Прво е смешно што ги стигна и нив истото, меѓутоа, јас не видов некој да бара да биде избркан од работа или да му се дешаваат лоши работи, само сите беа згрозени од видеата што ги снимаа и коментарите што ги пишуваа после убиството на Чарли, каде што буквално рипаа од среќа и посакуваа истото да им се случи и на неговата жена и деца.
Второ, компаниите само функционираат по принципот кој они го наметнаа, а тоа е да не се почитува слободата на говор за вакви осетливи теми, па на крајот испадна дека со свој камен по глава се акнаа.
Трето, коментарите од десничарите повеќе се однесуваа кон нивното однесување, и како што кажав беа згрозени од тоа што се радуваа на неговата смрт, па само алудираа дека левичарите само си го покажаа вистинското лице во оваа ситуација.