Дебата на Канал 5 - Орце против Амар 28.10.2025

Кој е победник на дуелот?

  • Амар

    Гласови: 83 66,9%
  • Орце

    Гласови: 41 33,1%

  • Вкупно гласачи
    124
  • Гласањето е завршено на .
Ова ли е тоа кога не знаеш на која дијагноза да се фокусираш, не знам со муабетов дали се правеш слеп, глув или глуп. Ај изгледај а дебатата уште еднаш и пробај да следиш користејќи го здравиот разум а не чистата омраза кон ДПМНЕ.

Информацијата за школите нема нам да ни користи во секојдневниот живот секако, ама некој што се кандидира за татко на градот и те како треба да биде запознает со овие факти.

Јас ги знам сите средни школи по име и локација и за голем дел и што струка и смерови нудат, дека требаше да прочитам за тоа И да ме прашаш колку се точно по број, пак не би одговорил одма ќе ми треба да ги пребројам. Каква битна информација е тоа да знаеш колку средни школи има во град Скопје на памет. Еве сигурен сум дека ти ги знаеш сите основни во твојата општина, сакаш да ми кажеш дека на дебата ако те прашам колку се по број дека одма ќе одговориш? И да не знаеш да одговориш на кого му е гајле, срамота е да не знаеш дека некое школо постои, или да ветуваш школо таму каде што нема потреба или веќе има.
А кога сме кај пругата за Сопиште, ме мрзи да вадам исечоци од интервјуто коа све е веќе таму. Еве ти а мапата на пругите во Македонија, не е баш комплицирана, посебно не кога збориме само за Град Скопје. До толку да си изгубен во просторот а да бараш доверба од граѓаните да го водиш главниот град, тешко.

Амар никогаш нема кажано дека има ниту ќе има пруга во Сопиште, грешката е во програмата и погоре пишав како има дојдено до грешката. Ако ова е најголемиот грев што е направено техничка грешка, не знам што да кажам.
 
За да Амар победи потребно е во Недела да има екстремно голема излезност, би рекол над 75%. ВМРО извадија се што имаат во првиот круг и немаат што повеке од тоа, освен да видат колку гласови ке добијат од ВЛЕН. Ако Орце ги добие и сите гласови од ВЛЕН, нема да надмине 120.000 гласа, иако не верувам дека гласачите на ВЛЕН ке бидат нешто многу мотивирани да излезат како во првиот круг. Амар легитимно може да се надева на гласовите на сдсм и дуи при што на излезност како во првиот круг не би надминал 105.000 гласа, иако и тука е голем знак прашалник мотивираноста на дуи и сдс да излезат. Според мене дуи и сдс треба да се мотивирани, ако вмро го загубат градоначалничкото место во Скопје пирова ке им биде победата во сите други општини, ке бидат ранливи губитници на кои рејтингот нагло ке им паѓа.
Затоа шансата на Амар ја гледам само во голема излезност. Можен е и фактор на изненадување во првец на тоа Албанците, кога веќе немаат сопствен кандидат, да изгласаат на национална и верска основа за Амар како Бошњак и муслиман.
Затоа сметам дека нема простор предвреме Орце да се прогласува за победник, сепак Амар не е без шанси. Орце влегува од позиција на апсолутен фаворит но и него му е јасно дека ништо не е готово додека мајка му не запее.
Што кур ќе ни биде потребна коалиција да го гласаат на база на тоа што бил муслиман? Ако го гласаат Албанци , нека гласаат за промена, а не по секоја цена да паѓа рејтингот на вмро. И што ќе направиме кога ќе падне рејтингот на вмро? Ќе ги вратиме сдс и Филипче?
 
Последно уредено:
Што кур ќе ни биде потребна коалиција да го гласаат на база на тоа што бил муслиман? Ако го гласаат Албанци , нека гласаат за промена, а не по секоја цена да паѓа рејтингот на вмро. И што кога ќе почне да паѓа рејтингот на вмро? Ќе ги вратиме сдс и Филипче?
Никој не зборува за коалиции. Зборувам за тоа каде се шансите на Амар, во која консталација Амар има шанси.
 
Никој не зборува за коалиции. Зборувам за тоа каде се шансите на Амар, во која консталација Амар има шанси.
Реално нема никакви шанси, ама добро да даде што поголем отпор.
 
ДУИ нема да гласаат за Амар 100%, еве ќе видите во недела дека Орце ќе победи и во Чаир и во Сарај не со многу али ќе победи, али знаеш на кого му е гајле што ќе имаат терано лажна кампања како ДУИ го подржува Амар кога веќе ќе имаат победено. Турци и Босанци да ќе го гласаат али они реално не се некој многу голем фактор, неколку илјади гласа дали се тоа.

Избориве ги одлучуваат урбаните општини Карпош, Центар, Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода. Ако излезат тие што не излегоа прв круг, и чкртачите не чкртаат ливчиња е единствената шанса против Орце. Исто така е од огромна помош што Карпош, Центар и Аеродром се во втор круг, додека Бутел, Ѓорче не се.
 
Многу некако го зборат Сопиште ко за општина што нема право на глас за градоначалник на Скопје а е буквално на 4км од центар на Скопје, слично како и Петровец и Илинден каде што пола жители на Скопје се вработени во компании таму, ама затоа село Бојане и село Дворце под општина Сарај имаат право а се на крај на светот и поблиску до Тетово, а жителите на Сопиште, Илинден и Петровец не гласаат иако сите опшествени дејствија ги вршат во град Скопје, и обратно.

