Не, никаде не реков дека ќе гласам за Амар ради татко му што го рчкач, не знам кај виде такво нешто напишано. Ќе гласам затоа што, во ситуацијава да го бирам помалку лошото, да речеме. ДПМНЕ/СДС (тоа е една партија за мене) гледаме како ја уништуваат државата и градов веќе 35 години, све што можеа да упропастат, упропастија и украдоа. Орце е репрезент на таа криминална група која знаеме сите дека краде и унишутва се македонско и се што вреди. Скопје денес е вакво баш ради ова ДПМНЕ, не ради било кој друг. Они ја донесоа Далела, они се во совет, они си водеа војна меќу себе. Они не доведоа до тоа да се давиме во ѓубре, да ни се шетаат стаорци по улица. Како бе можеа одма после прв круг, следниот ден да земат да чистат нивните градоначалници, да носат возила од други места, а пред тоа не можеа? Го загрозија намерно здравјето на скопјани, за да си тераат кампања и да имаат негативец против кој ќе навртат се, пошто СДС е мртов. Тоа е причина зошто ќе гласам за Амар, иако со дебатава не ми остави впечаток некој кој знае каков. Сепак е промена некаква.
Друже ти вака напиша
„Искрено, после дуелов, ни едниот ни другиот се за градоначалник, али кога мора некој, ќе гласам за Амар. Да збориш за родител, на некој кој и секое врапче веќе знае дека е растен само со мајка, а ти кажуваш како татково бил ваков, онаков, имал досие, дивоградба, е дно на кое се спремни само дпмнеовци да се симнат.“
Кажа дека ќе гласаш за Амар и почна да кажуваш што како
Сега извини ако јас погрешно сум те разбрал, ама даден е одговор по тоа што сум прочитал
Другиот дел не го негирам, знам јас многу добро какви ликови се таму и што направиле/не направиле
Од друга страна, што правиме со „новите дечки“ на политичкава сцена што идеа по улици на револуции, претставувајќи се како спасители а ни го шибнаа сосе јајца и придонесоа да дојде муртинскиот.. ? Или не е така?
Тоа некако сите го заборавате и ги делите левица, само по која логика уште неможам да сфатам..
Не само јас, туку и многу други
Напишав кратко и јасно, ќе видиме во недела кој со кого се договорал, има избирачки места, ќе покажат гласовите
Ги кажувам овие работи бидејќи вие сте тие што ги гурате на многу начини како алтернатива за власт и многу нормално е да бидат расчешлани..