Дебата на Канал 5 - Орце против Амар 28.10.2025

Кој е победник на дуелот?

  • Амар

    Гласови: 83 66,9%
  • Орце

    Гласови: 41 33,1%

  • Вкупно гласачи
    124
  • Гласањето е завршено на .
АМА ШО ЕБАНО У ГЛАВА ТРЕБА ДА ТИ ФАЛИ да седиш и орце да го браниш

каква е таа плата, која е таа цена шо ќе ве натера орце лепи да го браниш живти све
200 пати одговорно тврдам рече

или соте(((ајде пиши ми дека и гром и левиџца сум две у едно:)
 
Реално луѓе, метро систем во Скопје би решило толку проблеми.
Во Хелветика сите се војзаме по У-Банот. Посебно во работни денови. Сеедно на општествен статус. Со оглед на тоа дека цела Македонија е во Скопје, а градот не беше планиран за таков раст, само подземен јавен превоз би го решил сообраќајниот хаос. Буквално една Линија да има напоредно до (под) Вардар, ќе се намали до 60% од сообраќајот.
 
Реално луѓе, метро систем во Скопје би решило толку проблеми.
Во Хелветика сите се војзаме по У-Банот. Посебно во работни денови. Сеедно на општествен статус. Со оглед на тоа дека цела Македонија е во Скопје, а градот не беше планиран за таков раст, само подземен јавен превоз би го решил сообраќајниот хаос. Буквално една Линија да има напоредно до (под) Вардар, ќе се намали до 60% од сообраќајот.
Премал град е за метро.
 
Се прашувам како го примиле и што работел Орце со факултет за политички науки во ЕВН.
Се прашувам како овој Амар што не знае некој основни работи околу град
Скопје претендира да биде градоначалник . Исто се прашувам како професор, доктор , научник, стратег Апасиев ќе одговори на фактот дека кандидатот негов е без високо образование а цело време се фали како сите во Левица биле со завршен факултет .
 
Лоша дебата, само ветувања брда и долини со буџет немаме ни за 10% од работите што ги спомнуваат.
Орце класика ќе го исчистам ѓубрето за 72 часа. Лапа гласови на тоа.

Никој не превзема драстични промени, бркање на Ромите, прекин на високи градби фокусирање на куќи, тротоарите да се ослободат од возила, да се воведе такса за сообраќај во Центар.
Предноставни мерки што не зимаат многу буџет, ама знаат дека губат гласови со нив.
Никој не сфаќа дека ДА САКАА да исчистеа, ќе исчистеа пред избори.
Ќе ги даде на Град Скопје камионите, или секој по својата општина. А нѐ оставија во ѓубре со недели. Камионите не паѓаат од небо. Стоки.
Мене тоа највеќе ме изнервира.
Одеднаш сите камиони бе.
Карпош, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба.
Како пред избори ,,немаа”? Затоа заслужуваат ,,казна” на избори.
Пошо се говеда.
Ќе плаќаме овде ко попчиња со мизерна плата.
Арачиново, Грчец и Сарај на наш грб, и уште да не добиваме тоа што го плаќаме.
 
Премал град е за метро.
Глупости. Поголем е од Швајцарски Берн, а низ овај возојте се ко Јапонски (по брзина). Подземен градски превоз не би бил проект планиран според големината на градот, туку според проблемите, а Скопје ги има многу.
 
Во "приватниот сектор" ЕВН :ROFLMAO:

Бтв, дипломирал на 23г на п*чкин дим факултет од 3год...
Do your math :rolleyes:
Не гледав дебата, сега се вратив од работа. Ама дали сериозно веруваш дека некој партиски кадар, сеедно од вмро или сдс, има завршено факултет со свој труд? Сите што ги знам така диплома им дадоа? Никаков труд, не се појавуваа на испити, киснеа по штабови, митинзи, софри.
 
