Дебата на Канал 5 - Орце против Амар 28.10.2025

Кој е победник на дуелот?

  • Амар

    Гласови: 83 66,9%
  • Орце

    Гласови: 41 33,1%

  • Вкупно гласачи
    124
  • Гласањето е завршено на .
Лудница од дебата, Амар е лудница од кандидат. :pos:

Се претставува како политички интелектуалец, а нема завршено факултет. Немал ништо конкретно работено пред да влезе во партија, прво вработување му било во Левица.

Не знае што е Зелс и кои се ингеренциите на Зелс, не знае колку училишта има Скопје и колку претпријатија се под град Скопје. Обвинува паушално, а овој со имиња и презимиња му ги кажува директорите на Левица поставени од Данела Арсовска. Не знае дека нема пруга во Сопиште, основни работи требаше да му кажува Орце, а се бори за градоначалник на главниот град. :pos:

На крај се испоти како да бил на утакмица. :pos:
Инаку се гледа дека е добар дечко, ама let's be real, ова му преголем залак. Може требаа да го кандидираат за некоја општина, Центар или слично, каде реално немаше некоја конкуренција, да го избрусеја малце, па после за град Скопје.
 
@bijons @Ron Burgundy и ботот @KlarKent моментално..

I Want You Love GIF by La Guarimba Film Festival

Тотална доминација. Очекував дека Орце ќе издоминира пошто има огромно познавање од материјата пошто е градоначалник. Но не верував Амар да нема некои основни знаења. Што буквално сеир тераа со него Иван и Орце.
 
Навистина штета што ни еден градоначалник не сака да зборува за реални проблеми на градот и проекти кој нив би ги решиле. Финансиите не би биле проблем. Секако земаат кредити за прц врц глупости. Бар да е земен за проект кој би му дал нешто на градот и граѓаните.
8 Возови да се и да идат на секои 7 мин, скрос би се решиле проблемите. Башка шо возат по своја траса - без друг сообраќај да им смета. За 10 мин би биле од точка А до точка Б во Скопје.
Пошто не купуваат доволно гласови. За битија со ниска интелегенција палат ,љуљашки,спортски терени итн... Проекти што траат 3-4 години и после се распаѓаат.
 
Ne eve ke sedime so Tamarce i Dimce ke go branime deciste koe nemozi da iscisti ispiti a kamo li problemi na glaven grad
Ајде назад во прво одделение. Ова тогаш се учи. Неписмен си. Неможи се пишува одвоено. Плус интерпункциски знаци, ако знаеш што е тоа. Ама очекувано за партиски бот, поготово на ДПМНЕ.
 
Боах, пошто се шо му треба на Скопје е уште простор за коли. Ко со бактерија да си прајш муабет.
Не бе срцка, ако се направи подземна под плоштад, мал ринг ќе се затвори за коли. Ќе се компензира капираш? И така центарот на Скопје со кола би се поминал за помалку од минута.
И така со затворен мал ринг за коли, не мора да има подземна станица на рекорд, туку автобусите/трамвајот би си возел гордо над земја.

А за Берн погледнав, тоа не е метро туку лесна железница/трамвај со неколку ептен мали сегменти под земја.
 
Пошто не купуваат доволно гласови. За битија со ниска интелегенција палат ,љуљашки,спортски терени итн... Проекти што траат 3-4 години и после се распаѓаат.
Катастрофа. Една Кина да ја ангажираат за 4 години ќе ни го изгради. Па ако сака и 100 години нека стопанисува со него. Кога веќе сами не не бива. Патот од Ск до Пп е супер. Би можел да е подобар? Да. Каков беше претходно? Подобро ич да не прашувам.

Скопјани колите ќе си ги чувате за на роуд трип низ Македонија. Во градот се вози само во Метро. Од Лисабон до Москва е вака и нема врска со големината на градот. Скопје е печен за Метро систем. Не подземја колите. Трасата се буши токму за возот, за да не му смета друг сообраќај над земја. За да втаса од Арена Филип Втори до Аеродром за 2 минути.
Автоматски споено мислење:

А за Берн погледнав, тоа не е метро туку лесна железница/трамвај со неколку ептен мали сегменти под земја.
Токму ова му треба на Скопје. Дојди да видиш за колку секунди летаат возовите во оваа трамвај лесна железница, па кажи ми дека тоа не би ги решило проблемите на Скопје. Хинт хинт - со кола низ Берн не би бил толку брз (низ неколку клучни делници), дури ни со Порше.
Автоматски споено мислење:

Срамота е во град голем колку Скопје уште да чекате Автобуси да ве водат луднички низ сообраќај.
 
