Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кај Спасен Сиљаноски профилот на ФБ од штабот Кичево слави ДПМНЕ.
Не е битно, у 2029та Струга треба да е Македонска. Таа е следнаСтруга губи Дуи?
Каменица и Пробиштип е исто добро испланиран. Ама Каменица нже доста подобарНе постои подобро испланиран град во Македонија во поглед на инфраструктура улици, објекти сите куќи со дворови зеленило
Прегледај го приврзокот 459651
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, како голема грешка ја оцени изјавата на Хаќим Рамадани, кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од Вреди.
Рамадани на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рече дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.
– Јас со жалење го слушнав сето она што противкандидатот на Јовица Илиевски го кажуваше во една егзалтирана состојба. Не знам дали тоа беше специфичен момент за него, но мислам дека направи голема грешка, пред сѐ за кандидатите од истата онаа коалиција за која тој настапува. Замислете што ќе се случува сега во Струга, во Дебар и во одредени други општини. Толку себичен потег од политичар досега во поновата историја Македонија не видела. Да влегува и мисли само за себе и за својот кусоглед, а притоа да ги занемари сите останати што се борат во вториот круг за градоначалнички мандат, навистина е за жалење – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека зборувал и со голем број влијателни претставници на меѓународната заедница, кои исто така со големо жалење и со неверување гледаат на тоа дека некој во 21 век, може да користи таков речник.
На прашањето дали изјавата на Рамадани ќе влијае врз владината коалиција со Вреди, Мицкоски рече тоа ќе влијае на неговата положба во иднина.
– Откако прво ќе ги изгуби изборите во Брвеница, ќе биде нормално разрешен од позицијата што ја извршува во овој момент – рече Мицкоски.
Рамадани е актуелен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Во однос на поддршката од Вреди за вториот круг во Кичево, Мицкоски рече:
– Фатмир Лимани не повика да се гласа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. Вреди испрати и соопштение дека не го поддржува Фатмир Дехари, како кандидат за градоначалник во Кичево.
Мицкоски ги повика Албанците во Кичево, но и сите кичевци да размислат за човекот што ги уценува нивните внуки и нивните ќерки, дали е достоен кандидат за иден градоначалник на Кичево.
Поради овие неважечки ливчиња некој ден ќе патиме
Ги имаат градоначалниците и власта сега па да видиме што ќе сработат.
