Локални избори 2025: Кандидати за Општина Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Иден градоначалник на Општина Аеродром?

  • Вкупно гласачи
    41

НЕ Е ВИСТИНА ДЕКА СОПРУГАТА ГО НАРАЧАЛА АТЕНТАТОТ ВРЗ МЕНЕ Доктор Шаини бара полицијата итно да ги најде сторителите

1760105091451.jpeg
 
Абе задутре втор круг во Аеродром, а темава умрена 1 недела...

@Boro1918 кое е твое мислење за кандидативе што се во втор круг?
 
Абе задутре втор круг во Аеродром, а темава умрена 1 недела...

@Boro1918 кое е твое мислење за кандидативе што се во втор круг?

Што да кажам, Деки е комплетно неспособен. Ќе биде се исто како до сега, ќе го испумпуваат целиот буџет во Пирамид Билдинг и тоа е тоа ќе си поминат така следните 4 години. Деки е најобичен шибицар и извршител, он на своја рака ништо нема да почне. Цел буџет ќе го префрла само во партија.

Од друга страна тој лекарот од тоа што го знам сите зборат добро за него, ама кој добар човек се гледа приватно со Заев а уште помалку е во 2025 сеуште во СДС. И глас за СДС каде било го сметам како еден почетен чекор во повторна рехабилитација на таа партија, нешто што по мене е недозволиво.

Ова ти е ептен чекич и наковална ситуација. И да додадам, дека гледам луѓе зборат ама ДПМНЕ веќе го имаат советот. Тоа во Аеродром ништо не значи. Аеродром има едно ЈП со нула вработени, сите налози за работа се даваат на дневно ниво. Преку советот нема да можат да блокираат ниту 5% од како што блокираа на ниво на град Скопје, плус од тоа што го имам слушнато за советот таму сачувај боже е. Буквално по селата има поспособни советници, сега одкако Деки стана градоначалник сменија 3 или 4 претседатели на совет. Едниот имаше видео, чита како во трето оделение. Влече прст по листот до каде е и се мисли од време на време за како да го прочита зборот. Тие немаат капацитет да зборат не па да блокираат нешто.
 
Последно уредено:

Се кажа, освен најбитното - зошто втори локални избори по ред Левица одбира тапа кандидат (субјективно мислење - можеше многу подобро да парира со друг, особено со тој за кој се шпекулираше), баш во општината каде што има најголема поддршка :(
 
Зошто дел од најдобрите кандидати не сакаат да имаат онакви ситуации како што имаше Амар каде што ти копаат до трето колено фамилија и целиот прљав веш ти го вадат по социјални мрежи. Други им се родило дете, трети успеале да добијат проекти за странство и имаат премногу работа ... . Еден или двајца кандидати за советници исто им одбија поради слични причини, а и они да беа на кандидатска листа ќе имаа уште најмалку 500+ гласови на конто зошто се доста популарни таму каде што живеат и сега ем ќе беа во втор круг ем ќе имаа 7 советника сигурно ако не и 8. За разлика од СДС и ДПМНЕ многу е тешко некој од кај нас да ги натераш да се кандидираат посебно кога најспособните се и најнезависните луѓе и не сакаат да си ставаат трн во здрава нога.Од тоа што го знам секогаш тој проблем го имало во партијата.

Марјан од аспект на дали беше способен да ја врши работата на градоначалник беше подобар и од Дејан и од Александар одалеку, зошто 70% од проблемот во Аеродром е да се направи асален буџет а он мислам дека подобро го знае буџетот од општинската администрација. Останатите 30% се да се справиш со општинската админситрација , посебно оделот за урбанизам каде што шефот им е чист криминалец.

Проблемот со Марјан беше што многу доцна се одлучи да биде кандидат и немаше никакво време да се спреми за кампања. Човекот прво појавување на телевизија му беше директно во дебата за градоначалник. Да имаше нормално време да биде испромовиран ( подкасти, објави на социјални мрежи, итн ... ) , да кажеме една година сигурен сум дека ќе влезеше во втор круг. Он и вака направи неверојатен успех зошто е еден од ретките кои имаше скоро исто гласови со советничката листа. Али мора да се признае и тоа е во голема мера зошто и огранокот им е еден од најактивните.

На минатите избори зошто Весна била избрана, епа ене кај Сандра Грамосли и кај Даре можеш да прочиташ зошто било избрана. Многу била урбана, активист, ја знаеле како атлетичарка. Во вистина зошто цело време трчала по президиум како мало кученце, и повторно зошто немаш кој друг.