Последно уредено:
Реално катастрофа дуел. Пред се катастрофално воден од мрсулон од Канал 5. Спремаш политички дуел и водител ти е некој кој само галами и писка и изграва некој интелектуалец, наместо некој водител кој ке биде смирен. Мала предност во дебатава за Амар, иако ни он, а уште помалку залижаниот ме импресионираше. Искрено, после дуелов, ни едниот ни другиот се за градоначалник, али кога мора некој, ќе гласам за Амар. Да збориш за родител, на некој кој и секое врапче веќе знае дека е растен само со мајка, а ти кажуваш како татково бил ваков, онаков, имал досие, дивоградба, е дно на кое се спремни само дпмнеовци да се симнат. И секад само они се симињаат на такво ниво. Орце усвари не е у ДПМНЕ, така испадна, пошто он нема никаква врска со партијата и не треба лошото што го прави, криминалите, неговата партија и лидерот, на него да му се спомнуваат. Од она што највеќе требаше да го зборат, а тоа е програмата, апсолутно ништо не дознавме. Со тоа што, мрсулот водител си имаше однапред подготвени некои прашања, за точно на Орце да му асистира. Според Орце, за хаосот во Скопје, со превоз, со ѓубре, крива е само Данела, не постоти друг крив, они ништо не направиле, за Амар, и она и Мицко се криви, што е логично и вистина. Друга многу битна поента, која ботовите дпмнеовски ќе гледаат да ја бутнат под тепих, кандидирање на македонски градоначалник во Тетово е некако против македонските интереси. Подржувањето на Касами балистот, е најпатриотскиот чин за ботовите ко овие туна на форумов неколку. Толку треба да знаете за патриотиве кои го валкаат името ВМРО кое треба да е свето за народов. После дебатава, ако победи Амар, не 100% туку 1000% сум сигурен дека пак дебиливе ќе блокираат се и Скопје ќе го претворат во уште поголема депонија. Како и да е, кој и да победи, ако нема никакви сопки, ако решат да работат во интерес на народот и само функционираат нормално и човечки, ќе биде подобро од предходниве 3-4 години, али само во поглед на ѓубрето. Превоз, сообраќај, загадување, поготово со Орце, нема да се реши, а и со Амар не верувам.
Чекај, чекај

Се согласувам со тебе дека двајцата не се за таа функција

Ама,
Ти праиш муабет за програма за да дознаеш што како нудат, а од друга страна кажуваш за тоа како морало и ќе гласаш за Амар.
Зошто?? бидејќи Орце го рчнал за татко му :eek:
Добро Орце е гнида која дојде со штабски финти..
И ?

Не само ти, сите се фатија за тоа како слепци , супер причина си најдовте да го гласате Амар за градоначалник, секоја чест.

Објективност 0
 
Чекај, чекај

Се согласувам со тебе дека двајцата не се за таа функција

Ама,
Ти праиш муабет за програма за да дознаеш што како нудат, а од друга страна кажуваш за тоа како морало и ќе гласаш за Амар.
Зошто?? бидејќи Орце го рчнал за татко му :eek:
Добро Орце е гнида која дојде со штабски финти..
И ?

Не само ти, сите се фатија за тоа како слепци , супер причина си најдовте да го гласате Амар за градоначалник, секоја чест.

Објективност 0
А што е објективно според тебе? За кој да се гласа?
 
Единствено нешто што може политичка дебата да ја направи поодвратна е водител да е чувена бекембарда со селско руменило водител на топ листа на втора програма од 90тите, Иван Мирчевски. Па нема поодвратно створење. Добро можда Љупче Златев.
 
Апасијата не го спремил Амар како што треба :) Жалам ама победникот е Орце.
 
Чекај, чекај

Се согласувам со тебе дека двајцата не се за таа функција

Ама,
Ти праиш муабет за програма за да дознаеш што како нудат, а од друга страна кажуваш за тоа како морало и ќе гласаш за Амар.
Зошто?? бидејќи Орце го рчнал за татко му :eek:
Добро Орце е гнида која дојде со штабски финти..
И ?

Не само ти, сите се фатија за тоа како слепци , супер причина си најдовте да го гласате Амар за градоначалник, секоја чест.

Објективност 0
Не, никаде не реков дека ќе гласам за Амар ради татко му што го рчкач, не знам кај виде такво нешто напишано. Ќе гласам затоа што, во ситуацијава да го бирам помалку лошото, да речеме. ДПМНЕ/СДС (тоа е една партија за мене) гледаме како ја уништуваат државата и градов веќе 35 години, све што можеа да упропастат, упропастија и украдоа. Орце е репрезент на таа криминална група која знаеме сите дека краде и унишутва се македонско и се што вреди. Скопје денес е вакво баш ради ова ДПМНЕ, не ради било кој друг. Они ја донесоа Далела, они се во совет, они си водеа војна меќу себе. Они не доведоа до тоа да се давиме во ѓубре, да ни се шетаат стаорци по улица. Како бе можеа одма после прв круг, следниот ден да земат да чистат нивните градоначалници, да носат возила од други места, а пред тоа не можеа? Го загрозија намерно здравјето на скопјани, за да си тераат кампања и да имаат негативец против кој ќе навртат се, пошто СДС е мртов. Тоа е причина зошто ќе гласам за Амар, иако со дебатава не ми остави впечаток некој кој знае каков. Сепак е промена некаква.
 
Циркузи сме, абе овој босанскиов лонец нема еден мандат у управен одбор поминато, градоначалник ќе станувал :pos:
 
А што е објективно според тебе? За кој да се гласа?
Па на пример да гледате кој што може да направи за градот и за сите негови проблеми?

Јас не би гласал за никој се додека не се исчистат партиите од слепци кои условуваат за глас
Партиите личат на секти, сите три, не само вмро и сдс

Ама тоа ќе го осетат на парламентарни избори, само вака нека продолжат
 
И Амар утна како и другите независни кандидати. Требаше само едно прашање за Орце: Зошто после 35 годишна власт на твојата партија(и таа другата), Скопје нема инфраструктура, нема јавен превоз, нема чист воздух, нема модерни депонии итн итн и зошто баш во наредните 4 години би го добиле тоа што 30 години го сонуваме и збориме.
Само ова прашање и нека си излезе од студио, па после овој нека се правда и нека лаже.
Затоа што и Амар е свесен дека само ДПМНЕ има донесено јавен превоз и изградено објекти после 91ва.
Самоубиствено прашање би било.
 
Има ли некој од двајцава токмаци во програмата дека конечно ќе се направи Луна Паркот или уште ќе седи тоа место напуштено и обраснато со трева.Ако не планираат да го прават барем нека го средат и нека го направат составен дел од паркот со клупи дрва и зеленило да заличи тој дел на нешто,а не е мал дел во прашање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom