Проблемот со општина Чашка е многу поголем од настава и паралелка, тие што се од тие краишта многу добро се запознаени со проблемот, медиумите секако нема да ја пренесат оваа страна.
Општината како централна општина и една од поголемите по површина (819км2) веќе некое време е примарна цел на Дуи, да се завземе, за да биде опфатена како албанаска за х години кога би имало поделба, федерализација... Тактиката е со малку ефорт да се завземе голема површина, која е богата со планини, реки, извори итн. Главната метода на остварување на целта во овој период е преку железниците. Не знам колку сте запознаени но прв пат во историјата за директор на Македонски железници е поставен Албанец. Целта е јасна, континуирано да се прават опструкции на железничкиот транспорт, за оние села како Богомила, Нежилово, Теово, Папрадиште, секако и самото село Чашка, кои се зависни од тој превоз (автобуски нема), да имаат уште помизерни услови и уште толку да нагазат на масовно иселување (во Велес, Скопје, странство). Сите тие запалени пруги, срушени мостови, непоправени локомотиви придонесува до немање редовни линии, односно до немање линии воопшто.