Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Не лажам јас. Дечкото е приведен и земен му е пасош, т.е. крив е. После направен увид секако.

Ви сметаат партиски ботови на другите партии, ама кога вие сте партиски ботови тоа не ви смета?
И после неколку поста не си ја укапира лагата, значи имаш слика од сообраќајката, ја виде, и потоа го стави линков


На линков, и на сликата од сообраќајката, се две различни возила, односно, ти едноставно си излажа, толку е муабетот, а кога некој вака очигледно лаже и спинува, тоа во глобала е баш одлика на партиски бот, така да батали го тој муабет, зашто ти испаѓаш тоа, не оној кој ти укажува на очигледната провидна лага..

Никој ништо не рече за сообраќајката, дај боже децата да се добро, он ако погрешил, треба да биде санкциониран, но исто и децата односно нивните родители, зашто тоа дете имало 16 години, нит смеело да вози мотор нит ништо, и тоа после 12 навечер, а да не се праиме наудрени и да идеме со тврдењата дека вакви профили на деца, разјарени и пуштени од ланец, дека почитуваат правила у сообраќај, едно такво, исто без дозвола, ја уби Фросина на Партизанска. Богзнае и тој колку возел во дадениов случај а технички, не ни смеело да биде дел од сообраќајот, бар не со моторно возило.
 
Имав слична случка 2015-та. Вклучувајки се од споредна уличка, ме удри дечко со мотор, за кој немаше сообраќајна, немаше возачка за А, немаше кацига, и не му работеше предното светло. Да биде работата полоша, моторот црн, дечкото во црно облечен, никакво светло на уличката.

Според сите закони, испаѓаше дека јас сум крив, зашто на мојата уличка има знак СТОП, и се сметаше дека не сум му пуштил предност, а тој се движи по главна улица, каде има првенство на минување. Ова е многу лошо, зошто навечер, на неосветлени улички, секој се води по тоа дали гледа дека идат светла од една или од друга страна, пред да се вклучиш на главата улица.

Се спасив на техникалија, дечкото сам потпиша дека е виновен, заради технички неисправниот мотор. Десетина минути откако го потпиша записникот, стигнаа татко му и брат му, и почнаа да ми се закануваат, демек сум го убил на место, веројатно за да бараат отштета.

По законите, пратеников ке испадне крив 100%, ама олеснителна околност ке биде тоа што моторот немал светла(Ако ова е точно), и практично тешко можел да ги види.
 
Последно уредено:
И после неколку поста не си ја укапира лагата, значи имаш слика од сообраќајката, ја виде, и потоа го стави линков


На линков, и на сликата од сообраќајката, се две различни возила, односно, ти едноставно си излажа, толку е муабетот, а кога некој вака очигледно лаже и спинува, тоа во глобала е баш одлика на партиски бот, така да батали го тој муабет, зашто ти испаѓаш тоа, не оној кој ти укажува на очигледната провидна лага..

Никој ништо не рече за сообраќајката, дај боже децата да се добро, он ако погрешил, треба да биде санкциониран, но исто и децата односно нивните родители, зашто тоа дете имало 16 години, нит смеело да вози мотор нит ништо, и тоа после 12 навечер, а да не се праиме наудрени и да идеме со тврдењата дека вакви профили на деца, разјарени и пуштени од ланец, дека почитуваат правила у сообраќај. Богзнае и тој колку возел во дадениов случај а технички, не ни смеело да биде дел од сообраќајот, бар не со моторно возило.
Точно е тоа дека ставив линк од возилото, а ако видеше на мојот линк од Република немаше слика од кој модел на Тусон станува збор. Не знаев. После се корегирав и што? Ја менува поентата дека незаконски пресекол пат и поради тоа две деца се у тешка состојба? Тој им пресекол пат на нив, не тие на него. И сопатник му бил лице организатор на Кој е следен кој наводно многу е загрижен за сообраќајот и жртвите во МКД. Што не го спречил во намерата? Само ти ја кажувам лицемерноста и алчноста на партиите и ликовите во нив.

Едната одговорност не ја исклучува другата. МВР и ЈО нека си ги приведат родителите на децата ако возеле незаконски (јас мислам дека на 16 години можеш да возиш скутер).
 
Се утепаа бранење на прекршок со потенцијално смртни последици, да беше некој од влада еден месец ќе го отечеа и скутерџијата маченик ќе го прогласеа.
Како не ја бранеше девојката што ја зафатија кај Универзална вака? Туку допираше дно и велеше дека она е крива оти не видела лево десно.
А тука рипаш на страна на малолетници кој возеле мотор.


Изгледа твоите дома не ти даваат доволно јадење па ги сркаш и гомнава што ти ги сервираат.
 
Последно уредено:
Овоа па Рон, дно буши. На секоја вест се истрчува и после се извинува. Не го заборавај случајот од Кочани и што глупости истресе тогаш. Почекај да кажат кој е виновен па пишувај и ставај го твоето глупо смајли :kafence: .
Ти секако седиш у детска со печеница и несквик пред компјутер де.
 
Прав е Рон. Ако беше некој од вемерео и доживотни патни трошоци на кандидатот ќе му платеа.
 
а децава настрадале затоа што овој им пресекол пат НЕЗАКОНСКИ. Си има бележник од полиција и ЈО. Остај ти соопштенија на Левица.

