Во право си,
@мкд владе , ама за голем дел од овие села во Долнени, а дополнително и Пласница, Преглово, Ижиште, Лисичани што се од другата страна на Македонски Брод, кон Кичево, не е иселувањето доминантна причина зошто од македонски станале турски или албански села, туку изјаснувањето на населението. Во Пласница, на пример, никогаш не живеел ни еден Турчин. Отвори прочитај каде сакаш, на почетокот на 20 век тоа било чисто македонско село, со 100% македонско население, но пола од нив со исламска вероисповед. Значи исламизирани Македонци. Денес е 99,9% турско село. Не дека Македонците се иселиле (иако имало и такви, не велам не), туку Македонците-муслимани почнале постепено да се изјаснуваат како Турци. И ден денес 90% од нив не зборуваат турски јазик, иако сите се изјаснуваат како Турци, речиси 100% од селото. Пејачот Јашар Ахмедовски и брат му Ипче, исто пејач, сега покоен, се од Пласница. Ете тој живее и работи во Србија, ама уверен сум дека никаде нема кажано дека е Турчин, зашто не е.
Слично е и во Дебреште. Мнозинство Македонци, но муслимани, на почетокот на 20 век. Денес има и Турци, и Албанци и Македонци (православни) и Бошњаци - овие последниве се доселени, да, ама останатите се тие чии претци биле Македонски муслимани. Велија Рамковски е по потекло од Дебреште.
Инаку, не знам дали знаете за ова, но има едно селце во Македонски Брод во кое приказната е обратна од овие иако е неспоредливо по големина со овие села. Денес има само 20-тина жители, но селото Дреново било албанско село со 100% албанско население на почетокот на 20 век. Од таму сите Албанци се имаат иселено некаде во 40-ти или 50-ти години на 20 век и се доселиле неколку македонски фамилии од соседното (моето <3 ) Сланско.