Локални избори 2025: Кандидати за Град Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Иден градоначалник на Скопје?

  • Орце Ѓорѓиевски (коалиција Твоја Македонија: ВМРО ДПМНЕ, СПМ, ДПСМ, ДС, СНСМ, БНП, ДСР, ПОДЕМ и др.)

  • Амар Мециновиќ (Левица)

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Ne mi e jasno kako moze nekoj seuste da gi poddrzuva dpmne i posle se pak da ja dobijat doverbata na glasacite?Nikako ne mi vleguva vo glava deka posle tolku lagi,manipulacii,zadolzuvanja,kradenje,arogancija...,pa pobogu treba da si kako niv da go opravdas toa da imas nekoja sociopatska crta normalni lugje ima vo ovaa drzava?

време е на Бувљак да се инсталираат клозети и тезги како што вика Каја.
 
Каков егоманијак е овој Мицко дури ни за локалниве на билборд не ги оставил сами градоначалнициве, се наличил и он до нив :facepalm: сега дури верувам на причите дека додека бил секретар во Дпмне оние што иделе да ургираат ги терал да го викаат војводо
 
Се јави младава Луна со видео на инстаграм и на фб дека добила навреди на лична основа ради нејзината убавина и вмешаност во политика ..

Кажа дека имала просек 9.8 на правен и хејтерите ги нарече недоквакани неандерталци хаха ..

Иначе како што видов оваа е 37 место на листа за советник и скоро нема никакви шанси да влезе во советот на град Скопје ..
ВМРО, според нивните проценки, би имале околу 17 до 20 советници на Град Скопје.
 
Орце од ден во ден покажува дека не знае да води кампања. Наместо да зголемува рејтинг, како тече кампањата он намалува со рејтингот, во ситуација у која Сдс се безгласна буква, а Левица има дури 0 денари за маркетинг. Однсано нема опозиција да му го бута рејтингот.
Уште еден анти телент за политика во таа партија.

Пишав и вчера, ако левица влезе во втор круг имаат пат до победа со Амар.
Искрено се надевам ќе успеат да извадат повеќе од сдс и во втор круг да почнеме со математиките за победа.
4 год со драчеецот тешко ќе се издржат.
 
Кај следите рејтинг?
Прееска кај Буњаковец од Знам имаа штанд.
Тв палење до избори јок.
Од фрижидер уште што не искачаат.
 
Читам денес дека Орце Ѓ. во својот дел од програмата има план за некој модерен монтажен паркинг на Матка:eek:

Како ли замислува таму да чепне нешто, кога со години таму неколкумина шипци го злоупотребуваат езерото, го загадуваат возејќи со нивните бродчиња стотици туристи секој ден.
Дневна заработка им била минимум 5000 евра на ден....а не плаќаат ниту данок, нема фискални и што е најстрашно, никој не смее ништо да им каже, а ваму ке затворат некое дуќанче мало што не издал фискална сметка.
 
Орце од ден во ден покажува дека не знае да води кампања. Наместо да зголемува рејтинг, како тече кампањата он намалува со рејтингот, во ситуација у која Сдс се безгласна буква, а Левица има дури 0 денари за маркетинг. Однсано нема опозиција да му го бута рејтингот.
Уште еден анти телент за политика во таа партија.

Пишав и вчера, ако левица влезе во втор круг имаат пат до победа со Амар.
Искрено се надевам ќе успеат да извадат повеќе од сдс и во втор круг да почнеме со математиките за победа.
4 год со драчеецот тешко ќе се издржат.
Влегува како победник и пука со ароганција
 
Читам денес дека Орце Ѓ. во својот дел од програмата има план за некој модерен монтажен паркинг на Матка:eek:

Како ли замислува таму да чепне нешто, кога со години таму неколкумина шипци го злоупотребуваат езерото, го загадуваат возејќи со нивните бродчиња стотици туристи секој ден.
Дневна заработка им била минимум 5000 евра на ден....а не плаќаат ниту данок, нема фискални и што е најстрашно, никој не смее ништо да им каже, а ваму ке затворат некое дуќанче мало што не издал фискална сметка.
зошто да не чепне ?
 
зошто да не чепне ?
Пред неколку години се пукаше таму, ако паметиш станува збор за диво изградените платформи на езерото.
Никој нема мадиња да ги сруши и дивите изградени кафулиња...нашиве се прават глуви и слепи додека шипците заработуваат огромни пари.
 
Никој нема поголеми мадина од држава, све има почеток и крај, 5-6 бандити се најмал проблем, тоа што некој претходно се правел глув и слеп не значи дека некој друг не може да се опули. Истиве коментари ги лупавте и предходно кога не ви се вервеше дека Али нема да биде дел од новата власт, па го попуши, така и овие 5-6 бандити ќе го попушат како што го попушија тие од Грчец и слични.
 
Останува да чекаме, да видиме, што да кажам.
 
Малку позитива, кренете глава високо, нека изгрее ново сонце над МКД, доста со дефетизам, преку курац од депресија, змете чашка ракија и опуштете се.
 
Кога последен пат си бил на Матка?
Таму е рудник за пари, а никој ништо не и плаќа на државата.
Со години се превезуваат туристи на прошетка по езерото, а никој не дал дозвола, не ја проверил сигурноста на тие чамци во кои влагаат повеќе луѓе отколку што треба(ако се преврти некој чамец после цацко ке ни биде крив)....
Се обидувам да бидам позитивна, но не помага чашка ракија и литро да испијам, исти курац
 
никогаш не сум бил Матка, немам намера ни да одам, ама ако никој не плаќал ништо до сега, сега е време да почне да плаќа, ама ти со ваков мајнд сет му даваш кураж на властите да не потегнат чекор да го решат проблемот, наместо да викаш никој не може да чепне и слично, ќе се напијаш една ракија и ќе вршиш притисок врз некој Орце да почне да го чепка тоа што не се чепнало до сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom