Нареден викенд е утакмицата која е да се биде или не за нас во овој дел од сезонава.
Тимов нема сили да тепа во Битола, мислам дека тоа е повеќе од јасно, иако изненадување се случуваат (примерот од лани). Со нив мислам дека ќе сме 2-2, секој ќе си тепа дома, а титулата ќе се решава на гостувањата кај Охрид и Алкалоид.
Тепаме ли во Охрид, ќе го имаат они притисокот на нивна страна и може да кикснат таму, а ќе им биде и потешко против нас на домашен терен. Изгубиме ли таму, отиде сезоната, ќе отидеме со лоша атмосфера во Битола и ќе не стртат 10 разлика.