И за крај јас пак ќе речам, потребни се луѓе. Ако сакате да смените нешто не чекајте на други туку отидете и пробајте сами. За разлика од СДС и ДПНЕ ограноците се комплетно отворени и секој е добредојден, отидете на фејсбук страна на локалниот огранок најверојатно е Левица ЛО Аеродром контактирајте ги, модераторот ќе ви се јави и видете дали можете да се вклопите или не е тоа за вас. Во најлош случај си изгубил 1 час од твоето време. Али барем во Аеродром знам дека 90% не им се државно вработени и се можеби најнеутралниот ( и анти-СДС и анти-ДПМНЕ ) огранок во Македонија. Имаш се од возач па до професори на ФЕИТ на состанок.

Ако има какво било недоразбирање пишете ми порака тука директно, ќе ги исконтактирам јас и ќе се реши без проблем.
 
Последно уредено:
Во превод, @Acid треба да се зачлени во Левица за наредни избори да биде кандидат за градоначалник на Аеродром и да го гласаме :)

Иначе се надевам дека ако победи Александар, наместо да се обидува да ја враќа СДСсМ во живот, би се дистанцирал колку што може повеќе од таа партија зашто верувам гледа во каков пад е и дека неизбежен им е распад во Скопје, па он наместо да биде нивен спасител, би бил нешто како Митко Јанчев или Сашко Митовски - градоначалник што си ја вршел работата и го гласале луѓето врз база на успешноста, а не партијата.
 
Што да кажам, Деки е комплетно неспособен. Ќе биде се исто како до сега, ќе го испумпуваат целиот буџет во Пирамид Билдинг и тоа е тоа ќе си поминат така следните 4 години. Деки е најобичен шибицар и извршител, он на своја рака ништо нема да почне. Цел буџет ќе го префрла само во партија.

Од друга страна тој лекарот од тоа што го знам сите зборат добро за него, ама кој добар човек се гледа приватно со Заев а уште помалку е во 2025 сеуште во СДС. И глас за СДС каде било го сметам како еден почетен чекор во повторна рехабилитација на таа партија, нешто што по мене е недозволиво.

Ова ти е ептен чекич и наковална ситуација. И да додадам, дека гледам луѓе зборат ама ДПМНЕ веќе го имаат советот. Тоа во Аеродром ништо не значи. Аеродром има едно ЈП со нула вработени, сите налози за работа се даваат на дневно ниво. Преку советот нема да можат да блокираат ниту 5% од како што блокираа на ниво на град Скопје, плус од тоа што го имам слушнато за советот таму сачувај боже е. Буквално по селата има поспособни советници, сега одкако Деки стана градоначалник сменија 3 или 4 претседатели на совет. Едниот имаше видео, чита како во трето оделение. Влече прст по листот до каде е и се мисли од време на време за како да го прочита зборот. Тие немаат капацитет да зборат не па да блокираат нешто.

Прочитај го законот за локална самоуправа. Градоначалникот на мочање не може да отиде без Советот. Градоначалникот носи предлози за Програми и Буџет до Советот, Советот ги одобрува или не ги одобрува.
Да речеме државата и даде 2М евра на општината да направи проекти. Градоначалникот го става во буџетот, Советот не го гласа. Како ќе ги потроши тие пари?Дури и да се наменски за конкретна цел, не му ги изгласаат ли во Буџет џабе е.
Дури и од сопствени приходи парите. Градоначалникот може да предложи буџет да рече од овие 4М ќе правиме парк со езеро, Советот ќе му предложи амандман да ги стави тие пари во паркинг во друга програма и ќе му изгласа во друга да му бидат, па ако му стиска нека ги потроши на парк со езеро, ќе го апсат со главата накај клозетот одма.
Дополнително се што сакаат да направат од соработка со друга општина мора да биде одобрено од Совет. Советот одобрува Градоначалникот реализира така функционира локалната самоуправа. Советниците во секоја општина 90% од нив се луѓе кои појма немаат кај се наоѓаат нити што се надлежности на општината нити па ја познаваат работата, не е реткост меѓу нив да има и луѓе што баш така како што викаш со прстот си покажуваат и читаат како второодделенци, ама не е битно како читаат, ќе ги собереш пред Совет да имате и ќе им кажеш гледајте у Ристе, Ристе коа ќе крева рака и вие ќе кревате рака и готово.
Општините што имаат различен Градоначалник од Совет се осудени на стагнација 4 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom