- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 2.713
- Поени од реакции
- 6.593
- Возраст
- 31
А што беше тоа што го утна вчера?Зошто? Како го заклучи ова? Затоа што збори течно и е елоквентен? Јас од она вчера што го видов не добив баш таков впечаток, можеби затоа што дечкото е уште премногу млад и незрел, не знам..
За ЗЕЛС ништо не кажа погрешно туку Орце направи со прашањата што му ги вметнуваше и не ми даваше да доврши дека он не знае што е ЗЕЛС.
Или пак колку средни школи имало во Скопје, јаката информација. Не дошол до таква информација оти не му требала. Па и да дошол, денес ја памтам утре ќе ја заборавам. Ако не ти користи во секојдневито таа бројка ќе ја заборавиш.
Или пак Сопиште немало пруга, јас не видов да каже така Амар туку Орце нафрлуваше цело време дека некогаш и негде овој кажал така. Нека ми даде доказ дека кажал така.
За разлика од тоа Орце на пример без да гледа во тефтерот не знаеше каква порака да даде на крај. Овој му го затвори и овој почна да трокира.


Од друга страна, ако лесно се земало диплома во Македонија, овој имал 30 години да ја земе. Прескокни ги прикаските со како тоа немал пари, како транзицијата него не му дозволила и слични причи. Имав врсници од Кавадарци на факс кои плаќаа автобуски карти, станови, храна и сите основни потреби, плус трошокот кој го има на факс (што за дете во Скопје е единствениот трошок), а доаѓаа од фамилии кои едвај врзуваа крај со крај и главен приход од земјоделие. Иако темава за дипломите ми е банална да ја зборам, изговорот е многу очаен.