200 милиони евра долг, 10.000 вработени. Ѓубре не можат да решат, а не пак да се обидат Скопје да го приближат до некоја метропола.
Буџетот на град Скопје е помеѓу 100 и 140 милиони евра годишно од кој 30-40% се чисти пари за капитални проекти. Значи минимум 30-40 милиони евра. И долгот на градот и на ЈП не се сеуште некое несовладливо бреме, посебно кога ќе се земе во предвид дека ЈП имаат сопствени извори на финансирање.
Првиот, вториот, третиот и секој проблем е што овие избори одлучуваат кој ќе го прави новиот ГУП и чив план за јавен транспорт ќе се имплементира. Ако се започне со БРТ проектот, и се скрои ГУПот според желбите на градежната мафија под ДПМНЕ , ставете крст на градов. Он може да ви празни контењери до утре сабајле, градот ќе се претвори во непоправлива дупка.