„Кваката„ беше токму таа-што повеќе шќипериско-ромовски населби да му се „учукаат„ на Шкупими, за да стане полесно дво-тро-стојазичен град.
Автоматски споено мислење:

Не ги можам ДПМНЕ ама во дадениве околности Орце колце ќе биде подобар избор од Амар и донекаде ќе го врати во нормала Скопје, во спротивно ќе биде бетер од сега.

Ако барате најподобен кандидат од тие што беа пријавени мислам дека Горан Марковски би бил најдобар избор ама тоа во некој друг свет и со друг народ.

Во „нашата земјата„ постои чудна пракса-поставување на ликови со титулар „проф. д-р„ на одредена висока политичка позиција...и од неговиот титулар и (не)способност добив(а)ме едно обично „ништо„.

Лесно е да се биде паметен пред ученици и студенти, а лесно е и да се биде изгубен кога ќе треба да се соочи со решавање на реални работи и проблеми.
Автоматски споено мислење:

Реално нема никакви шанси, ама добро да даде што поголем отпор.

Точно-Амар и „Левица„ треба да постојат за да бидат „лево сметало„ за секоја наредна власт, локална или централна, небитно што како партија нема да бидат на власт уште многу долго...
 
Последно уредено:
Би требало да се оди под земја кај Тобако 2 , и да се излегува над земја кај соборен храм, со тоа што над земја реално е потребно само на потегот Партизанска - Ѓорче Петров за да не мора да се крати партизанска или уште полошo да се проширува + и да не мора да се реизгради мостот обединети нации. Од Тобако 2 до Ново Лисиче е оставено при градењето на Јане Сандански простор на средина за пруга на ниво со станици. И од Ново Лисиче може истата да се продолжи и приклучи на постоечката пруга во Долно Лисиче, тоа е реално најефтиниот дел за изградба и најлесниот дел.

Така ќе се добие комплетна поврзаност на сите периферии со централното градско подрачје, но и уште поважно ќе се намали притисокот за урбанизација во центарот и ќе може да се прошири градот кон надвор. Да не ни зборам колку ќе се намали бројот на возила ако има трамвај/воз на секој 10 минути. Исто така бројот на потребни автобуси и возачи ќе се намали драстично.

Иако има и можно решение каде што се оди сегде со елевирана железница вклучително и кај железничка, али тоа е повеќе прашање на избор.
Значи, од Тобако 2 до Соборна ќе биде, практично, метро. А какво е тоа решение со елевирана железница кај Железничка? Тоа би одело нормално во однос на пругите на Железничка моментално.
 
Нимфомакс викаат далеку подобар и поспремен бил Орце , каков заплет добија избориве на крај :icon_lol: !.
 
Значи, од Тобако 2 до Соборна ќе биде, практично, метро. А какво е тоа решение со елевирана железница кај Железничка? Тоа би одело нормално во однос на пругите на Железничка моментално.

Пак некој комунист лажел за „метро„ во Шкупими, а притоа локалната власт не е способна да го собере ѓубрето, не пак да гради „подземје„...
 
Многу високи очекувања имаме ко за народ што лагано моча у лифт.
Тогаш да продолжиме да мочаме во лифт и батали секој обид за се друго. Катастрофа мајндсет.
 
Не ги можам ДПМНЕ ама во дадениве околности Орце колце ќе биде подобар избор од Амар и донекаде ќе го врати во нормала Скопје, во спротивно ќе биде бетер од сега.

Ако барате најподобен кандидат од тие што беа пријавени мислам дека Горан Марковски би бил најдобар избор ама тоа во некој друг свет и со друг народ.
Баш така, Горан Марковски е најдобриот избор. На кој му е важно образованието, тој е најобразован, на кој му е важно искуството за инфраструктура, тој го има најмногу, а, секако е и елоквентен.

Но, во некои други времиња, кога нема да бидат 70% од луѓето партиски ботови...
 
Последно уредено:
Тогаш да продолжиме да мочаме во лифт и батали секој обид за се друго. Катастрофа мајндсет.

Јас не чув од ниеден од кандидатите решавање на проблемот со мочање во лифт. Знаеш дека Скопје никогаш нема да има ни метро ни две метра ни па ќе те потсеќа на Берн или незнам каде јодлуваш во чист трамвај, додека некои основни работи не се сменат. Е прво тоа, па после напрај се паметен за мајндсет.
 
А што направил Орце толку многу за Кисела Вода, последниве четири години? Еве, некој што знае, нека сподели.
 
Јас не чув од ниеден од кандидатите решавање на проблемот со мочање во лифт. Знаеш дека Скопје никогаш нема да има ни метро ни две метра ни па ќе те потсеќа на Берн или незнам каде јодлуваш во чист трамвај, додека некои основни работи не се сменат. Е прво тоа, па после напрај се паметен за мајндсет.
Солун има супер метро, а овие се бетер од нас по корупција. (Да, ептен побетер) Едно од најдобрите во Европа. Незнам како се само кај нас е незамисливо и неизводливо. Замисливо е да начукаш 100 кила бронза на плоштад, ама не е замисливо да прекопаш еден тунел под плоштадот. Прво че му ја мислиме за мочалата во лифт, па тек после че решаваме *акутни* проблеми на градот Скопје, кој бараат веднаш да се седни и да се бара решение, а не мочале во лифтот муабети.
 
Немој Солун со Скопје да го споредуваш лебати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom