- Член од
- 18 април 2010
- Мислења
- 2.730
- Поени од реакции
- 3.719
Една од работите што ќе му ги признаам на Груевски е враќањето на "македонштината". Ова му беше ептен помогнато од одличните перформанси на спортските репрезентации, кошаркарската и ракометарската. Замислете место зграда на АЕК, пред опера и балет(чија вистинска функција е да ја скрие оваа зграда) да направеше топ функционална голема сала за спорт и концерти(БТ салата е океј ама не е доволно).
Скопје 2014 можеше да биде ТОП проект ама за жал добивме само уништување на центарот на Скопје. Секој човек со малку сенс за естетика може да го увиди тоа. Враќањето на патриотизмот можеше да биде изведено и без антички столбови и триумфални капии.
Мојот став е дека Груевски имаше добри проекти ама најголем дел му беа скроз непрофесионално изведени.
Уште еден проект што ќе ми остане во сеќавање е Компјутер за секое дете, точно, имавме компјутери во училниците, се сеќавам, ама дали еднаш ги вклучивме и работевме на нив, а за 2-3 години и ги снема од училниците.100.000 компјутери.
Исто така, законот за ѓубре, се сеќавам фама беше дека ќе се казнувало за плукање и лушпи од сончоглед, а моментално имаме депонии на сите улици низ Скопје.
Законот за дивоградби, знам дека беше нешто 1 евро за 1 м2, сигурно не донел ништо добро околу урбанизмот и иднината во Македонија, ама ете бил популистички.
И за железниците се сеќавам, донесе неколку нови возови и бесплатен превоз за студенти. Се возев неколку пати со тие возови ама требаше да станувам во 5 сабајле за да се качам на возот, да поминам преку железничката станица во Кочани која буквално беше заглавена во 1970 и изгледаше одвратно, и да се возам 5 саати.
Околу меѓународна политика, не знам колку се точни приказните дека во 2008 одбил Македонија(Скопје) за внатрешна употреба, ама факт е дека нешто мораше да се постигне околу тоа прашање, а тој предлог е сто пати подобар од сегашната реалност.
Ептен погрешно Груевски ја искористи неговата моќ, во многу од работите и баш ми е жал. Мое лично размислување е дека светот во периодот 2008-2016 се промени скроз, посебно околу дигитализацијата и интернетот, а ние останавме заглавени во минатиот век.
Би сакал ваши размислувања околу овие тези, без типични ботовски одговори.

Последно уредено:
) !