Незнам зошто уште овде пишите реферати, имавте шанса, требаше да дојдите. Јас очекував да трај околу 3 сати искрено, но како и да е и ова е еден ОГРОМЕН чекор кон транспарентност и на некој начин отчетност. Клубот на нула дека е лажеа ако се сеќавам добро претходната управа и ДА кажа Александар дека долговите се влечат од 2017 година (кога се радвавте (јас не) на Блашко Куп) кои тогаш беа мислам највисоки 490.000 евра. Дрвото дел врати ама после и тој си пиша, враќаше и претходната управа ама на НУЛА не бил, се надевам дека до крајот на сезоната ќе биди конечно. Општински пари НУЛА од Јули до сега, за нештото и јас првпат слушнав и е за поздрав, дајбоже да го дочекаме денот кај шо општината НЕМА да има потреба ИЧ да дава, па тие пари да се пренасочат во спортската инфраструктура. За разлика од претходната управа и спортскиот кои сами бираа играчи и скоро се да промаршија и не остаја никаков костур на екипата, сега си бира тренерот. Нема спортски директор (НЕ СЕ СЛОЖВАМ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА ИМА) за да се остај целосна слобода на тренерите (претходно на Капинот, сега на Милан) да одлучуваат, секако во консултација со луѓето од клубот, но конечната одлука да е нивна. Клубот имаше спортски директор и кога церматот го одврза ќесето и го донесе србинот, па видовме со еден тон пари како заврши проектот ЗА ЖАЛ, јас сум сигурен дека ако таа сезона наместо да се испаднеше, клубот да се стабилизираше до сега ќе имавме барем 1-2 титули, планот и визијата ја имаа дури и писмено го знам нештото од тогаш потесниот круг на Зоран ама за жал избраа погрешни луѓе да го водат проектот. Колку теми имаше други за прашвање, се фативме за колку вработени има (шо исто треба да се знај ама не е најбитно од спортски аспект), а малце или скоро ич прашања за спортските работи, планови, визии, кратки, долгорочни, соработка со школи, од нашиот, но и од другите градови во регионот. Фан шоп ќе има ! Локации нема баш најпожелни, ама вервам дека и то ќе се среди и ќе биди топ локација, а понатаму зошто да не и на стадион.
САМО ПЕЛИСТЕР, САМО БИТОЛА !