Кој им дозволил да возат мотори? На 16 години можеш да возиш мотор ако ме држи паметот. Ако не грешам.
Se prashuvam kako mozhi da m go presekol patt koga se gkeda deka cela dolzhuna od kolata e vejce vlezena vo ulicata. Znaci sekoj normalen so malo skrshnuvanje na levo ( dokolku mu go resekol psrot a toj vozel so 50km) bi pominal bez nikakvi posledivi.
A i od tragite na kocnicite ( nema takvi) se gleda kolku brz bil peatenikot.

Se mi se cini deka se raboti za nekoj so debeli prijateli i sakaat da go namestat pratenikov.
 
Овоа па Рон, дно буши. На секоја вест се истрчува и после се извинува. Не го заборавај случајот од Кочани и што глупости истресе тогаш. Почекај да кажат кој е виновен па пишувај и ставај го твоето глупо смајли :kafence: .
Ти секако седиш у детска со печеница и несквик пред компјутер де.

вака ли ќе ги вратите децата во државата? со газење и неодговарање? Што ве прави тогаш поарни од претходниците? :kafence:
 
Ау ти сериозно имаш проблеми. Само да не се извинуваш после, како со Андреј. Толку глупости имаш изнапишано што мислам дека пишуваш од некоја установа а не од детската.
 
Ау ти сериозно имаш проблеми. Само да не се извинуваш после, како со Андреј. Толку глупости имаш изнапишано што мислам дека пишуваш од некоја установа а не од детската.

дај бе не замарај, оди таму играј игрици. Јас до сега кантерче вртев, гледам нотификации ме замарате со глупости.
 
Едната одговорност не ја исклучува другата. МВР и ЈО нека си ги приведат родителите на децата ако возеле незаконски (јас мислам дека на 16 години можеш да возиш скутер).
Одговорноста ќе се утврди, се надевам ќе има и реконструкција.
Па по истата оној што е виновен ќе биде и санкциониран

Инаку во право си што мислиш само:
-кога ќе вози тоа мора да го прави ноќе после 22 часот или уште подобро од 24:00 до 05:00 ч;
-обавезно да вози со исклучени светла;
-да не носи кацига;
-да нема возачка
- и скутерот да биде од најмалку 500цм3
ете само ако ги исполнува тие услови малолетникот може да се возика со моторче.

Добро забележа некој, случајот се политизира и се користи за политичка дискредитација и пресметка со Лефица.
При што не мислам на форумциве ами на слободните и независни медиуми.
Ама тоа е демократија ако имаш пари сакаш да имаш уште повеќе и си многу ценет член на општеството.
 
Левица се стварно наивни ако мислат дека вмро нема да го искористи овој инцидент и да ги ангажира максимално сите институции за да направи дека пратеникот возел 200 и прегазил малолетно дете на пешачка патека.

Така функционира политиката, нема милост и не е за слабаци.
Има неколку функционери на Левица кои изминативе неколку години го изедоа поради таа наивност. Млади се и неискусни, а партиите кои најдолго опстојуваат на политичката сцена во Мк нема да им простуваат вакви пенали.
 
Овие што главни скокаат да ги бранат интересите на Дпмне и пробуваат преку секоја вест да добијат поен за нивната партија, се надевам само се луѓе над 40+ години и имаат интерес од партијата во форма на вработување или барем ветување за вработување, бидејќи во спротивно живеат во тотална заблуда и крајно време е да стават прст на чело.

Прво ги праќаат нивните куртон медиуми да објават вест: “бесно, со шкрипење и огромна брзина“ + “полицијата испитува колку промили алкохол имал во крвта“.

Потоа обвинителство ги демантира дека човекот не возел над дозволеното и дека ниеден од возачите немал алкохол во крвта. Не се ни замараат да си ги бришат објавите барем, туку после неколку саати како бекап план излагаат на прес и бараат оставка на пратеникот од МОРАЛНИ причини, пази истите тие луѓе што ни за Кочани не си поднесоа оставка и беа на став “ништо нема да се реши со тоа Тошковски ако даде оставка, он сега ќе ги гони сите и апси и од Вмро и од Сдс“, видовме да.

Само до кога ќе одиме на тактиката со дефокусирање, околу поништување Преспански и враќање на името штама, околу слобода за луѓето од 27ми април штама, гласање против законот за бранителите само да има мир во куќи со Вреди, протестот за Кочани од Сорос беше, протестот во Аеродром за горење на депонијата бил од поранешен вработен во општина од време на Сдс, се е топ, нема причина за протест и незадоволство, само странски служби работат против перфектната власт.

Се надевам дека ќе има што помалку луѓе што лебот на маса ќе им зависи од вработувањето од партијата и што ќе можат да имаат опција да свртат грбот на ова лицемерие од партија, исто гомно како и претходниците нивни.
 
Се надевам дека ќе има што помалку луѓе што лебот на маса ќе им зависи од вработувањето од партијата и што ќе можат да имаат опција да свртат грбот на ова лицемерие од партија, исто гомно како и претходниците нивни.
Ќе има, за 25/30 години од сега. Ако останаме држава до тогаш, ќе нема веќе кого да лажат. Новите генерации, модерниве да ги кажам, со нас и „младите“ од 25 до 40, не сме исти ментален склоп како 55+.
Ние растевме со примери од нивно и наше време, а новиве растат само со интернет екпсанзија и модерна технологија.

Додека не се направи комплетен рестарт на цела една генерација, нема да видиме промени и ќе имаш по 250К од едната, 150К од другата страна, слепи овци, кои што и да се случи, они заокружуваат како што им кажале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom