Формула 1 - сезона 2025

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
Max ne pamtam da bil out vo Q1 :eek:
Мислам дека е сам крив зашто одеше на коцка. Можеше да влезе во бокс и да излезе барем со уште еден сет нови гуми, или да чепнат нешто во болидот, што знам...
 
Едвај чекам да го гледам Берман во Ферари. Ќе бидат јаки ривали со Антонели.
 
Утре ќе врне и треба да има хаос, а тоа му одговара на Макс. Ме изненадија Ц3 и Ц4 како најфункционални (Ц3 посебно). Утре има шанси да се оди на едно запирање и тоа со Ц4 за старт и некаде од 25 до 35 круг замена и понатаму да се менува Ц3, а ако има потреба може и Ц2 (имам напишано на 41 страница малку по детално) ама ќе почекам до утре најдобро бидејќи имам многу податоци за анализа.
 
Се надевам Макс ќе направи утре некоја магија и пак ќе заврши пред мекларените. Сакам да гледам реприза на 2021 каде што ќе се решава шампионот во последна трка.:love:

Ќе бидам во Скопје тој период, ако има заинтересираност може да се собереме некаде да ја гледаме со пиво.
 
kicksauber.jpg
Еве ги од Саубер со автомобилот на Бортолето. Ако се забележни внимателно се гледа дека дел од алатите се од Лидл и тоа од Parkside.
 
Дечки, малце офтопик прашање, дали некој има купено билети преку Viagogo? Имам 2 за Hungaroring наредна сезона, ама наместо билети пратија некоја потврда на мејл, и демек билетите ќе ги прателе неколку дена пред трката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom