хаос на мозочните невротрансмитери помешани со долгогодишна неоткриена на време мешавина од анксиозност и депресија, онака би рекле без вистинска реална тешка причина, врежан во кодот дека на таа возраст поради ненавремено реагирање со лекови кои ќе ја контролира шизофренијата во порана возраст.
... затоа многу, многу е важно да се соочи родителот во почеток на пубертетот и да ги земе тие први промени и симптоми како сериозни кои многу лесно ќе се држат под контрола со соодветниот лек, а не после во адолесценција кога промените веќе се тука и посилно изразени најчесто кај машкиот пол, па потоа специјалистот да му менува терапија додека да го најде „вистинскиот лек“, е па малку касно ќе бидне за вистинскиот лек, затоа што потоа лекот ќе биде токму со две оштрици, може да му бидне полошо ако не е соодветен, дали „ќе го погоди“ денешниот психијатар кој му треба голема посветеност и трпение, го има ли некој тоа, можеби!?