АМА ШО ЕБАНО У ГЛАВА ТРЕБА ДА ТИ ФАЛИ да седиш и орце да го браниш

каква е таа плата, која е таа цена шо ќе ве натера орце лепи да го браниш живти све
200 пати одговорно тврдам рече

или соте(((ајде пиши ми дека и гром и левиџца сум две у едно:)
Ne eve ke sedime so Tamarce i Dimce ke go branime deciste koe nemozi da iscisti ispiti a kamo li problemi na glaven grad
 
Навистина штета што ни еден градоначалник не сака да зборува за реални проблеми на градот и проекти кој нив би ги решиле. Финансиите не би биле проблем. Секако земаат кредити за прц врц глупости. Бар да е земен за проект кој би му дал нешто на градот и граѓаните.
8 Возови да се и да идат на секои 7 мин, скрос би се решиле проблемите. Башка шо возат по своја траса - без друг сообраќај да им смета. За 10 мин би биле од точка А до точка Б во Скопје.
 
Глупости. Поголем е од Швајцарски Берн, а низ овај возојте се ко Јапонски (по брзина). Подземен градски превоз не би бил проект планиран според големината на градот, туку според проблемите, а Скопје ги има многу.
Aко се оди под земја, подобро колите да се стават таму и да се изградат неколку клучни подземници. Скопје нема апсолутно никаква потреба од подземен јавен превоз.
 
Aко се оди под земја, подобро колите да се стават таму и да се изградат неколку клучни подземници. Скопје нема апсолутно никаква потреба од подземен јавен превоз.
Боах, пошто се шо му треба на Скопје е уште простор за коли. Ко со бактерија да си прајш муабет.
 
И Амар утна како и другите независни кандидати. Требаше само едно прашање за Орце: Зошто после 35 годишна власт на твојата партија(и таа другата), Скопје нема инфраструктура, нема јавен превоз, нема чист воздух, нема модерни депонии итн итн и зошто баш во наредните 4 години би го добиле тоа што 30 години го сонуваме и збориме.
Само ова прашање и нека си излезе од студио, па после овој нека се правда и нека лаже.
Tesko so mircevski kako voditel toa.
 
Реално катастрофа дуел. Пред се катастрофално воден од мрсулон од Канал 5. Спремаш политички дуел и водител ти е некој кој само галами и писка и изграва некој интелектуалец, наместо некој водител кој ке биде смирен. Мала предност во дебатава за Амар, иако ни он, а уште помалку залижаниот ме импресионираше. Искрено, после дуелов, ни едниот ни другиот се за градоначалник, али кога мора некој, ќе гласам за Амар. Да збориш за родител, на некој кој и секое врапче веќе знае дека е растен само со мајка, а ти кажуваш како татково бил ваков, онаков, имал досие, дивоградба, е дно на кое се спремни само дпмнеовци да се симнат. И секад само они се симињаат на такво ниво. Орце усвари не е у ДПМНЕ, така испадна, пошто он нема никаква врска со партијата и не треба лошото што го прави, криминалите, неговата партија и лидерот, на него да му се спомнуваат. Од она што највеќе требаше да го зборат, а тоа е програмата, апсолутно ништо не дознавме. Со тоа што, мрсулот водител си имаше однапред подготвени некои прашања, за точно на Орце да му асистира. Според Орце, за хаосот во Скопје, со превоз, со ѓубре, крива е само Данела, не постоти друг крив, они ништо не направиле, за Амар, и она и Мицко се криви, што е логично и вистина. Друга многу битна поента, која ботовите дпмнеовски ќе гледаат да ја бутнат под тепих, кандидирање на македонски градоначалник во Тетово е некако против македонските интереси. Подржувањето на Касами балистот, е најпатриотскиот чин за ботовите ко овие туна на форумов неколку. Толку треба да знаете за патриотиве кои го валкаат името ВМРО кое треба да е свето за народов. После дебатава, ако победи Амар, не 100% туку 1000% сум сигурен дека пак дебиливе ќе блокираат се и Скопје ќе го претворат во уште поголема депонија. Како и да е, кој и да победи, ако нема никакви сопки, ако решат да работат во интерес на народот и само функционираат нормално и човечки, ќе биде подобро од предходниве 3-4 години, али само во поглед на ѓубрето. Превоз, сообраќај, загадување, поготово со Орце, нема да се реши, а и со Амар не верувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom