Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Како само беа потребни трите бода денес, со оглед на останатите резултати, ќе се фатеше приклучок. Јбг, телиња од еден до последен.
 
Добро која е логиката да купиш голман 20 и кусур милиона, а да ти грее клупа?
Зошто ако турчинот ти е во план за прв голман мораше Онана на позајмица, а да се купува друг голман?
 
На играч му се даваат 2 години да покаже што знае.
Ако не проработи, се продава.

На тренер му се даваат 2-3 години да го води тимот.
Во сите трансфер периоди треба да е поддржан со играчи кои му одговараат на стилот на игра.
Ако нема напредок, му се раскинува договорот.

Така да, Аморим со нас треба да биде до лето 2027.

Ако од управата се нестрпливи и постапат поинаку, голема е веројатноста пак да ни' се повторуваат работите од Мојс навака.

Инстант успех е само залажување.
Бизнис / фудбалски клуб се гради на долги патеки.
Кога клубот е во транзиција од 2013 - 2025 не верувам дека се даваат 5 години на некој да ја докаже својата фудбалска стручност, не поготово на тренер како Аморим кој верувам дека со неговата стручност може да не одвлече и до трета лига.
Се кладам дека Аморим и неговиот тим воопшто не прават никакви анализи на противникот, со какви играчи располагаат, која тактика ја имаат итн, а тоа се покажа со денешниот избор на играчи. Пример го ставаш Мегваја slow-mo играч кој од што е спор не знае да постави офсајд замка на топка која патува од голман до голман пошто се движи со 2 на саат против играч кој трча 100 метри за 10 секунди.
Мене ми остава впечаток како нашиов стратег да си игра фифа на плејстејшн, каде бира фиксни играчи и игра на карта "дај што даш" дали е Вардар или Реал Мадрид, ние сме цело време со иста стратегија и исти играчи ... се е исто.
Човеков има 7 победи во 33 натпревари каде изгуби и финале ЛЕ (поради неговата тврдоглавост) и испадна од 3-то лигаш во рандом англиски куп (поради тотално незнаење). Типов не е тој кој ќе го врати клубот во некаква нормала, едноставно нема појма што прави.
 
Последно уредено:
Како само беа потребни трите бода денес, со оглед на останатите резултати, ќе се фатеше приклучок. Јбг, телиња од еден до последен.
За што да не очекуваше дека ќе се бориме за лига на шампиони оваа сезона?
Сите збориме дека максимум на овој тим е 8мо место.
Автоматски споено мислење:

Добро која е логиката да купиш голман 20 и кусур милиона, а да ти грее клупа?
Зошто ако турчинот ти е во план за прв голман мораше Онана на позајмица, а да се купува друг голман?
Да бе кутни го у оган нека изгори, нема врска што у лигата што играше е вукојебина.
 
Кога клубот е во транзиција од 2013 - 2025 не верувам дека се даваат 5 години на некој да ја докаже својата фудбалска стручност, не поготово на тренер како Аморим кој верувам дека со неговата стручност може да не одвлече и до трета лига.
Се кладам дека Аморим и неговиот тим воопшто не прават никакви анализи на противникот, со какви играчи располагаат која тактика ја имаат итн, а тоа се покажа со денешниот избор на играчи. Пример го ставаш Мегваја slow-mo играч кој од што е спор не знае да пшостави офсајд замка на топка копја патува од голман до голман. Мене ми остава впечаток како типов да си игра фифа на плејстејшн бира фиксни играчи и дај што даш дали е Вардар или Реал Мадрид цело време иста стратегија исти играчи ... се е исто.
Леверкузен го избрка Тен Хаг по само две кола. Какви 3 години, се гледа уште од старт дали работите ќе се движат во позитивна или негативна насока.
Особено не на тренер кој има само една добра сезона со Спортинг, да се надеваш дека ќе биде следниот Фергусон.
Реално тимот има сеуште флопови како Шо, Далот, Угарте, Доргу но и доволно добри и искусни играчи за борба за излез во Европа.
Не може да се каже дека, Бруно, Мбуемо, Куња, Шешко, Амад, Јоро, Маино, Де Лихт, не се квалитетни за да се избори излез во Европа.
Тен Хаг и Солскер со далеку послаби играчи успеаја во тоа. Не дека се квалитетни тренери за Јунајтед, туку сакам да направам споредба колку е лош Аморим.
Од друга страна дојдоа можеби најдобрите спортски директори во тимот и пак работата е не знаеме каде тераме.
Еве ја глупоста со голманите што ја пишав.
Го имаш Карерас во академија, го даваш за џабе во Бенфика каде експлодира. Имаш можност да го вратиш за 20 милиона, а го купуваш во моментот најнеинтелегентниот бек во Европа.
Стварно не можам да сватам како клубот дозволи да направи толку многу круцијални грешки.
 
Борба на титаните, Мегваја и Бајиндир се борат за кој прв до топката :
555719400_1243756791125200_3126635625681729539_n.jpg
 
За што да не очекуваше дека ќе се бориме за лига на шампиони оваа сезона?
Сите збориме дека максимум на овој тим е 8мо место.
Автоматски споено мислење:

Да бе кутни го у оган нека изгори, нема врска што у лигата што играше е вукојебина.
Зошто тогаш не го купија Донарума?
Нели треба да се приоритет играчи кои брзо би се прилагодиле на тимот, а не да чекаме до 2030 да се адаптира?
 
Финансиски причини, клубот сакаше да се ослободи од котлето. Плус детето е доведено како замена не како прв голман, да одеа на прв голман ќе го доведоа Мартинез.
 
За замена можеше да се користи и Онана. Да беше продаден ќе ти држеше тезата, вака на позајмица тешко. За тие пари можеа да го земат Мартинез, докажан голман, искусен, светски првак. Па наредната година продај еден од турчинот и Онана па купувај замена. Вака кога на гол подобро бандера да поставиш отколку овие двајца стварно нема логика.
 
На играч му се даваат 2 години да покаже што знае.
Ако не проработи, се продава.

На тренер му се даваат 2-3 години да го води тимот.
Во сите трансфер периоди треба да е поддржан со играчи кои му одговараат на стилот на игра.
Ако нема напредок, му се раскинува договорот.

Така да, Аморим со нас треба да биде до лето 2027.

Ако од управата се нестрпливи и постапат поинаку, голема е веројатноста пак да ни' се повторуваат работите од Мојс навака.

Инстант успех е само залажување.
Бизнис / фудбалски клуб се гради на долги патеки.
Абе човек ама не и по цена да испаднеме од лига
 
За замена можеше да се користи и Онана. Да беше продаден ќе ти држеше тезата, вака на позајмица тешко. За тие пари можеа да го земат Мартинез, докажан голман, искусен, светски првак. Па наредната година продај еден од турчинот и Онана па купувај замена. Вака кога на гол подобро бандера да поставиш отколку овие двајца стварно нема логика.
Царе шо се караш со мене тоа е одлука на управата, исто и одлуката да не донесат везњак а да донесат две 10ки.
Иначе средината е поголем проблем од одбраната и од голманот, ако имаме средина може да се извлечеме на вакви натпревари како денес.
ПС се плачеше по Мејно како не смее да се дозволи таков играч да си оди, еве го кога и да влезе ништо не прави топките ги враќа назад и бочно. А за плата му зинало дупето нека покаже нешто за да му се покачи платата.
 
Меино игра едно полувреме на секои 5 натпревари, што очекуваш ? Да брилира и да има Роналдо / Меси имапкт ? Ајде малце пореално со работиве.
 
Што направи и во со таа минутажа што ја доби?
Моментално не ја оправда ни таа плата што ја зима, нека докаже на терен колку вреди наместо да не се сељачи за плата и загарантирано место.
И Каземиро го изгуби старното место па сега кога во тимот е прва опција, Меино наместо да покаже жар за игра кога ќе влезе делува незаинтересирано и игра ко да е на тренинг.
 
Денеска изигра 100 пати подобро од Бруно .. ако не можеше да придонесе бар ништо не усра за разлика од незаменливиот. Плус го замени Угарте (наместо Бруно) што според мене е катастрофална грешка, ако ништо друго бар друг ќе го изведеше пеналот ... вака остана на мисот за изведување пенали:
Screenshot 2025-09-27 194633.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom