NBA 2025/26

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    27
Едино шо може да го спречи Лука од МВП сезонава е повреда класика и лош скор на Лејкерс. Не е тачен каков влез направи на почетоков.
 
Едино шо може да го спречи Лука од МВП сезонава е повреда класика и лош скор на Лејкерс. Не е тачен каков влез направи на почетоков.
Полека премногу е рано за предвидувања,
И SGA,Вемби,Јанис,Едвардс и Стеф влегоа јако на две утакмици.
 
Полека премногу е рано за предвидувања,
И SGA,Вемби,Јанис,Едвардс и Стеф влегоа јако на две утакмици.
Подоцна во трката ќе се приклучат и Јокиќ и Брансон, може и уште некој.
Сите тие помалку или повеќе заслужуваат да ја освојот MVP наградата, само SGA треба да биде прогласен за MWP (Most Whistled Player)
 
ОКЦ лесно три од три и тоа без Џејлен Вилијамс и Карузо на почетокот.
Имаат сериозна длабок ростер со повеќе од 10 млади играчи во тимот.
Плус високиот пик од лани што го земаа Никола Топиќ сеуште нема изиграно ниту една утакмица за нив.
 
Не биди толку строг со себе си... :)
Реално, од каде да знаеш дека ова се дешавало.

Мислам знаеме дека се местат утакмици, коцкарнициве и коцкањето го уништуваат спортот веќе со децении. Ама од кај да знаеме дека баш Розиер е директно вмешан.
 
Тешка победа на Сан Антонио против Бруклин,три од три на почетокот на сезонава и тоа без Фокс и Сохан.
Вториот пик Дилан Харпер одлично им се вклопува во системот.
Минатата сезона завршија 13-ти на Запад со 34 победи односно 6 победи помалку од Далас кои беа 10-ти и играа плејин.
Ќе биде густо на Запад но сезонава се очекува да направат чекор и да играат плејин а можеби и да влезат во плејоф.
 
De, de, edna nedela preventivno ke otsustvuva radi prst na raka i kontuzija na koleno. Ne e kraj na svet.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Лејкерс имаат добра стартна петорка но клупата повторно ќе биде проблем и сезонава.
 
Филаделфија имаат одлични млади бекови во Макси,Гримес,Мккаин и рукито Егекомбе но имаат проблем со високите играчи.
Не знам уште колку кошарка има во Ембид кој има 31 година и договор тежок 300 милиони до 2029,минатата сезона изигра 19 натпревари а пред таа 39.
Сезонава ќе ја почне со строго лимитирана минутажа и нема да игра на b2b утакмиците.
PG има 35 години и договор со Филаделфија тежок 220 милиони до 2028.
И тој е повреден и не се знае кога ќе се врати и во каква форма.
Освен овие 6 играчи останатото им е катастрофа во ростерот.
Филаделфија е една од најлошо водените франшизи во последниве десетина години во НБА,не знам дали тоа се должи на лошата среќа,лоша проценка на драфтувани играчи или лош развој на играчи.
 
Лош менаџмент имаат па како и да ги завртиш работите.
 
46 слободни за Лејкерс, а ЛеБрон да играше 70 ќе имаа.
Оној МVP-но сам имаше со Индијана 26.

Ко што кажа некој - заврши ерата на тројки, дојде ерата на слободни.
 
Со сите тие форсирања на офанзивниот аспект на играта створија услови за паметни играчи да наоѓаат начини да го злоупотребуваат тоа. Уште со Харден се виде, па после со Тре Јанг, сега повеќемина ги има што го користат тоа... Има нешто скроз утанато во концептот на денешнава НБА, ама толку се влезени длабоко да сега не можат лесно да искочат од сето тоа.
 
Денвер завршија одлична работа што се ослободија од Портер Јуниор и што успеаа да го прошират ростерот.
Сезонава може повторно да бидат сериозни контендери за титула.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom